1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испраќање на мислењата во соодветни теми

Дискусија во 'За форумот' започната од Lilit, 4 март 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.047
    А админки,темава за што е одвоена,за бојно поле?!
    Јас не отворив ваква тема и не сакам да се користи моето мислење како почеток на ваква тема,особено затоа што има содржина која предизвика недоразбирања и сметам дека нема потреба од ваква тема.Мислам не разбирам зошто би постоела кога впрочем вие сте тука за да го средите тој проблем со мислењата и темите...
     
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Значи Тањичка вака...со ова објаснувам на сите членови кои културно и со право ме прозваа за моето ЗА за бришење на темата на која стално висев :lol: баш и затоа беше моето за....затоа што сите , а лично јас се фаќав дека влагам и си дремам таму на темата муабетчиња фрчат...убаво ни е забавно...и оп ќе се исклучам нити сум посетила некоја тема, нити сум оставила коментар...па ни не гледам дека се отвараат нови теми....ете затоа бев за затварање не дека имам нешто против муабетчињата, ама имав чувство дека освен таа тема, другиве трпат и си замираат и со тоа и форумот....баш затоа што и јас висев само таму и чат пат ќе зирнамн некоја друга тема набрзинка......тоа е причината а не дека ми смета, а и само кажав мислење не дека тврдам и незнам што правам за да се затвори темата...ако не ја затворат знам дека пак ќе пишувам на темата и ќе висам таму, ако ме примите :? и ништо друго од форумов :? јас се извинувам што така зазвучев, како предавник, но за сите кои културно ме прозвавте еве образложение....затоа што ми значи вашето мислење за мене, затоа и се потрудив да ви објаснам ;) :lol: работава...да се затвори затоа што е многу интересна и не дозволува да ги шетаме другите теми...барем кај мене...а приметив и уште неколку други порано секаде активни членки :lol: поздравче до сите :lol: :lol:
     
  3. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Создадовме нова тема за да можеме полесно да дадеме наше гледиште, а не да отвориме простор за расправии. Свесни сме дека форумот не е организиран како што треба, а веројатно ние (модераторите и администраторите) сносиме најголем дел од вината.

    Се обидуваме да го најдеме најдобриот начин за реагирање при непочитување на правилата. Многу често правиме компромиси со цел некој да не остане навреден. Сепак, ова е женски форум и сметавме дека мекиот пристап е правилниот. Но, за жал, нашите најпријателски обиди да укажеме на „грешките“ во голем дел од случаите не дадоа никаков резултат. Впрочем, се уште се испраќаат несредени мислења на латиница и се пишуваат off-topic мислења. Правилата постојат не заради нас, туку за да го направат форумот попријатен за вас - членовите.

    Е сега за темата „На два-три реда муабет...“ - навистина нè изненади фактот што една ваква мала работа доведе до расправии, дури и до навреди. Еве го нашето гледиште:

    Причини поради кои теми како „На два-три реда муабет...“ ТРЕБА да постојат:
    • на форумот треба да постојат места за социјализирање и дружење;
    • намалување на бројот на off-topic мислења во другите теми.
    Но, во случајот, темата ги донесе следните негативни ефекти:
    • апсорбира голем број на мислења што би требало да бидат испратени во други теми;
    • ги „окупира“ најгорните места во Актуелно на форумот, Активни теми и Нови мислења, со што ја намалува можноста за развивање на други теми.
    Сметаме дека вакви теми треба да постојат, но ги замолуваме членовите на форумот да ги испраќаат своите мислења во соодветните категории, а не само во „Два три реда муабет...“, „Сакам да кажам...“ итн. Во моментов, во овие All-in-one теми се дискутира и за свадби, диети, долна облека, љубовни проблеми и што уште не, а со тоа форумот се претвора во чат и се губи категоризацијата на содржината. Ако ваквата пракса продолжи, ќе бидеме приморани да ги заклучуваме таквите теми, иако не би сакале да се стигне дотаму.

    Lilit, се извинуваме што испадна дека вие сте ја отвориле темата. Ако тоа ви пречи, слободно пишете ми и ќе поставиме наше мислење како прво.

    Засега немаме намера да ставаме chat, а личните пораки стигнуваат моментално. Прочитајте тука:
    za-forumot/licni-poraki-t1096/

    Разгледуваме опција темите од категоријата „Форумски игри“ да не се појавуваат кај новите мислења. Исто така, планираме да воведеме промена со која бројот на испратени мислења на членовите нема да ги вклучува мислењата испратени во овие теми.
     
  4. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Почувствував потреба да пишам уште еднаш и еве ме.
    ПРВО :како што можете да забележите ПИШУВАМ КИРИЛИЦА ,со што покажувам воља за напредок и почитување на правила!!!!!!!!!!!!!!!!!
    ВТОРО:Воопшто не гледам каде и на кој начин некој бил навреден од моја страна???Секако ова можело да се случи ,па однапред се извинувам за сите несакано предизвикани чувства,меѓутоа не планирам да се извинувам на оние кои се нашле навредени од вистинитоста на моите зборови.
    ТРЕТО:Жал ми е што секогаш од мене се очекува да бидам слаткоречива и мила и никогаш да не употребам остар речник.
    Четврто:Сметам дека темата НА ДВА -ТРИ РЕДА МУАБЕТ треба да постои поради нејзината актуелност и посетеност,како и нескриеното нејзино допаѓање од останатите членови ,мои истомисленици.
    Благодарам за разбирањето.
    ПОЗДРАВ!
     
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    а одговор на моето прашање поставено погоре не добив....кога и не постои одговор всушност :roll: :Down:
     
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.240
    да не беше заклучена темата пофалби и критики ова ке стоеше таму, но затоа што е морам да искоментирам овде...
    Не несакам да разгорувам страсти па да се расправаме , туку најдобронамерно пишувам затоа што видов дека има нови членови за кои се надевам дека ке го прочитат ова....
    Ве молиме од името на сите членови доколку имате некаков проблем или прашање безразлика што го нема како конкретна тема да го пишете односно поставите во некоја слична или скоро иста тема ,НИЕ сите ке се потрудиме да ви го одговориме или ке ве упатиме каде да барате, значи одговор ке добиете..досега ниедено прашање не било оставено без одговор,и ниеден аларм за помош не бил изигнориран од наша страна...

    п.с девојки(се однесува на постојаните т.е стари членови ) се извинувам што пишав и во ваше име но пред два часа бев логирана и сега кога повторно отворив јас како постар член неможев да се снајдам од нови теми
    ви пракам бакнежи :* :* :* и се надевам дека не се лутите(ова се однесува на сите)
    и едно добредојде на новите
     
  7. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Не-знаев каде да пријавам па решив овде, на членкава како да пробил некој кондезатор во главата. :D
    profil/Miryam/
     
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.845

    Мислењето ти е пишано во 2010 , но и после 9 години сеуште не се почитува пишување во соодветни категории.

    Тоа е, бавно иде процесот на учење дека треба да се пишува во соодветна тема.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.