Jaс имав проблем со испукана уста, и сеа прво што правам од кога мијам заби од кога ќе завршам, со четката нежно поминувам на усните триејќи ги лево десно, така се ослободувам од кожичките и после си ставам или кремче или лабело. Ама почесто ставам крем (павловичева),а само коа искачам некаде лабело ставам. Веќе го неам тој проблем, и можам комотно да си се смеам сеа
закон за испукана уста е Labrosan. Јас го имам розевиот со мирис на роза е и многу е ефикасен кога ми е испукана устата ставам од него на секои 20 минути по еден слој и за 4-5 часа има подобрување. долу розевото го имам јас.
Еве една тајна: Мама има крем за околу очи од Авон некој...за брчки. Навечер пред легнување (и го крадам ) Ставам дебел слој на устата и кога ќе станам устата ми е мека, изгледа многу пополна, ја задржува влажноста и не пука.
спасот го наоѓам во Tender Care Lip Balm од Oriflame. Многу е убав и нежен,врши работа,ама скапичок е..Следен пат ке купам на Еуцерин
За да не отварам нова тема тука ќе го поставам прашањето. Устата многу ми се суши од пастата за заби, но проблемот е што на краевите ми пука. Имам нешто како херпеси а од сабајле кога ќе се разбудам ако ја отворам посилно мислам дека ке ми се скине.. ..Знаете што може да ми помогне..? п.с Краевите на устата некако не ми се дефинирани.
И мене некогаш така.. Ставај Павловиќева маст од оргиналната ако имаш ама така подебел слој. Исто така помага многу мед. Стави го така и остави да делува додека не впие.
Херпеси? Мене докторката ми кажа дека херпесите минувале баш од пастата за заби. А тоа што ти е сува устата ставај гроздова маст.
Исчеткај ја нежно со четкичка за заби и стави и мед и користи си лабело мене најмогу ми помага rosal-so natural
Овие две ми се перфекција. Неможам да кажам кое е подобро, ги менувам коа ќе ми здосади едното. Мислам дека Гариер ми е за стварно коа ми е испукана, а Нивеа повеќе за секојдневна нега. И навечер пред легнување, палволичева
За испукана уста ко ќе станиш од спиејне намачкајсе со крем за лице и извадиго по 5 минути.Така напрај и пред спиејне
Најлошо ми е во зима. Принудена сум на секое излегување надвор, макар и на 5 минути, да ставам лабело. Штом почне да ми пука, ми се вцрвува толку многу што изгледа како кармин да имам ставано Тогаш најмногу си се пазам, а и сега овој период, во лето, исто така практикувам да користам лабело. Може да ми се случи и сега да ми испука доколку, на пример, ја лижам и излезам на надвор директно на ветер (исто како и во зима) само сега не е толку страшно
Не ми се случува често, но кога ќе ми се случи-тогаш си ја лекувам, како ако не - со бакнежи! А, за грдо, грдо е-не викам не! А после подолготрајна употреба на лабело, еден ден ако не ставам имам чувство како устата ми се суши и тоа ми е ептен грдо чувство.
И јас тоа мислам дека лабелава праат завист. Ако еден ден не ставам одма сува и ме пече, а како бе машкиве шо не користат лабело им е ок устата. Многу чудно..