Forever Living Products -се вика произведителот, американска фирма работи на база на мултилевел -нешто како Авон и Орифлејм- само што производите се по скапички, по квалитетни, и освен козметика имаат препарати за здравје, додатоци во исхрана, витамини и слично... Инаку лабелото чини околу 250 денари по набавна цена мислам..Порано го нарачував од Австрија многу поскапо, но штом видов дека има и кај нас, многу ми олесна =)
Уф, и јас ги сакам Нивеа, ама скоро кога отидов да купам, гледам едно како сјајче за уста, со некоја боја розевкаста. Ама кога ја видов цената си викам чекај малку. Не ми се даваат искрено над 100 денари за лабело. Зошто, искрено и гроздова маст помага, а чини 20 денари. Сега од Росал го користам пак мед и млеко, многу го сакам. Инаку ми текнува еднаш кога бев запалена по тие со вкусови, а не се нешто осбено од причина што ме тераат да ја лижам устата, а со тоа пак да ја сушам. И купив од чоколадо...изглеа дека и на некој друг му се видело вкусно зошто следниот ден на лабелото имав отисок од забче.
Jas koristam dvapati nedelno piling za usni od med seker maslinovo maslo i malku limon. Deluva... [mod-kirilica:38iyc2vt][/mod-kirilica:38iyc2vt]
Преку зима патам од ова,ставам лабело Нивеа,ама не дај Боже да ја лижнам устата несакајќи одма ке ми испука,а најлошо од се е што после неколку дена,на испуканото место ми излегува херпес,ко сега цела зима мака си мачам со устава
И јас имам проблеми со пукање на уста, и лекот е пилинг, најчесто го правам со мека четка за заби или со оној рапавиот заден дел што го има на некои четки за заби, после ставам мед (само тешко е да не се излиже ), треба да отстои едно 15тина мин, и после лабело од Нивеа светло плаво, или тегет, тие две се за ептен испукана уста. Кога немам време за вакво тинтрање ставам павловичева, и помага ептен
http://mk.oriflame.com/products/product-detail.jhtml?prodCode=20290 Пробај го ова Мелл многу го фалат и јас планирам да си го порачам 150 денари е од орифлејм (овој месец намалено е инаку е над 200 денари )
минатата зима мајка ми ми купи (само незнам дали беше баш такво.. розово беше мислам) од орифлејм и стварно помага. се става и на други места каде што кожата е погруба.
Еднаш го купив тоа и татко ми ме искара како сум можела да дадам 200ден за 5г вазелин он од работа 1кг ќе ми донесел, наводно исто било. Убаво е, ама ич неубаво мириса
Не се двоумам за да си го порачам 100% помага братучедками претставник од орифлејм е и секој месец по 7-8 од нив и порачуваат
Да тоа од Орифлејм навистина помага и е многу ефикасно. Има сега и со друг мирис мислам. Еве уште нешто што го препорачувам Нивеа СОС поскапо е малце, ама помага и тоа за многу брзо време
Овие две многу ми помагаат: Првото го користам сега, ама кога ќе го потрошам повторно ќе си го купам второто, зашто е поефтино а нема голема разлика во резултатот. Одлични се и двете. Ова од Авон исто така е супер: Инаку, и јас го користев порано лабелото од алое што го постира Хајди - прекрасно е, само сега немам од каде да го порачувам...
Го имам ова и не сум задоволна. Плус колку е гадно треба да брцнеш со прст за да си ставиш. Не го користам , не ми е убаво.
И јас сум задоволна од овие две... Еуцерин е медицинска козметика и наменети се баш за сува кожа. А и не сте нешто поскапи од обичните лабела, така да пробајте...
И јас постојано користам лабело.Ги обожавам и често ги купувам, не чекам едно да се потроши Затоа ги имам во голем број.Еве ги моите фаворити,и да стваро помагаат
Лани, мајка ми ми го нарача ова. Го користев долго време, зошто полно е и споро се троши. Само за устата го користев. Сепак , некој имаше погоре спомнато, дека треба со прст да брцаш, и малку е непрактично. А за делување, стварно делува и ја омекнува устата.