Се приклучив на форумов од очај бидејќи не знам што да правам и се надевам некој ќе може да ми помогне. Некој од фејк профил на ФБ испраќа експлицитни видеа и слики од сестра ми на нејзиниот дечко и таа не знае од кого се. Се случи еднаш лани и сега пак. Дали некој има искуство со пријавување на ваква работа во полиција? Дали има некаква шанса да се дознае кој е?
Ќе мора да пријавите, тие можат да дознаат веднаш. Делото е казниво и против законско. Нека не чекаат воопшто за пријавување
Дали може е некој на кој таа пратила слики и видеа? Така може да претпостави кој стои зад тоа. Не знам како стигнала таа личност до тие слики и видеа но да без дозвола не смее да се објавуваат. Најдобро е да пријави.
Некој ја снимал/сликал без нејзина дозвола или лично нејзини слики се препраќани? Ако се слики направени од сестра ти мора да знае на кого ги пратила па од тука е многу полесно да се дознае кој стои зад фејк профилот. Во секој случај треба да пријавите.
Има одделение за сајбер криминал во МВР, пријавете. Сепак се работи за незаконско споделување на интимни фотографии. Ќе трагаат по IP адресата. А можете и да го пријавите профилот од повеќе места, за да го избришат, што не е решение, со оглед дека личноста може и нов профил да направи. А дали сестра ти праќала свои фотографии некому или пак е снимана без нејзина дозвола. Ако праќала, тогаш сигурно знае кој е, ако е без дозвола е веќе тежок криминал, што треба да се пријави. Особено ако е малолетна.
Овој случај треба да се пријави во дирекција за заштита на лични податоци. Не е ова сајбер криминал. Ова е неовластено поседување на лични фотографии и нивно објавување. Исто така треба да се пријави и креирање на лажен профил. Тие ќе си поведат кривична пријави. Повеќе информации можеш да добиеш на нивната страна www.dzlp.mk
Извинете вака што се убацувам, а што може да се направи ако некој ви го нашол бројот на оглас и ве вознемирува со месеци со скриен или откриен број и ви зборува грозни вулгарни работи упорно ве вознемирува? И дали ќе добие воопшто некоја казна доколку се пријави? Имам снимени разговори.
Блокиран е, врти од други броеви и од скриен. Прашањето ми е дали ќе има некакви последици врз него дали ќе добие некаква казна или забрана да малтретира или џабе ќе го пријавам
Пријави го и по службена должност полицијата ќе го повика. Ова е еден вид на насилство, каде те вознемирува, понижува по телефон
Штом го имаш бројот од тој што те вознемирува, многу лесно можеш да дознаеш кој е и да го пријавиш во полиција.
Секој број е регистриран на име и презиме. Пријави го, само јас и би снимила дел од разговорите да имам како доказ
следен пат кога те бара кажи му дека се снима, да не заглавиш за неовластено снимање покрај тоа што те малтретира. А за пријавување, обавезно пријави го. Ама обавезно.
Пријавете во МВР, може да се хакне профилот и преку IP адреса да се дознае кој е позади тоа. @LovelyGirl3 што напраи? Пријави? не кравај веќе на непознати. Ја никад не кревам освен ако знам дека некој што нема кредит треба да ми ѕвони за брзо. Ако е некој што го знам ќе ми пише порака за да му ѕвонам. Мене еднаш еден од скриен ми збореше како сум била преубава како морало да ме види, и утредента да сме искочеле.И му реков ,,океј” и не ми ѕвонеше. не ни мислев да искочам, ако некој сака нешто да ми каже нема бројот да си го крие ко п***а некоја
Да, тоа да не креваш на број што не го знаеш е супер решение ако си средношколец, ама ако работиш и на ден 50 пати ти звони телефонот, не е баш изводливо.