Како превентива за студените зимски денови правете пилинг на усните со раствор од млака вода и малку шеќер.Ќе се изненадите од резултатот
Ке го промешаш шеќерот да се стопи и ќе ги намачкаш усните неколку пати.Ако имаш потреба повтори ја постапката.Се зависи колку ти се суви и испукани усните.
Јас барем двапати во неделата земам малку сол и ја протривам устата за да ги отстранам кожичките, после нанесувам мед и оставам да стои (колку можам да издржам подолго). После тоа устата ми е ептен мека. И нормално лабелото ми е нон стоп во рака, што ќе се избрише нанесувам нов слој. Не сум имала некој поголем проблем со испукана устата.
јас си користам вакво лабело од авон и не паметам кога последен пат ми е испукала устата..навистина помага во зимските денови и ја штити устата од студот..
Мене ми помогна лабелото Rosal Hydro Care тоа што е сино по боја. Устата ми беше цела испукана и ме печеше, а од кога почнав да го користам тоа лабело, устата за два дена ми се врати во нормала и сега супер ми е.
Секогаш пред спиење откако ќе си ги измијам забите со четката нежно поминувам на устата, а после ставам вазелин. Според мене нема нешто поефикасно за меки усни.
Некогаш во зима ми е испукана устата и тоа ретко. Со четката секоја вечер поминувам нежно и лабело преку ден. Спојлер И некогаш знам да си се уфилмам реклами да снимам со мед на усни. :geek:
На зима устата често ми пука и голема мака сум мачела со лабела,ниту едно не ми ја излекувало онака убаво. Се додека не го открив домашно приготвениот пчелин восок и прополис со уште неколку други состојки(кои искрено незнам кои се бидејќи не го правев јас) луѓе кремава е чудо.Немате поим колку ми помагна,изгледа како гроздова маст во такво пакетче е и има мирис онака убав. Ако можете некаде да го најдете слободно набавете го,немате поим колку помага и колку ја лечи устата.
можиш да ми ја подготвиш и да си ја земам или некој што подготвува бројче да ми дајш во ЛП оти ке полудам со устата страшно ми е испукана се и сваста пробав ама нисто не помага
За пукање на устата една од причините е дехидратација. Јас откога почнав да пијам многу вода, не ми е испукана, а порано секогаш ми беше. Исто така во зима ставам лабело, затоа што ми пука од стидот.
Кога ми е испукана устата најчесто миејќи се заби поминувам со четката преку усните, со тоа се отстрануваат кожичките, потоа нанесувам лабело и усните се како нови.
За испукана уста само гроздова маст. Девојки, 15 денари е, но како магија е. Со редовно мачкање кога ќе ти испука, ти поминува за 2 дена, најмногу 3.
Имам слушнато дека кога имаш испукана уста тоа значело дека немаш доволно вода во организмот односно си дехидрирал. И на мене ми пука устата, а како лек за тоа го правам следново: -кога ги мијам забите со четката поминувам и низ устата и на тој начин се отстрануваат сите мртви честички -кога ке видам дека ми е испукана пијам повеке вода, а воедно пијам и многу вода во текот на целиот ден -независно од тоа дали е лето или зима секогаш и постојано ставам лабело -земам малку мед и ставам на устата, оставам да стои неколку минутки и одкога ке ја измијам ми станува мека Мене ми помогнале овие работи, се надевам дека и на вас ке ви помогнат .