мојата омилена тема за денес добро бе луге, за работа во маркет подетално цел живот ли треба да го знаете (па ај да ви донесам биографија и документација, како и медицински извештаи) менаџерче не можам да те викам шефе, но така нешто си ми немој да се лутиш оти не е крај на светот (што дојдов малку подоцна, па ти објаснив вчера дека ке дојдам подоцна) мамо и тато ве молам ПРЕСТАНЕТЕ да ми викате да дојдам да јадам, НЕ СУМ МАЛО ДЕТЕ АМАН БЕ ЕПА ВЕКЕ АМАН НЕ МОЖАМ ВЕКЕ, ТРЧАЈ НАВАМУ НАТАМУ НЕМОЖАМ ВЕКЕ ДА ИЗДРЖАМ БЕ ЛУГЕ; НЕ СЕ ТРПИИИИИ
Стварно му требаше на форумов една ваква тема! Инаку кога сме кај ИСПУКУВАЊЕВО...Има едно девојче,што живее под мене(во зграда),и заедно учиме!Значи девојчево е болна од злоба и љубомора.неможам да ја поднесам.Се прави само да ти наштети.А кога јас се доселив пред 4 години ми изгледаше толку добра икога се здруживме ја сметав за многу добра другарка!.Но не било се така РОЗЕВО.Почна да ме скарува со сите ме местеше нон-стоп во секоја ситуација,и не само на мене тука и на други деца,и сега па ми доаѓа ми зборииииии! Како не и е смрам да ме погледне!!!..ГАДУРА. А најново е тоа што сака да ме скара со мојата НАЈДОБРА другарка.А таа па Глупа не глеа шо и праии!
Секој со преблемите си, секој со нервозите си... Јас се нервирам сека напоследак со тротоарите... Ама ич ги нема из Скопје. Или има паркирани коли, или кантите се таму, или столбове за стрија и јас со количка со мало бебенце нема од кај да поминам...на улица гужва од коли, на тротоарот исто коли спрени. Јас наместо да уживам во прошетка со малиот, јас се вбесјавам, понекогаш од јад ми иде да скршам пенџерето на колата и си замислувам кога сум на баш улицата заедно со колите, некоја кола ако ме турне, заедно со количката, ќе скршам сите прозорци на паркираните колите на тротоарот со камен во рака и ќе дадам на суд државата за дето преку 9 милион евра се дадени за Ал. Македонски и фонтаната на центара а тротоарите се лом... На почетокот се чудех зш нема други жени со колички со деца...е зш де?Зш треба да имаш здрави нерви за да се шеташ низ Скопје со колички...
Е добро веке и јас незнам што му одговара,ми понудија работа на едно место и тој - не таму нечини , ајде ок и мене не ми правеше многу кеиф,ми понудија на друго место и тој не таму далеку е незнам што ... ,ајде ок и денеска бев на разговор и му кажувам вака вака и тој-не таму нечинеле лугето ...ЕПА КАДЕ??????? Ако не ти е арно никаде тогаш ти плаќај ми ги сметките за интернет за мобилен, ти купувајми кондури и гардероба , јас немам пари во банка па да живеам од камата , а тоа што те "слушам" е поради кавги во врска со работата и неможам да се расправам за тоа ти ке ми плаќаш се!!!!!!!! И btw никој нема да ме украде.
добро бе, што сум јас крива што лугето не доагале да си ги подигнат картичките во мое име кои сум им ги продавала? прво критики од едната шефица, па ултиматум од менаџерот, АБЕ ЛУГЕ НА ШТО ВИ ЛИЧАМ ЈАС???? и згора на се ЗОШТО немам толку успешни повици, па што да правам кога на половина од броевите е дека тел. број не постои, а другата половина зе зафатени. а врв на се и таа ваша врата од тоалетот која е никаква, и кога ке се заглавам некој ден тешко вас не ФЕНГ ШУИ , ни Господ нема да ве спаси, навистина претеравте ке ми прекипе еден ден, па сите тројца ке ве заклучам во тоалетот, па менаџерот нека ви држи лекции за вашата компанија и како треба дасе однесувате со операторите
е браво бе, никаде ве немаше да помогнете кога на дедо ми и тетка ми им беше тешко, кога беа болни. И на денот кога дедо ми умре ви текна да дојдете и да земете се што имаше тетка ми? и обетки и ланчиња и прстени и се. вие секогаш се добивавте од злато до сребро до се! а јас и сестра ми никогаш ништо не сакавме од нив. НИКОГАШ! и денес кога отидов да видам што има останато како спомен од тетка ми, најдов само една кафеава дрвена алка. се сте прибрале алал да ви е. Срам ми е да кажам дека сте ми први братучетки!!! кози низаедни!!!
