Едвај сум жива човек да ми мавне шамар ќе промаши не они масти во крв !! Преку глава а сеа коа ќе одам на клиника нема да се исплашам ако откријат зимница во крвта !!
Лигушшшшш еден никаков не ти бесе страм додека јас уште пишувам да се исклучиш а !??!?! . Ке си дојдеш и секако мене прва ќе ме побараш го знам тоа, и мотај ме не оваа другата недела дојди си ... Не ми е гајлеееееееееееее
Личноста што ја мразам испадна девојка на најдобриот другар на дечко ми па така да цела вечер требаше да седам со неа да иправам друштво...а таа како ништо да не било.......
Како можат да живеат туѓи животи?!Како да немаат свои.. Навистина повеќе не знам дали се ситат или навистина им е мило. Зарем може да постои толкава љубомора во луѓето?Го следи секој мој чекор,секоја моја постапка,поглед,насмевка..Било што било,поминало.Нема потреба од завидување.. Не се интересирам за тебе,зашто тогаш ти се интересираш за мене? Хах..Мора некој да се сити на туѓа несреќа.Ццц..
ем е најголематa курва во град , секоја вечер со друг дечко , и плус ТОЈ оди со неа и трча по неа ко некое куче !! а таа го мати како шо сака .. епа ми е гајле !! идиот..! (Ilovethisidiot&Ihateit)
Не можам повеќе. Целата се тресам. Слушам гласна музика за да не ги слушам муабетите, но знам што се случува. Не сум слепа. Тој ќе се шета со нов телефон, а ние ... Тие секоја вечер ќе излегуваат, а јас... Не можам ова да го издржам. Премногу е. Целата тежина е на мои плеќи. А што сум јас крива? Зошто јас да го трпам ова? ЗОШТО?! Повторно да примам апчиња? Повторно да го трпам она што го трпев? Ова ли е мојот живот? Не можам да ги гледам како си се задоволуваат со нешта кои јас никогаш нема да ги имам. Плачам... Јас не го сакам овај живот. Не ги сакам овие луѓе. Не сакам ништо! Оставете ме на мира! Сакам да живеам далеку од овде, далеку од сите... Подобро сама и среќна, отколку со сите и расплакана. Е животе, животе... Зошто ми го дадовте правото на живот? Некои работи не можам да ги заборавам.
господине, извини какво искуство треба да имаш за работа во пицерија да внимаваш да не му ја плеснеш пицата на некој од гостите во фаца, или да внимаваш да не ти летнат чиниите во миење накај тебе не ми се верува дека за ваква премногу лесна работа е потребна личност со искуство, бог да чува и брани
Да се во ПМС и во ограничените мозоци што солат акл .Оти барем еднаш во животот не можеше да ме разбереш. Поминаа години, години .... секаваш ли се кога се родив или па не ! Незнам никогаш не успеја да ми пружеш барем малку љубов и рабирање, па тоа е се што сакав од тебе . Сакам да имам ТАТКО Доста ми е од СЕ ама баш СЕ и од сите . Абе земете прочитајте некоја книга нешто , прошетајте малку па после солете мозоци , оти секогаш мислете дека сте НАЈ паметени , признај во живото некогаш дека грешеш, погледни и лево и десно па и напред не замо назад......Доста ми е од такви како тебе и слични на тебе „паметни“ и негативни личности значи не можам да издржам. Морам брзо брзо да заминавм од овај град, морам да бегам негде далекото оти мислам дека ке се задушам .... Покрај сето овоа па морав да почнам да сумјам и во особота која највеке ја сакам, сумјам,сумјам некои лаги големи , осекам дека почнуват рогови да ми никнат. Веке не ми треба никој ,можам сама СЕ.Ех....... еден ден ке успејам во животот, сега имам посилна желба и кога и да е. Ке се претворам во едно магаренце ке врзам една крпа со залихи и ке тргам некаде да ја тражам среќа , што не бива не бива........
преку глава ми е од овој хаос низ градот пола испразнет, а сепак гужва во 3 саатот и ете по кој знае кој пат се уверувам во ажурноста на нашите институции, една работа неможат да ја завршат за пола саат кога кажале дека ќе биде, навистина сме спори и заостанати и после зашто ЕУ и свет не ја сакал Македонија ете затоа.
Хмммм .... Се регистрирав на форумов само заради оваа тема ... мислев дека ако пишам ќе ми олесни, можда некој ќе ми даде совет, утеха, или барем ќе разменам мислење со некој .... и сега кога сум тука и пишувам не знам од каде да почнам, некои имаат проблеми со родители, некои со партнерот, некои со пријателите, некои на работа, некои со администрација итн итн итн .... кога сето тоа ќе го собереш и ставиш на едно , тој проблем го имам јас ... а јас сум посебно чувствителна личност, дури се мразам себе си поради тоа, понекогаш мислам дека јас немам проблеми туку дека јас самата сум проблем ... и веќе пола саат мислам од каде да почнам и не знам ...
значи ова твоево нема веќе смисла!! секогаш јас сум таа што те бара мило ајде да излеземе,мило ајде ова,мило ајде она СЕТИ СЕ БЕ ТИ НА МЕНЕ МАЛКУ! и ме нервираш што ме будиш секоја вечер кога ќе си дојдеш од град,а јас еднаш сум те разбудила и ти ми заспиваш на телефони! е нема веќе!! кажи дали сакаш да сум присутна во твојот живот или не,бидејќи јас сум уморна веќе! те сакам ама и јас имам душа.
Еден ден да си се вратиш од местото од каде што си дошол на овој свет! Оди на други продавај им пуфки. Ќе умриш вака млад од премногу грижи. Ќе се видиме ние повторно. Очи во очи. Ќе фрчат искри! Грефче си. Од срце те жалам, од срце...