Здраво Имам 14 години и веќе подолго време страдам од испукани капилари на лицето (мали, црвени точки). Ги има некаде околу пет-шест и се распространети на моите образи. Ми треба совет за нивно отстранување (не ласерско). Прочитав дека се препорачува Rose дневна крема, но е скапа. Резултатите биле видливи до две недели редовна употреба и не знам колку е тоа точно. Ако има некој ист ваков проблем или знае како да се справи со него, ќе ве замолам за помош!!!
здраво.. јас имам 16 години, и го имам истиот проблем.. овие капилари мене не ми се баш како точки, туку како т.н. пајакова мрежа.. искрено мн ме нервира, тоа ми е природно, од секогаш сум го имала.. и сега баш пред 2-3 дена зедов една крема од авене- третман за локализирано црвенило (розацеа), но и таа е скапа, ја купив 920 ден.. дај боже да ми помини ич не ги жалам парите.. а тоа од ROse дневата крема со каква намена е, колку пари е, и ако можиш да ми кажиш кој ти ја препорачал, мислам дали стручно лице или некој со искуство.. позз
За Rose дневната крема прочитав на интернет, значи не ми е нити препорачана од стручно лице, нити знам дека има гаранција за отстранување на капиларите... Но, вчера така барајќи 'одговор' на мојот проблем на интернет како што спомнав, видов рецепт против црвенило и испукани капилари на лице. Не сум ја пробала, има едноставни состојки и лесна е, па мислам дека ќе почнам со употреба. Ако случајно немаш корист од кремата, ќе ти ги кажам состојките и дали навистина делува. Поздрав!
и јас имам на двата образи и мене ми се ко пајакова мрежа не се во точки ама не се нешто забележливи само пудра помага да ги покрие бидејки колку колку што знам до сега пробав 36528236 креми и пак ништо уште си стојат. и внимавајте со кремите од некои можат да се прошират
Кисела јаболка 100гр Млеко 150 мл 2 жолчки Изрендајте ја јаболката и ставете ја во млекото и варете се додека не зоврие. Во добиената млечна каша, откако ќе се излади додадете ги жолчките и промешајте. Маската нанесете ја на лицето, капаците од очите, вратот и држете ја 15 минути. Е сега, колку пати дневно/неделно се употребува - не знам
Денес он примети дека под увцето имам испукан капилар.Јас дури се чудев не ни можев да се видам... Се надевам дека не е приметливо...
Од Oriflame има креми вакви и знам ги користи една девојка и многу е задоволна од нив Околу 1200 ден. се мислам.
Јас имав испиукан капилар на образот и тоа го имав некој 3-4 години, ептен се познаваше и на слики ми се гледаше и се и кога наеднаш едно утро гледам го нема.. Со ништо не се имам мачкано, само со пудра го покривав (колку толку иначе пак се познаваше) и така само по себе си се повлече..
Сум имала одсекогаш испкуани капилари на образите. Ми кажале дека можно е да ми се од пресилно дување на носот, преголмеа нервоза, претерано плачење. Дури веке и се навикнав на нив, за излегување ги покривам со пудра за да не се познава толку многу црвенилото од нив.
а дали некој од вас ги има користено производите Биоклиник Ноќен крем и Биоклиник Регенативен Ноќен крем против, и дали има некоие резултати, ке ве молам за одговор многу ми е важно... фала однапред
имав на носот капилар, бев на ласер-третман 50 еур, мачкав цинк крема на авен, ништо! Со тек на годиниве ми се повлече. Препорачувам обична павловичева, на капиларите им треба масно а не суво.
Мене почнаа да ми се појавуваат под очите, неубаво изгледаат и ќе мора да превземам нешто. Не знам зошто ми се појавуваат се повеќе.
Како до чисто лице? Јас имам ситни испукани капиларчиња по лицето. Не се познаваат само незнам како може воопшто на лице да има испукани капиларчиња црвени..
Како до чисто лице? Е може , и јас имам да ти кажам, и ја купив кремата на Авене (диросеал) зелената што е против капилари и џабе фрлени пари , Ако има некој лек нека ни пише.
Девојки, еве ме мене пак после долго време со истиот проблем. Уште "гуглам" и никако да си најдам решение, а и вие некако слабо ми помагате хаха .. Сакав да прашам дали некоја од вас го има користено Биоклиник Ноќен крем против црвенило и проширени капилари на лицето и колку е корисен? Или пак некое друго решение што би ми помогнало, се' се прифаќа