Само похвални зборови можам да кажам за Eucerin Стварно се За другиве не мора да брцкате со прст можете да исечете стапче за уши на пола и да си го пикнете внатре па со тоа да си ставате. Многу е тапа (ако сте надвор) да си брцкате во кремичките и да си ставате на испукана уста, замислете во градски автобус И после херпес. Со нечисти раце таму брцкање НЕ!
За испукани усни препорачувам гроздова маст. Никад не сум имала испукани усти, но многу често во зимата ми се јавува херпес и устата ми се суши, па многу ми помага гроздовата маст. А исто така, (немојте сега да ме гледате како будала ) препорачувам Pavloderm (крема за бебиња), ја користам за тело, но имав случај да на устата ми се јави толку голем херпес што устата ми беше ко силиконска и црвена ко пиперка. Чисто онака пробав со кремата бидејќи знам дека многу помага и за акни и си ставив (секако пазев да не изедам од кремчето ) и навистина ми помогна и за скоро една недела ми исчезна херпесот.
Овие денови устата ми беше целата распукана,црвена ме печеше..грозноо си купив вазелин од labello milk and honey (мада бев скептик дека ќе ми помогне), си ставав редовно, секој ден повеќе пати и верувале или не устата полека ми се враќа во нормала
нешто најдобро и најефикасно што сум пробала е мелем за уста препрепрезадоволна!!! никакво друго лабело не ми помагаше како мелемот
Имам слушнато дека за испукана уста добро е да се измеша мед и путер и да се става, а воедно ја прави и помека устата
од аптека.....го има во сите аптеки негде 190 денари али нешто предобро нема да зажалиш ако купиш еве и ако сакас прочитај нешто повеќе за мелемот http://www.melem.com/
секоја пролет имам еден проблем кој го решавам од мала, но никако да го решам, а тоа е испукана уста, редовно ја мачкам со вазелин, лабело и сл, пијам витамини, а вода да не се кажува, шампион сум, 2 л секој ден и во текот на цела година и пак во пролет ми се појавува истиот проблем, устата ја чувствувам како расцветана .
Јас го користам Tender Care од Oriflame, не само за распукана уста и за сува кожа е добро и да се пофалам одамна не сум имала проблем со испукана уста :wink:
Јас имав голем проблем со пукањето на устата, безразлика дали е лето или зима мене нон-стоп ми беше испукана и стварно од кога почнав да го користам лабелото на еуцерин немам никаков проблем. сум пробала и со мед и со лабелата на росал на нивеа и никаква корист.еуцерин е дефинитивно најдобро.
За испукана уста лек е само медот... Два до три пати дневно намачкајте мед на устата .. ОДма ке пројде
мене вазелинот не ми помогна, бидејќи овој период многу ми испукува, го купив по препорака на една членка, супер е навистина, верувам и еурцерин е добро но скапо.
Мене кога ми е испукана устата ставам лабело од мед чекам да ми впие 2 минути, пак ставам лабело и со четка за заби ја тријам устата ама не силно и ми помага
Го користам лабелото на Еуцерин и презадоволна сум, веќе долго немам проблеми со испукана уста. И Росал не е лошо ама не ми помогна толку како Еуцерин.
Јас сум зависна од лабело, секогаш го носам со себе дури низ дома нема врска какво е само лабело да е и немам проблем со усните. Во моментов го користам bebe young care многу убаво мириса п.с од Швајцарија ми е не знам дали го има тука во Македонија.