Ауууу... Извини шо бев со тебе! Па јас ма незнаев дека онај ти бил дечкоо!!! Стварно еј? А то другарски ти е дечко? Демек јас не имав видено и порано... Демек јас не знаев... Знаев само се праев наудрена... Ти дојде на матура онака другарски? Можев да ти го напрам истиот проблем како со претходиот. Или ќе ми кажеш дека си со него или цел град ќе дознае! Педофилка!!! Само ај ќе си чутам како ништо да не се случило!
Чуден си и ти и твоето однесување.Од кога ти кажав каде ќе бидам не ме побара ниту еднаш,а камоли пак порака да напишеше или имаш други поважни работи од мене.Нека биде како сака.Нека дојде и крај ако треба и покрај тоа што не го посакувам.Но ваква незаинтересираност и комуникација нула не е на арно!
Не сум веќе тоа што бев во друштвото?! МОЛАМ??? Која си пак ти мене да ми кажуваш? Мислиш дека го зазеде моето место? Па да не бев јас бе душо вие двете не ќе се ни знаевте! И само попуштај и само попуштај... Нека помини летото па ќе видиш дали ќе сум она што бев во друштвото! Секогаш јас ве штитам... а ти онака... Добро ...добро...
не знам од кого прв да го испукам мама ме нервира секогаш кога ќе најде време да ми потфрли за нешто ,тато ми пречи со тоа што пие премногу и покрај тоа што има проблеми со здравјето на фб налетувам на личности кои мора да ги блокирам , на другарките да не глумат наивност тоа кај мене не палит јас во светици не верувам
Добро што си мислиш ти?! Дека ја секогаш треба да договарам за нашите искачања? Вчера, си немал време да се договориме,и прекасно сум кажала јас, денес ништо не кажуваш еве 10 ипол дојде.. Ако не планираш да искачаме, чао пријатно, па не мислам ја веќе да се замарам за ова прашање веќе цела недела. ти кажав, ти пак си тераш ...Ако,продолжи,само продолжи.
ма ајде и некој дедо ке ми се праве...жити се дедо....неможам така да те речам...само префрлува....ми ги измачи родителите....незнам како тато те трпи...секој ден ти оди по кефот...и ти пак незадоволен не му даваш да здивне...оди кај керкати па ке идеш како ке те пречекат....море они ке те пречекат додека ти е длабок џепот после нема да те познават...ама дека си глуп...така ке ти биде...!
преку глава ми е а немам избор !!! алтернативи две да останам во пекол или да живеам во полош пекол далеку од тебе и ајде сега ли за што да се одлучам помеѓу две зла ?! верувам на овој свет не сум дошла со причина , некој горе сакал да снима шпанска серија полна драми и плачења и ме ставил мене во главна улога ..на филм без среќен крај
Добро ало кој ти е проблемот. НЕ сме ништо.. ние НЕ комуницираме, и плус и ти кога беше на одмор имаше друга иако ние ИДЕВМЕ!!! Со кое право се лутиш сега на мене кога веќе не сме ништо. НЕ сум врзана за тебе.. НЕ сме ништо!! Со кое право ми праиш сцени на жртва? Ма иди те молам по ѓаволите.
...ти имаш безброј другарки на кои страшно им недостигаш да се допишувате кога не си на фб , па типките си зеле за слобода да ти се јавуваа и праќаат пораки на мобилен !! е не ќе може тоа се моите пет минути со тебе нема и тие да ми ги земат ..неможе кај ги трпам твоите глупости и секси муабети со нив сега и ова .. ВИШЕ НЕМАМ КАЈ ДА СЕ ОБРАТАМ ВИШЕ ПУКНАВ !!!
