Коњска маст викате, а? Кажете нешто повеќе за тоа, мислам дека може да функционира, дека таа е за циркулација и затоплува мноогу убаво.
Леле и јас си имам проблем со испукани капиларчиња Имам на левата нога под коленото одпозади неколку.Имам премногу нежна и осетлива кожа (како мајка ми сум иста и она така) и се живо ми се познава.Ме фаќа страв си викам ако сега вака што кога ќе бидам бремена? Се мачкам со хепатромбин со цел да спречам нови а и коњска маст од време на време. Друга некоја има за вакви работи?Некој што користел?
Јас сум шампион во испукани капиларии одпозади на нозете изгледам ко географска карта модри испреплетени ауу ич не убаво стојат, ама за да ги покријам ја ставам кореектор и пудричка кога носам сукњи. Некоја маст немам ставано ми имаат кажано да не ги масирам таму нозете туку да вежбам. Епа јас и си вежбам и пешачам многу ама ете се повеќе и повеќе ги имам. Наследни ми се па така се помирив со нив ама читам по форумов помагало коњска маст...па ќе ја пробам и ќе видам...
А за капиларите на лице некој лек? Имам на носот еден капилар и многу ме нервира, ми кажаа во аптека да земам Авене ноќна крема ама минимум 3 месеци треба да ја користам секој ден за да имам резултати, ама се нешто друго ми излегува да купам па никако да стигне кремата на ред. Ја има ли некој користено, има ли резултати?
Девојки приметувам дека некако наеднаш ми се појавија испукани капилари, гледам на нозе се повеќе ги имам, ај сигурно е од стоење на нозе, 8 саати на работа сум на нозе, но сега приметив дека ми се појавиле на рацете на горниот дел и ги има неколку на рамената Од што може да е ова, некоја маст дали ви има помогнато? совет?
Ништо не помага,штом еднаш се појават,особено ако си со светла кожа,само ќе фрлаш пари за креми,само ласер помага,и да пиеш многу ц витамин и незнам дали ги има овде рутаскорбин,содржат ц витамин и витамин п за зацврстување на малите крвни садови,капилари,ги има во Бугарија,а исто може да пиеш Флебодија ама во консултација со лекар,не се замарај многу,само внимавај на исхраната и туширај ги нозете одоздола нагоре со студена вода,кога ќе завршиш со туширање,ако имаш други прашања,слободно обрати ми се,поздрав
Јас прочитав дека било ефикасно да се испржи свинска маст со цвет од невен. Само не знам невен каде можам да најдам, инаку би пробала.
слаба сум..а нозете ми се лом...значи цели нозе стварно на што да правам...да му е срам на човека да излезе во кратко
Хепатромбинот е добар. Меѓутоа, испуканите капилари си остануваат испукани. Со разни креми и масто можеме само да спречиме ново пукање. И јас имам испукани капилари на потколеницити,ама мене ми се од долго стоење на нозе. Бев шанкер и келенр 10 години и професијата ме оданочи за цел живот.
А што да кажат тие на што им се појавиле од мала возраст, на пр. јас? Ги имам приметено уште на 15 години, што значи дека и претходно ги имало само не сум обрнувала големо внимание затоа што не сум била толку информирана (веројатно ми се генетски ама Зошто? :/ ) како конфети ситнички ми се расфрлани по нозете, но јас верувам дека постои лек што вреди и 5 пари само терба да го најдеш мислам дека мастите не помагаат треба да се остаиш мачкајки се, туку треба нешто да се внесува во организмот што ќе функционира на целиот организам и автоматски и на целиот систем на крвни садови, а не само локално мачкање со маст. се распрашував и за вендоксин капките (затоа што освен испукани капилари имам и ладни стапала) но докторката ми кажа дека тие се уште не се испитани и не ми ги препорачуваше. А што би ми препорачале за испукани капилари на лице?!
Мислев мoдринки декa ми се кoгa се дoпирaм,сегa се пoгледнaв кaпилaри излезени,некoј дa имa искуствo oд пoгoре нaпишaните креми? Читaв де пoјaвувaле oд предoлгo стoење,седење сo скрстени нoзе,генетскo, излoжувaње нa сoнце итн. Нo резултсти oд лекoви,мaсти никaде немa.. o.o
Некој дали пробал некоја од кремите кои се пишани на странава? и мене ми се појавија во бременост над задникот неколку капилари и на стомакот ...уфф ужасно ме нервираат кога ги гледам се мачкам со еуцерин маслото ама тоа е за стрии колку што знам, а со тоа неам проблем сега за сега..
Девојки јас имам на рацете како дамка многу мала. Личи на капилар но не сум сигурна. ми се појавува понекогаш на пример после кревање на поголема тежина. Незнам што може да е... помош!? :/
Др. Драгић од Белград работи операции на просирени капилари со, во моментот најсовремен метод во светот и тоа со помос на аугментед реалитy техниката
Kolku iznesuva cenata za dvete noze? Dali nekoj ima kontakt telefon od ordinacijata? Ќe ve zamolam ako znae nekoja da mi kaže kako da napravam da isčeznat Gi imam na nozete znači i grdo izgleda, imam najmnogu ispukani kapilari odkolku veni,
Zdravo I jas da se nadovrzam na temava znaci I na Mene mi se pojavija ispikani kapilari I se kako linii crveni nad kolenoto i pozadi no i me cesat I posle sekoe cesenje mi se pojavuva modro Kako udrena dali nekoj go ima istiot problem ve Molam odgovorete
Мене ми се појави на лице на аглите кај носот од двете страни,имам светол тен .У аптека ми дадоа coupeliac маст една недела се мачкам ама сеуште не гледам промени.Иначе кошта 460 ден во Зегин.
Девојки, приметив дека имам испукани капилари под пазуви. Да не знае некој од што може да биде? На каков лекар се оди за вакви работи, дерматолог? Или пак некоја маст да препорачате, витамини, anything?