Откако знам за себе имам проблеми со испуккана уста. Па и јас ептен лоша навика имам и ги корнам кожичките и устата парталКрвава цела .Кој што не ме знае ќе си рече оваа се има искинато од мување. И досеа ниту едно лабело не ми помогнало во врска со ова, а верувајте имам пробано многу.Ги ставам само колку ради-реда, да ми даде боја и убав мирис. Сеа си створив навика да ја мачкам со павловиќева и малку мед, па подобра сум.
И јас така правам. Немам многу проблем со испукана уста, само зимоска. А и да имам лабелото ми е спас.
Краевите од устата ми се 24/7 црвени и испукани, дури неможам да јадам и да зборувам понекогаш. Ме пече. Ставам нон стоп лабело со со СПФ и мед, прополис гел, кремови. А и не изгледа воопшто убаво кога ќе ставам сјај или кармин. Ништо не помага. Знаете ли некој друг лек?
Имам слушнато дека ако цело време ти пука устата, може да е поради недостиг на витамин Б6. Иначе за подобро лабело од Мelem, не знам.
Секој ден пијам Б6 витамини. Melem? Мислиш ќе ми помогне. Проблемот е што не ми е цела уста испукана туку само краевите, боли и изгледа грубо.
Неможам пак да давам пари за дерматолог пред 2 недели бев за лицето и тоа 2пати. Затоа тука побарав помош.
Штом ти е само на краевите, може да е кандида и да треба маст. Затоа ти треба дерматолог, зашто може да е нешто што се решава едноставно со соодветна маст, а лабела и витамини немаат ефект. На државно е бесплатно.
Според тоа што имаш напишано ќе да се рагади, нема да ти помогне мачкање со лабело само. Причините можат да бидат различни. Ке ти дадат некоја антибиотска маст, противгабична или комбинација од двете ама мораш да се обратиш на лекар ако не сакаш кај дерматовенеролог можеш да идеш кај матичниот стоматолог, ќе знае што да ти напише.
Лелее како јас да сум го пишувала Генетски наследно е, па така и јас имам наследено усни кои се пресушуваат до правење кори, и толку ми сметаат што морам прво да ја искорнам кората за да намачкам лабело. Нормално често се откорнувам до крв. Голема причина е и многу сувиот воздух кај нас, на море кога одам немам ваков проблем, усните ми се мазни.
Често ми се случува, но најчесто во зимскиот период, лабелото ми е спас. Препорачајте некое квалитетно, што навистина ги омекнува усните, да не се прават корички.
И во аптеки го има, а и во продавници А еве и да читнеш нешто, има и слика да видиш како изгледа Спојлер
Женски устата ми е хаос уште сега, не можам да замислам што ќе биде зимава. Ве молам препорачајте ми добро лабело (или што и да е) без боја?
За сите со истиов проблем само Eucerin Aquaphor секоја година го земам и помага веднаш за испукана уста или било кој дел од телото.