Во моментов посакувам проблемов да беше барем љубовен..За него секогаш има решение, а ако нема, живот иде даље. Не можам веќе да бидам напаѓана и посочувана..Не можам да слушам како ми велат дека допрва ќе си ја чукам главата од ѕид заради тоа што не сум направила некои работи, а требало. Се губам себеси...Ах..сакам да изнакажам уште толку работи, но не можам...Душата не ми дава. Да не беше дечко ми, кој не бил во ваква ситуација и не знае како е, но сепак да знае да направи да се чувствувам поубаво и да не беше форумов и оваа тема, незнам како ќе се носев со овие маки
Хаа?! Ќе ојте на плажа а? Ојте ојте! Слободно! Се договориме вќера да ојме да се возиме со вечосипеди а вие само ќејфот ваш си го гледате! Сте ме прашале некогаш што сакам јас? Не сакате? Не морате! Аххх...
Не се може веќе ..од каде па сега цела иронија и сарказам викање дерење ?! Не можам да поднесам па згора и на се ајде да здивиме сите како неандерталци да искршиме се по дома , дајте да го извадам гневот врз нешто како него ,дајте се ќе искршам !! Не е тоа решение и мене ми се сака ама се воздржувам . веќе и не плачам изгледам ладно а тоа му годи ! На чело му пишува дека веќе не оди долго оваа врска но барем нека си го признае тоа себеси а потоа храбро нека настапи да ми каже мене иако веќе знам . Некогаш делата зборуваат многу повеќе од разговорот И веќе ми здосади да постојано да се разочарувам од сите , да бидам вреќа за истурање на бесот и вечно поттурната од околината , јас виновна за се ..секогаш ! Несебично си се восхитувам самата себе како го трпам цел притисок без да полудам!!!
Ако тоа е начинот на кој што ми се заблагодаруваш за се што направив за тебе. Ти благодарам јас на тебе.
Најмногу ме нервираат луѓе кои се мешаат таму кај што не треба. Што се замислува тоа к*рле,мене ќе ми кажува некои работи а не ме ни познава? Кој идиот Боже..Какви луѓе има,како може така да се дрзнат да кажуваат за другите кога не ги ни познаваат.. Седни испоти го газот бре мрсолав еден...Три години помал од мене и ти ќе ми кажуваш за живот! Оди убиј се! Каде отидоа моралните вредности.... Денеска и ја изреков дијагнозата на мајка ми. Луда. Нема лек. Од тоа нејзиното зборување дека секој ден сум пијана преку глава ми е. Барем така да беше..И што кога му кажа на тато дека пушам?! Од кога пороците се гревови??? Ако беше за така сите ќе гориме во пеколот! Е*ати неизживеаното размислување.... А другарките се посебна приказна. Цел живот другарување отиде во мајчината. Нека. Што и да направиш ти си крив. Затоа повеќе ништо не правам. Да видам дали тие ќе се сетат на мене. Жал ми е,ама и моето попуштање си има граница. На никој не му го лижам јас газот. Вие нема да бидете исклучок. Си имам јас и други другарки.
Ми се вратија и чувствата и самодовербата,но не за долго.Сега кога се завртев пак зад мене видов кој пак игра валкани игри кои не доликуваат на едно девојче во кое до пред некое време сум имала доверба.Дај ајде сега и јас да почнам да ги вадам градите на слики и тие слики да ги ставам по Фејсбуков дали така ќе постигнам некое внимание од него?Па секако дека од него може не,но од лигуши како што и се лепат на неа многу нормално.Сите ја викаат со секакви имиња,ја навредуваат нема иднина за неа,но на кој да се каже.Ќе си се нервирам јас додека он да дојде тука,но од кога ќе дојде па ќе видиме кој последен ќе се смее
Е да му се сн*види ! Се дотерав, се спремив еден круг и оп почна да роска, не за џабе цел ден вчера дома, денес половина ден пак го отседав дома надевајќи се дека вечерва убаво ќе си поминам, ама ништо времето не стои на договорот ќе го накодошам јас дождот на сонцето па нека види тој со кого си има работа! Па сега е лето и во него треба да господарува сончко наш , а не дождливко, како и да е утре, нов ден , нови убавини.