Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испукана уста

Дискусија во 'Лице' започната од Mireto, 19 ноември 2009.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Гроздова маст многу помага за испукана уста
     
  2. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Најдобро решение за испукана уста е мед ;) Подебел слој кога спиете а предноста е што и преку ден може идеално да го замени сјајот за уста само во потенок слој да се става и сите задоволни :)
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Чувајте си некоја обична четка за заби,специјално за оваа намена и не ја користете за ништо друго.Со благо триење (со или без сода бикарбона) го тргате мртвиот слој на клетки,а после тоа ставете мед или некој добар балзам.И нормално во слободно време не ја гризајте и лижете устата,особено кога има ветер,пошто така никогаш нема да ја оправите.
     
  4. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Балсамот за усни, кармините со заштитни фактори се од голема помош, а ние треба да го избегнуваме честиот престој на ветровито време. Деновите заладуваат, а промената од топло кон ладно време може навистина да влијае на нашата кожа. Покрај ладното време, причини за испукани усни може да биде стресот, недостатокот на витамини, како и високата температура. Се што треба ние да направиме е да им посветиме 5 минути. :)
    Не заборавајте дека треба да престанете да ја лижете устата додека дува ветер. Наместо да ги лижете, нанесете балсам, тој подолго време ќе ги заштитува усните од суровото време.
    За да имате меки и затегнати усни, секојдневно масирајте ги со четката за заби, додека ги миете забите. По масажата, нанесете масло за усни. За поголеми резултатите, бадемовото масло е одлично за по масажата. ;)
    Негувани, полни и заводливи усни се сон на секоја жена. Доколку им посветувате доволно внимание и соодветна нега, усните можат да ви бидат еден од најсилните адути при освојувањето.

    * Земете малку путер и намачкајте тенок слој на усните пред спиење. Во овој случај, овозможувате на усните да омекнат, а и да им направите природна заштита од надворешни влијанија. Карминот наутро многу полесно ќе го нанесете, а усните нема да ви бидат насобрани и безживотни. Ако и путерот не ви одговара како варијанта, тогаш заменете го со креми богати со глицерин.

    * Наједноставно решение е вреќичка црн чај, натопете го со топла вода и притиснете ја вреќичката на вашите усни од три до четири минути еднаш на ден, а потоа нанесете балсам за усни по избор, за да ја задржите хидратацијата на усните во текот на денот.

    * Ако имате крема за сончање со најмал фактор - 15 нанесете од него пред спиење или пред излегување надвор. Кремата за сончање нема да служи против изгореници, со оглед на тоа што е зима, туку ќе ја хидратира вашата усна.
     

    Прикачени фајлови:

    На moniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Jaс многу ретко си имам проблеми со муцето, ама еве оваа недела забележувам дека ми е суво некако, дека кожичката ми се набира и дека ми се суши. Па се изнервирав пошо почна и да ме пецка, земав в купатило четка за заби само ја намокрив со вода, и почнав да си ја тријам устата со сета сила :rofl: И после земав влажно марамче си се побришав малку и лабело ставив и сеа ми е како нова. Ова е мој третман :D
     
  6. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Многу ми пука устата особено во зима,а што е најтрагично па кога сум нервозна ја корнам устата. :wasntme:
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Пробај со вазелин пред спиење и цело можно време со тебе носи го лабелото и мачкај се :lol:
     
  8. Ecii

    Ecii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    11
    Вазелнче само.. редовно мачкај се
    :)
     
  9. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Јас веднаш си ставам лабело и одма ми поминува. Такви усни имам. :lol:
     
  10. love.summer

    love.summer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    24
    Во зима често пати ми е испукана устата ,па си ставам мед,по 20-30мин го бришам и ставам лабело најефикасно решение :)
     
  11. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    Кога ми е испукана устата,користам гроздова маст..по аптеките ако побараш,сигурно ќе најдеш :D
     
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Практикувам еден многу брз пилинг ако можи да се наречи. Во раката ќе земиш малку шеќер,а пред то малку ќе ја излижиш устата за да се залепи шеќерот и ќе ја движиш устата како кога клаваш кармин за да е рамномерна бојата. И веднаш после лабело :)
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене лек ми е само гроздова маст. Ништо друго.
    Устата секое сабајле ми е како искасапена.
    Нема лабело што не го пробав, ама ова најубаво ми ја мрси устата и дооолго трае.
     
  14. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Купив 3 различни лабела од Labrosan и презадоволна сум. Устата воопшто не ми пука.
     
  15. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Јас користам Tender Care Protection Balm од Oriflame и задоволна сум... :)
     
  16. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Користам редово лабело за усни и никогаш немам испукана уста.
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Секое миење заби , ја поминувам и устата со четкичката. Му доаѓа како пилинг на устата. По ова и ставам дебел слој на Росал (розевото Прити грл) лабело, некако најубаво ја хидрира устата. По потреба пак си се мачкам. Убава ја прави устата.
     
  18. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    На устата нон стоп ставам лабело коа ќе осетам дека ми е сува и така никогаш не ми е испукана. Коа ќе осетам дека ми се лупи , после миење на заби ја поминувам со четкичката и ставам лабело или гроздова маст а исто и навечер пред легнување се мачкам некако навика ми стана па неможам да легнам без лабело и да не се урочам немам проблем со пукање на устата :D
     
  19. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    И мене постојано ми е испукана устата , јас ќе пробам со четката за заби потоа павличава маст :D
     
  20. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    ми се створи некоја зависност од лабело. Ако не го понесам со себе, веднаш ми пука устата, лоша навика но не се одвикнува никако. Иначе одлични ми се на галафарм лабелата.