Уфф бре Нивеа не можам да живеам без вашите производи.. Оваа лабело ми помага премногу..усните ми се секогаш меки.. Едноставно без коментар за оваа лабело
Обично устата ми пука во зима, на тоа преладно време, користам лабело или гроздова маст како и да е помагаат безразлика од каков вкус се..
Ова го користам моментално ,за квалитетот немам коментар ,башка тоа ,ме потсеќа на она добра стара времена ,тинејџ будалии и слично
Јас од вазелин немам најдено ништо поефикасно за испукана уста. Не е вкусно како било које лабело и не мерише убаво ама си ја врши работата најубаво.
Обично зимно време устата многу ми пука, и испробано решение ми е со јака дерм. Имам едно празно кутиче од гроздова маст во кое имам ставено од таа крема и нанесувам тенок слој на устата неколку пати во денот.
Колку пари е лабелово? бидејќи моево е при крај па треба да си купувам ново...инаку јас користам лабело од авон...не ми текнува како се викаше.
Се согласувам! Јас префрлив во едно мало куривче од полупотрошена гроздова маст (тие што се по 15-20 ден), сега има и мирис, а и мало и практично е.
И јас го имам истиот проблем, па така да постојано имам лабело ( Nivea најчесто ) Бев и на лекар и ми препорачаа да користам лабело што содржи алое вера.
Ги препорачувам Овошни усни(го има во форма на класично лабело и како мастче во мало кутивче,иста цена се мислам) и се со разни вкусови.Ги има по патекиве и маркетите,и се производство на галафарм(ако не се лажам).На шала земав и од лабелото(црно овошје) и од тубичето(ментол) и резултати одма,само лоша навика ми е што ги користам од есен до март Ги прават усните меки и мазни И исто така сум задоволна од лабелото на Росал-Rosal lim balm,shine on me(розевото) кој има прекрасен мирис,долготраен е,дава мекост,и минимален сјај,и дава некој волумен(јас имам природно полна уста,но со ова лабело имам впечаток како да визуелно ми ја дооформува и зголемува).
Ами син ми од ко е роден го имат истиот проблем! Најмногу помагаат АД капки оние за бебиња што се да се мачкаат на усните два три пати на ден!