И мене тоа ми е проблем . Еден ден ако не ставам лабело ,веднаш ми пука устата ! Затоа ,Росалчето нон - стоп си е со мене ,да не дојдам на ред во устата да бидам како газе од коковче Дури сум кај Росал ,морам да напомнан дека само тоа лабело ми се покажало ефикасно во борбата со испукана уста и тие грозни болни кожинки . Спојлер Благословено нека е ,за век и веков ! Амин !
Павловиќева маст навечер пред да си легнеш и секогаш кога ќе имаш прилика да си ставаш. Ставај си и нивеа лабело. Исто викаат бакнувањето помага за да не пука устата
Со што ги заштитувате усните ? Како ги зачтитувате што им ставате на усните да не ви пукаат...знам лабело , но јас имам голема уста и на секои 5 минути ставам лабело но ништо не помага постојано ми е испукана ...
Со што ги заштитувате усните ? Зeми си CARMEX - тоа е за ранички и суви оштетени усни. Многу е корисно и за херпеси и такви работи... Мене ми го донесоа од Америка, но би требало да има и во нашиве аптеки, побарај многу е корисно.
Со што ги заштитувате усните ? мозес да земеш гроздова маст ги има во зегин аптеките не овошните туку обичните мислам дека околу 40 денари е и ке ти помине за два три дена
Скоро сите лабела што постојат ги имам испробано но нај нај задовона сум од Rosal- мед и млеко и Eucerin мене лично само тие ми помагаат,скоро секој ден ги користам посебно пред легнување,пред да ги пронајдам овие лабела постојано устата ми беше испукана.........
Мене ми се случува еднаш до два пати во годината да ми испука устата, и тогаш со намокрена фротирска крпа ги бришам и после тоа нанесувам лабело или павловичева. Инаку си користам само лабело, сега моментално користам едно од росал
Дали гроздова маст од ментол помага против испукана уста сакам да купам оти кај мене во градов нема гроздова маст а да не е од овошје а за да не пука устата треба да не е гроздовата маст од овошје имате користено како резултатот ?
Можеш и еднаш, два пати неделно да ставаш мед на усните и да ги држиш така по 10 минути... медот е многу ефикасен и усните ќе ти бидат многу мекички...
мене од лижење ми испука втори ден како ја мачкам со павловичева и бекутан ама ништо а сакам со мед ама алеггична сум на мед
Вазелин му е мајката . Во поголемиве дрогерии има вазелин за уста, нешто како лабело е ама е во мала тубичка. На опаковката си пишува дека е вазелин за уста
Вазелинот на Галафарм со невен и д-пантенол е многу ефикасен за испукана уста,понекогаш освен лабело ставам и од него
Мене многу често ми пука устата т.е секогаш ми е сува и испукана ...и почињам да ја гризам,лижам и побетер ми станува...ама еве сега си купив лабело и секаде со мене си го носам за да си ја мачкам устава
Тоа е од недостаток на вода во телото...Користи лабело и малку помада Но лабелото треба да го бришеш по 2 - 3 минутки Јас овде читав...На фемина...Верувај помага
ова лабело ме изненади дава убав сјај, мекост и остава лесна црвеникава боја, ептен е супер, ма нивеа се закон за лабело, и порано лабела и сјаеви што сум ги користела беа квалитетни и не се споредуваат со ниедни.