И мене ми пука во зима устата, меѓутоа не до тој степен крв да ми тече и да ми се лупи. Може онака само на краевите и ептен ми е црвена тој период, како кармин да имам ставано. Поради тоа во зима обавезно лабело користам, па макар само и до продавница да се симнам.
Јас имам глупа навика ја гризам устата па морам да ставам лабело а и кога имам лабело не ја гризам моментално имам од кам едни ги купив 3 пакувани заедно околу 130ден мислам беа убави се
Ставај Солеа крема на устата пред спиење, ставај лабело и ви требало за брзо време да ти се повлече Спојлер Jaс овој од орифлем го користам и презадоволна сум!
Да не знае некој дали испуканата уста може да е знак на нешто? На пример недостиг на некој витамин или нешто слично?
Некој ми спомна нешто такво мислам, и ми остана во главата Знам дека пука од ладно, ама мене често и на лето знае да ми пука Ама сега читам пукала и од преголема изложеност на сонце, па изгледа тука е логиката
Глицерин!!! Оди во аптека и побарај глицерин. Чини околу 60-70 ден . Ќе ти помогне 100000000% и не само за тоа туку и за омекнување на раце, подлактици,и слично. Повеќенамеснки е но важно е да е чист глицерин. јас go користам за усни , исто и за раце пред спиење ги мачкам со глицерин и ставам ракавици , а потоа сабајлето ми се како бебешки рачиња
За испукана уста прво и најважно е да пиеш многу вода..јас учам медицина и тоа е најважно-водата. Доколку не пиеш доволно вода, ни најскапото лабело нема да ти помогне.Затоа, што повеќе вода и витамин Ц што го има во лимон и портокал се надевам дека ти помогнав
Баш сакав да го пишам ова, во право си, треба повеќе и почесто да се пие вода за да не пука устата, барем тоа го знам по мене и не сум имала проблем до сега со ова а лабело е само плус за одржување на устата, но не и за целосно заштитување од овој проблем.
За зимно време се препорачува, по еден витамин Ц на ден, топли напитоци,многу течности и + редовно користенње на лабело (не 1 дневно да се мачка,туку на 2-3саати)
Ц- витамин како што имаат кажано погоре. Направете си сами сјај за усна: мед и капки од лимон. Помага.
Многу е добро! Вчера го купив, одма има ефект и ми се допаѓа тоа што и да не ставиш многу, ти создава убав заштитнички слој
Јас купив пред 2-3 недели исто такво алабело, само розово . Не сум многу задоволна Инаку ги има во СП маркетите 95 денари се. Ама не е се до парите
Јас имав многу големи проблеми со испукана уста и почнав да го користам ова, многу ми помогна! ( Го има во аптеки )
Ама ова е Hydro care, баш тоа помага за да не испука посебно на ладново или пак да ја оправи работата ако веќе испукала Кога е испукана е сува всушност и и треба хидратација, па затоа ова лабело помага многу, не знам за розевото ама сигурно не е со ист ефект