И како да о сакам овој Петок 13-ти. Јас трудна, ќерка ми во болница, а со неа не пуштаат никој да седи. И си седам пред врата и си плачам и си викам Мамо кај си? Мамо јас се враќам дома, дефинитивно
Кокошки глупави деформирани, ,,клаберки,,..како уште да ве наречам едвај чекам да завршам и очи да не ви видам, порасипани луѓе во живот не сум сретнала, се само да оговара, се само да трачара, устата со гомна ви се полни...АЈДЕ ЛЕТО ДОЈДЕ ДА ВИДАМ ПЛАНИНА, ЕНЅЕРО САМО ВАКВИ САМОБЕНДИСАНИ КУЧКИ ВЕЌЕ ДА НЕ ГЛЕДАМ !!!!!!
заврши пробата за работно место-и на менаџерот му тена да ме исплатат уште утре(колку се ефикасни) од факултет им текнало да си го регулирам статусот( не сум смеела да имам нерешен статус т.е. да ми се во пауза студиите) УШТЕ НЕКОЈ со нерегулирани сметки АМАН ВЕКЕ леле се чуствувам ко трн во око денес што им боде на сите па петок 13тти барем постои СПАС(за неколку часа) концертот на Каролина оу јеа
Добро бе нормални ли сте вие од Фон Резултати од полагањето стипендии ќе имаше во понеделник - ништо, па ќе имаше во среда пак ништо, после рековте во петок и пак ништо за сега да викате во понеделник. Па какво е ова однесување бре, цела недела се влечкате со едни бедни тестови на заокружување Ок ако неможете да стигнете ама немојте да се бламирате дека ќе има резултати кога очигледно сте неспособни Да ви се невиди и стипендиите смотани
Иди у триста лепи Знам, тешко издржуваш. Ама дај не цимоли како некое мало дете Само ти си нервозен ??? Ахам да Ако не сакаш повеќе да правам муабет за тоа, можеше порано да кажеш. Еве ти ветувам, нема ни збор да слушнеш повеќе за ТОА.
Боже мили. Само оставете ме. Сакате да ве сфатам секогаш. Сакате да ве разберам секогаш. Ок е се. Еден ден, еден. Само еден а сега е како ни еден. Не !!! Не можете прво да скокнете па да речете опа. Не !!! Не може на некој да му подадеш па да му земеш дупло. Не !!! не е фер. и не !!! не заслужив бре. Жал ми е што ја треснав вратата, жал ми е што сега вас ви е жал, ама тоа е што е. И треба да ви биде жал. Не мислите колку нешто може некој да го допре и повреди ... Оставете ме сега, не сакам никаков разговор, не сакам ништо сега. Оставете ме да се исплачам. Утре ќе си бидам пак добра. Само сега оставете ме. Ве молам. А ти ... прост. Не ни сакам да поверувам. Повеќе од половина нервоза денеска од тебе ми е. Не сакам да размислувам. Го стискам копчето офф, и пуштам музика.
Aааaaaaa...))) ! Who's the monkey now a ?!? мхмхлќецќаенбир64у6е4вам ))))) !!! ((())) Цела тројанска армија ми се збрала под пенџер ! Проблеми со компјутерот. Ок ќе сум. Gonna now. Утре ќе решиме проблем !
Јас не знам да се испукувам...ама ќе си воздивнам...зошто постоите злобни луѓе,зошто?! Ми доаѓа...ете така ми доаѓа,да постирам тука слика од една особа,жена наравно (една та иста бе,една та иста...значи со збор и муабет кога не можеш да се разбереш со неа,значи не е нормална!!!Не е нормална!!!Патолошки случај!!!),за да го видите лицето на злото,фрустрацијата и идиотизмот.Можам сто слики да ви ставам,на ниедна ликот не и е сменет,си има увежбана поза...а за тие...немам некоја почит право да ви кажам.Глупа сум што не почнам да ја зборам по народ,а не на фемина да се поджалнувам,ај култура,не сум тој тип...ама редно време е. Со здрав човек со муабет ќе се разбереш и ќе те разбере шо сакаш да му кажеш па дури и индиректно,ова е умоболен створ што ја комплицира работата непотребно.Со друг човек конфликт од нелична природа,седнуваш го решаваш,со трет човек однесување пречи,ќе кажеш,ќе поправиш однос,со четврти на лична основа,седнуваш расчистуваш,ама ова?!Ова ниту имам лично,ниту нелично,ниту однос,а ми се уфрла у живот и само пакости!Пробај да разговараш,се отима,она не знае за шо и праиш муабет,ма не е од тука,наочари носи,не те слуша!Ај јас да не си замислувам,ама кога и друг покрај тебе што е забележува и прашува,а ти не си му ни спомнал...е има нешто. И така ви викам,глава ме заболе...вибратор за секоја жена,а не компјутер за секое дете!
Леле колку е досадна баба мииииииииии, леле бе можно ли е. Ете, кога прв критериум за женачка во тоа време бил фактот дали знае да мете или не, чуда се случуваат после. Јас стварно се обидувам да ја разберам, стара, досадно и е.... Ама инат бре, инат магарешки. Ем шуто ем боде. Оооооој, сонував ноќеска како сум и ја лепела устата со салотејп. Спојлер Еднаш сонував како и го сечкам вратчето со секирче, баш како саламче, цеп цеп цеп