Дали третманот се прави на цели нозе, или доктор одредува кои капилари ќе се третираат ? Прочитав на страната дека еден третман се прави до пола саат. Како си задоволна, дали ги снема целосно тие што ги имаше ? Тие што беа поизразени дали на дополнителен третман ги досреди? Друго користиш за нозе ? Како креми за капилари и слично ? Ја од колена надоле сум катастрофа, плус модрици, плус флеки од апежи од комарци, не можам да се поднесам..
@Dikinzi Да на цели нозе се прави. Па да од прилика толку траеше. Јас еден третман правев, требаше да правам пак по 3 недели ама други работи ми излегоа и баталив. Се одлучив склерозација да правам, ми рекоа летно време не се прави, па сега здравје зимата. А ми рекоа 5-6 сигурно ќе треба да правам ласерски третмани.
Не сум правела уште, ќе правам наверојатно по 20ти декември некој ден. Прашував кај Анчевски ми имаа кажано 40 евра е ампула, е сега во зависност од колку испукани капилари имаш толку ампули ќе требаат. Не знам дали ќе треба нешто друго да се прави пред склерозацијата
Ајде јас мое мислење да дадам за склерозација. Правев на испуштена вена на колено во Систина кај др.Караѓозов и добро поминав. Јас правев 2018 мислам околу 6500мкд платив. Без анастезии, без ништо директно со иглата во вена боцкаат. После 1 недела носев стега на ногата. Болката е голема, се издржува ама е некако чудна. Не знам како да објаснам, само можам да кажам дека не е страшно толку. Моментално немам на тоа место испуштено ништо само имам мало кругче кај ме боцкале. При промена на време ме боли на тоа место, валда е од тоа, не сум сигурна. Да напоменам дека на државно ми рекоа дека треба комплетна операција да ми прават за тој проблем.
Фала ви многу, сега за сега за капилари е. Сакав да знам дали е добра инвестиција, во смисла дали треба да се направи само еднаш, или повеќе пати како ласерот, бидејќи ако една ампула е 40 евра, и да треба по два пати да ме боцкаат и не е така ефтино. Или за капилари нема потреба од повеќе пати ? Има ли штета по организмот овој метод ? Фала ви
Ми кажаа мене дека во зависност колку се широки капиларите, ќе треба боцкање. Во некој случај и два пати треба. Јас малку се разочарав кај фризерката кај што одам ми кажа дека по година пак и се појавиле на исто место капиларите. Демек и ова не е трајно решение. Ама јас сум решена да пробам , зошто јас ептен ги имам ајде да беа малку немаше ништо да правам.
Ако одиш во наредниве два месеца, пиши искуство како помина, дали е болно, и една ампула дали се користи на едно место или може за два капилари, да знам шо да правам до април
@Dikinzi јас закажав за 24ти, значи за нареднава недела. Ќе ти кажам како ќе поминам. кај мене на двете нозе од страна на колената имам така поизразено , а имам и ситни капиларчиња светло црвени, мислам дека и позади на бутовите имам, не можам убаво да се видам. Јас мислам дека би требало 2 ампули да аплицира, ама ајде ќе видиме.
@Dikinzi бев и правев склерозација, само што се вратив. Искористи пола ампула за едната нога. Два пати ме боцна, не е болно, при аплицирање малку пецка. Ми рече освен капилари имам и вени за кои што треба,да аплицира од течноста. Ногава ми ја преврза со завој, ми намачка една крема ккка што ми ја,даде и ја купам, и рече да го носам ова 24 часа па потоа компресивни чорапи. Другава нога освен полата ампула, ќе ми прави и ласер со ладен воздух, тоа била некоја нова метода што само кај Анчевски ја има. Ампулата ме кошташе 2400, а другата метода 3000 чини.
Бидејќи гледам покасно , ти Благодарам за информацијата, баш тоа што ми требаше, дефинитивно ќе закажам и јас, барем за тие 2 големи што ги имам. Како си задоволна? Дали сега имаш некоја болка ? На здравје нека ти е