Испраќање експлицитни фотографии и видеа без дозвола

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од wateronmyskin, 27 ноември 2020.

  1. wateronmyskin

    wateronmyskin Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Се приклучив на форумов од очај бидејќи не знам што да правам и се надевам некој ќе може да ми помогне.
    Некој од фејк профил на ФБ испраќа експлицитни видеа и слики од сестра ми на нејзиниот дечко и таа не знае од кого се. Се случи еднаш лани и сега пак.
    Дали некој има искуство со пријавување на ваква работа во полиција? Дали има некаква шанса да се дознае кој е?
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    10.588
    Пол:
    Женски
    Ќе мора да пријавите, тие можат да дознаат веднаш. Делото е казниво и против законско. Нека не чекаат воопшто за пријавување
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    30.720
    Пол:
    Женски
    Дали може е некој на кој таа пратила слики и видеа? Така може да претпостави кој стои зад тоа. Не знам како стигнала таа личност до тие слики и видеа но да без дозвола не смее да се објавуваат.
    Најдобро е да пријави.
     
    На Minnka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    16.439
    Пол:
    Женски
    Некој ја снимал/сликал без нејзина дозвола или лично нејзини слики се препраќани?
    Ако се слики направени од сестра ти мора да знае на кого ги пратила па од тука е многу полесно да се дознае кој стои зад фејк профилот. Во секој случај треба да пријавите.
     
    На Роберт 7, edna_malecka, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    15.393
    Има одделение за сајбер криминал во МВР, пријавете. Сепак се работи за незаконско споделување на интимни фотографии. Ќе трагаат по IP адресата. А можете и да го пријавите профилот од повеќе места, за да го избришат, што не е решение, со оглед дека личноста може и нов профил да направи.
    А дали сестра ти праќала свои фотографии некому или пак е снимана без нејзина дозвола. Ако праќала, тогаш сигурно знае кој е, ако е без дозвола е веќе тежок криминал, што треба да се пријави. Особено ако е малолетна.
     
    На Herrera, Роберт 7 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Машки
    Пријавете во полиција. МВР си има посебено компјутерско-информатичко одделение.
     
  7. joyful

    joyful Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Овој случај треба да се пријави во дирекција за заштита на лични податоци. Не е ова сајбер криминал. Ова е неовластено поседување на лични фотографии и нивно објавување. Исто така треба да се пријави и креирање на лажен профил. Тие ќе си поведат кривична пријави.
    Повеќе информации можеш да добиеш на нивната страна www.dzlp.mk
     
    На Роберт 7 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    8.505
    Пол:
    Женски
    Извинете вака што се убацувам, а што може да се направи ако некој ви го нашол бројот на оглас и ве вознемирува со месеци со скриен или откриен број и ви зборува грозни вулгарни работи упорно ве вознемирува? И дали ќе добие воопшто некоја казна доколку се пријави? Имам снимени разговори.
     
    На Роберт 7 и Abracadaver им се допаѓа ова.
  9. Star_dust

    Star_dust Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Блокирај му го бројот и решена работа.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joyful

    joyful Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Пријави го во полиција за вознемирување.
     
    На Роберт 7, LovelyGirl3 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    8.505
    Пол:
    Женски
    Блокиран е, врти од други броеви и од скриен.
    Прашањето ми е дали ќе има некакви последици врз него дали ќе добие некаква казна или забрана да малтретира или џабе ќе го пријавам
     
  12. Star_dust

    Star_dust Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Ептен упорен човекот...
    Пријави во полиција, ако се расположени ќе ти помогнат.
     
    На Роберт 7, cresa-jagoda и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  13. joyful

    joyful Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Пријави го и по службена должност полицијата ќе го повика. Ова е еден вид на насилство, каде те вознемирува, понижува по телефон
     
    На cresa-jagoda и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  14. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.255
    Пол:
    Женски
    Штом го имаш бројот од тој што те вознемирува, многу лесно можеш да дознаеш кој е и да го пријавиш во полиција.
     
    На cresa-jagoda и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    10.588
    Пол:
    Женски
    Секој број е регистриран на име и презиме. Пријави го, само јас и би снимила дел од разговорите да имам како доказ
     
    На cresa-jagoda и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  16. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    8.505
    Пол:
    Женски
    Снимени се.
    Фала ви на сите, утре ќе го пријавам.
     
    На cresa-jagoda, joyful и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    10.790
    Допаѓања:
    55.475
    следен пат кога те бара кажи му дека се снима, да не заглавиш за неовластено снимање покрај тоа што те малтретира.
    А за пријавување, обавезно пријави го.
    Ама обавезно.
     
    На Avery, thelittle17, LovelyGirl3 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    19.622
    Пол:
    Женски
    Пријавете во МВР, може да се хакне профилот и преку IP адреса да се дознае кој е позади тоа.
    @LovelyGirl3 што напраи?
    Пријави? не кравај веќе на непознати.
    Ја никад не кревам освен ако знам дека некој што нема кредит треба да ми ѕвони за брзо.
    Ако е некој што го знам ќе ми пише порака за да му ѕвонам.
    Мене еднаш еден од скриен ми збореше како сум била преубава како морало да ме види, и утредента да сме искочеле.И му реков ,,океј” и не ми ѕвонеше.
    не ни мислев да искочам, ако некој сака нешто да ми каже нема бројот да си го крие ко п***а некоја
     
  19. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    8.505
    Пол:
    Женски
    Имам роднина во полиција, му го дадов бројот, рече ќе види што може да направи.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    12.899
    Пол:
    Женски
    Да, тоа да не креваш на број што не го знаеш е супер решение ако си средношколец, ама ако работиш и на ден 50 пати ти звони телефонот, не е баш изводливо.
     
    На jarec6, lovestoneddd, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.