Мене устата ми пука само кога сум болна и имам висока температура, а може да се случи и во зима да ми испука ако е многу ладно. Кога имам таков проблем ставам лабело (само да не е од оние што оставаат боја) или гроздова маст и за ден до два поминува.
Ги читав сите постови и ќе ви кажам дека за испукана уста имам пробано се...и мелем и маста од Орифлејм и сите лабела, но дефинитивно најдобри се лабелата на Еуцерин,моментално го користам LIP REPAIR од Еуцерин и уште со првото ставање, устата ми е како нова...Поздрав.
Не знам дали е соодветно прашањето за во оваа тема,но сепак да си прашам. Од претходната недела ми се појавија лишаи околу устата,кожата ми е сува се уште...Ставав крем и лабело ,но не ми помага....Сега ми е некако рапаво околу устата а и самата уста, и почнува да се лупи ..Нз што друго да ставам... бтв причината за ова најверојатно е мувачот од пред една недела.
Девојки кажувајте лек! Не помага ни лабелото веќе, ни крем... ништо! А толку ме нервира што ми е испукана устата, залади и веднаш стана за никаде. И многу ме боли... грдо чувство.
И јас имам се испробано и ништо не ми помага , али балзамчето му е лекот. Си го нарачав од Авон и многу сум задоволна ..ем не е многу скап 109 денари го земав (али сега незнам во овој број колку е ) ,а што е најважно е многу ефикасно и топло ти го препорачувам инаку тоа е балзам со пчелин восок Али моментално не можам да најдам слика за да ти го покажам кутивчето
Јас имам пробано со АД капки оние што ги даваат педиатрите за бебињата моето дете секоја зима се мачкат со нив имат подобрување . Значи дватрипати на ден по две три капки се нанесуваат на на усните !
устата ја прави мека и одма помага ако ти е испукана, преубави ми се и двете ги имам ама за кафеново поише сум некако на сестра ми и реши долгогодишен проблем со усните затоа што и крвареа од што и беа испукани цела зима или павловичева
Па да бе, а мене не ми текнува да си стаам од тоа. А цела недела само лабела. Тоа розефкото помага, или слабо некако?
Редовно си имам проблеми во зимските денови со усните, но лани го купив на Rosal лабелото и искрено многу позитивно се изненадив... Eве како изгледа ... и сеуште ми трае, а се шлакам како луда
имав купено BeCool лабела...многу ми се бендисаа.имав две сега ниту едно.бев преѓе во маркетот кај шо ги купив ама немаа повеќе.некој знае во бт каде можам да ги најдам?
Пред да си легнеш, додека миеш заб протриј ја и устата. Потоа нанеси дебел слој на мед, резултатот ќе го почувствуваш за два дена А после третманот, пред секое излегување од дома нанеси убав слој на лабело (од росал ми се најубави и најефикасни) и врз него стави lacura lip balm (го има во КАМ маркет).
Кога ќе си миеш забите со пастата и четката, истриј ја устата. Јас превев така 5-6 дена, и ставав од тоа розевкото од орифлејм, и сеа имам супер уста
Ова лабело најмногу ми помага при испукана уста. Пред некој ден си го купив по втор пат. За мажи е ама нема врска,ми се допаѓа што на устата и дава некоја бела кон светло розева нијанса. Најдобар спасител од студените зимски денови.
Немам многу проблеми со распукани усни во последно време, да не се почудам. Обично кога ја осеќам затегната, испукана, си ставам од ова балсамче во спојлерот. И другиот ден ми е како нова. Сенаменско е, добро делува и на сувата кожа околу лактите, петиците. Одамна ми е, може скоро две години, мислам дека го нема во тековните каталози, а ме фаќа страв - среќа што само пола кутивче ми е потрошено. Спојлер
Го има уште некаде? Ми изгледа дека многу убаво мириса! Мислам,можам да побарам јас,али ако го нема веќе,бидејќи е од лани,да не го барам
Најпрвин почнав со користење на Росал, и ги имам пробано сите врсти на лабела од нив, стварно се многу ефикасни..сега ги користам лабелата од Авон и од нив сум многу задоволна,