Јас го купив тој мелемот за усни пред некој ден и стварно сум многу задоволна,супер е!Го има по аптеките 200 денари е.
Мене најубави лабела до сега ми биле Баш е класика,секогаш го имам,колку и да менувам лабела. Мирисот му е ,а и добро ги негува усните.Перфктно е. Ама,мојот пронајдок е Гроздовата Маст. Нешто најдобро што сум го пробала на моиве усни,кои зима/лето си пукаат. Плус имам полна уста,ама тесна не знам како да ја кажам,мала а полна и има набори.Чудово ги мазни После миење ставам подобел слој,а после во школо пак си ставам по малце.Устата сјајна и мазна И медот помага.Ако успеете да не го изедете
Се согласувам за Гроздовата маст, одлично ги навлажнува усните и ја купувам за само 17 ден! Единствено не ми се допаѓа што мора со раце да ја нанесувам, а факт е дека кога сум надвор рацете и не ми се нешто најчисти па забележав дека ми се појавуваа многу мозолчиња околу устата. Затоа си го купив лабелото на Нивеа Essential Care, најслично ми е на гроздовата маст. Исто користев и ова Одлично навлажнува и остава нежна розова боја, но во последно време нигде не можам да најдам вакво
Подобар производ за испукани и суви усни од овој нема http://www.eucerin.com/product-finder/1/ не го покажува точно производот но мислам на лип репаир, како маст е,мене многу ми помогна
Феминки помагајте, препорачајте нешто ефикасно. Мака си мачам со устава, полни усни имам и есен-зима нон стоп крвишта течат. Незнам колку животи ќе спасев до сеа со крвиштава пролиени.. Едно време користев лабело од Nivea и ми помагаше ама сега и тоа се откажа од мене
Eurecin си земи од аптека, ке побараш ама не лабелото туку има едно сто личи на лабело но всушност е во вид на маст 200 ден. кошта и се вика Lip Repair со црвено бела амбалажа,јас го имам истиот проблем и оваа чудо е феноменално
Вазелин со невен чуда прави со испукана уста и кожа. На Галафарм е, има мало и големо, 50-70 ден се ми се чини цените. Читав негде по форумов на лице дека ставале вазелин, никако. Вазелинот затнува пори ко ништо друго, не знам нешто толку густо и тешко како на фаца би си го ставил некој. За испукани усни, раце, лакти, колена, стапала - сон. За фаца, јок.
Јас користа од орифлејм едно балсамче,што се користи за се скоро,не само за уста еве го: И користам балсам од јојоба,исто од орифлејм *ама според мене првото е подобро
и ја го користам тоа од орифлејм и вистина делува,од кога залади времево нон стоп ми пука устата и мн ми е сува
Само што ќе застуди надвор мене устата ми е лом. Многу ми се пука а и имам навика кога ми е испукана да ја гризам ме нервира,најчесто користам гроздова маст ми помага многу.
Ако малку е испукана устата и лабело помага или гроздова маст, како превентива за да не ти испука. А aко имате поголем проблем најубаво трк во аптека има таму разни масти што помагаат. Јас пред да излезам од дома ставам неколку слоја лабело инаку устава лом ќе ми биде. Најефикасни ми се на Rosal. Па и јас ко Савана што убава навика си имам и нон-стоп ја грицкам Обично пред спиење си ставам павловичева и ми помага, ама од сабајле пак иста песна.
Јас со ова лани поминав супер еве и годинава го користам,ниту ми пука устата ниту рацете супер ми е.Нешто слично е како она од орифлејм за суви делови,во мало пакување
Обиди се со мед или со лабелото од липбалм ( или како и да е ) од мед и млеко, тоа е доста ефективно Мене многу ми помогна
Покрај испукана уста имам проблеми и со алергија па имам мал избор на тоа што смеам да користам. Си го користам стикот од Галафарм од прополис.
Среќа немам проблеми со испукана уста. Колку и да ја лижам додека сум на студено, нема да ми испука, само ако ја гризнам може некогаш да ми испука, ама тоа е многу ретко. Во случај да ми испука користам лабело и ми поминува.