Стронгер фала ти што и покрај твоите проблеми и мене најде време да ме тешиш моево не е ништо во споредба со твоите проблеми и затоа фала веќе неколку пати другарката ми покажуваше некои знаци оти е таква каква што излезе ама денес пукнав ...... И верувам сепак дека не може секој да не разочара во животот на пример еве ти го имаш дечкото кој секогаш е тука за тебе штом до сега останал не се секирај нема да си оди ..... А за твоите стварно не знам што да ти кажам .... не може никој на таков начин со дете да се однесува и стварно ми е чудно бидејќи моите се спротивност тотална на твоите дури понекогаш и премногу се замараат за мене и за брат ми ..... живеам со нив и со баба ми и дедо ми и они си се супер ги обожавам, а ме приметат нешто сум натажена одма ме прашуваат што било ..... не памтам кога мајка ми си направила нешто исклучиво за неа, или си купила нешто скапо исто и татко ми отсекогаш гледале да има за нас и стварно да сум бирала подобра фамилија нема да сум нашла .... и затоа ти велам знам дека во нив нема да се разочарам никогаш, а на други луѓе искрено ретко верувам затоа и не сум навикната на разочарување ..... ова беше исклучок денес ...... А ти мислам оти е најпаметно да си потраеш уште една год или 2 (не знам која год си) и после на факултет каде што ќе се отргнеш од нив и ќе бидеш некој и нешто. Не си ја уништувај иднината да се запослиш некаде уште сега и да не продолжиш на факултет ако имаш одличен успех ..... се може да се смени на подобро
Stronger, и мене не ми е јасно како може сестра ти на тие години да ги има сите права кои ти и на 17 ги немаш Стварно ми е жал за твојата ситуација, но пробај да разговараш. Тие ти се родители и треба да те изведат на прав пат! Објасни им го тоа. Мислам дека би те сослушале.
И ако не сакаат пак да ти го овозможат сето тоа,тогаш речи дека ќе се вработиш....и уште полошо кај конкуренцијата на мајка ти
XstrongerX Навистина не ги разбирам твоите јас имам 16 год, немам дечко и излегувам до 1 часот. И како што има напишано moonlight-girl.55 и моите се такви. Прво гледаат да има за мене и за брат ми а после за нив. Дури понекогаш и ми паѓа жал што моите не можат да си дозволат да си купат нешто за себе. Последно нешто што мајка ми го купи беше една мн убава блуза пред еден месец за на свадба да не беше свадбата немаше ништо да има купено. А и дедо пред да замине за в село се нервираше затоа што не му била стигната пензијата па не можеше да ни остави по 50-100 ден на нас внуците. И јака ти душа. Ти се восхитувам најискрено. Да бев јас на твое место незнам ќе скренев ... ќе се карав со сите... ќе барав поголеми права. Само слушај ги советите од останатите и верувам дека ќе успееш. Се најдобро.
И да сакам многу работи да ти плеснам , нема затоа што си ми другарка цел живот. Ама... една порака, знаеш колку можеше се да смени? Повеќе ти значи некој што го занеш 2 месеци од мене?!?! Јас така ли те заменив? НЕ!
решив дека нема да се нервирам ама што да правам кога ме нервираат. Ме нервираат до солзи, ме разочаруваат, ма ме убиваат. Зарем не сваќаат дека имам чувства. Зошто само тие истите та истите? Не можам повеќе, навистина. Еве ме почнав да плачам. Која будала. Сега ми иди да се зашамарам И форумов почна да ме нервира па, ај чао одам да барам спас на друго место Останете ми со здравје
ма нее бре .. нема надеж ете пример кога и да се обратиш кај татко ми се е луксуз се е скапо и можеш да најдеш поповолно и далеку понеквалитетно ..но сепак евтино на пример немам право да си посакам убави високи потпетици , нештото за да го купам мора да ми фали , според него доволни ми се две блузи колку да има што да ставам на себе додека едната се пери ..е па сега нели јас не сум тинејџерка , нели не сум јас девојче ,е па нема .. но ова горното го гледам како смешен мал момент од она што ми се случува
Имам еден мал милион блузи дома... Потпетици си купив сега пред 1 месец и не беа баш така евтини... Навистина понекогаш не можам да разберам некои нешта и луѓе!
уф тие парииииииии!за што и да сакаш да направиш за кај и да е да одиш ти требат пари,вечниот проблем сотебе...
Гррррррррррррр До кога ке те барам само јас тебе? До кога ке трошам само јас кредит? Овај пат прам сметка до 120 и ни денар појке!!! Па ти ништо не знајш! Некој ден не ке знајш ни како се викаш ни глата кај ти е! Ме барат мене некој??? Никој!!! Едната другарка не мојт да излезит другата телефон имат исто ко да немат! Ама мислите вие јас немат да излезам? Е ќе излезам и имај ја таја среќа да те најдам негде... Мамето твое! Имат лом да те напрам! Од кога ти барав на 28 да излезиш со мене и ти ме заеба! Па не сте фер! И за се само јас крива!!!
Ќе се убијам! Значи татко ми има дарба секогаш да ме изнервира! И со овие факултетите.....Леле Боже.... И мајка ми...И реков да ме издепилира ТАМУ со шербет,и таа не,не се депилира таму???????????? Алоооооооооооооооооооооооооооо!!!!!!!!!!!!!! Во кој век живееш ти???? Неможам... Ми треба цигара... И сакам да го видам мачорот вечер...
Божеееее...цццц...се вклучувам на форумов,и има што да видам?1000 нови безвезални теми?луѓеее постојат правила за овој форум..ии за тие што ги мрзи да видат дали отварат тема со постоечки наслов ич да не се трудат да отварат,прават само неред на форумот,па треба да се испочитуваат правилата и таа па лејдишајн што се замиислува и јас јавно ја предлагам за бан
Зошто воопшто си формирал семејство кога не знаеш да се грижиш за него!!! Мислиш жената и децата на воздух можат да живеат. Па уште и жртва ми се правиш. Човеку, родителството е несебично давање, ама изгледа ти не сакаш да сфатиш. Бреееееееј само за себе да се гледало. Барем едно научив од тебе - Каков родител НЕ треба да бидам!
Како можев да заборавам да ја земам тортата од колата? Сега дечко ми мисли намерно беше, а јас заборавив само ташната си ја земав. Лелеееее.
:y: И јас научив каков родител треба да бидам. Сосема она спротивно од овие моиве. Има и полоши ама има и подобри какви што би сакала. Уффф