WWWWWWWaaaaaaaaaaaaa!!!! E za nejzin inaet kje bidam tamu ko prvo ona ne mi e majka pa da mi nareduva.Kje bidam tamu . A potoa x person mi veli kako kje mi kaze ona taka. Parkot ne e nejzin neznam zosto licnosta mora da uci od nea sekako kje naucis nesto od kr******ta. A toj prvo neka se isisa da ne mu vlezat voski vo glavata pa posle neka zbori. Razgaleni deca ufff!!!
Колку бев нервозна деновиве, не се испукав тука, темава ми е за мрчење. Многу ме иритираат тие девојки тазе сингл, мораат на цел свет (фб де) да им покажат дека се добро, дека уживаат дека оооко не им трепнува дека ги оставиле, превариле, лажеле, искористиле и така натака... И одма идат постови од типот-No boyfriend, no problems; I'm not single, I'm in a relationship with freedom, со песна во позадина-I don't need a man... A патка стил сликите им ставаат печат на ваквите изјави... Bitch, pleeease...
Моментот кога упорно те чеша лева рака со денови, одиш да уплатиш ливче со малерот - нормално, за да го разбиеш малерот, ставате тотално на заебанција утакмица со коеф. 5.00, тој уплаќачот таму ти се смее како недоквакан, и си вика - види ја, малоумна, врска нема оваа... доаѓаш дома... таа од 5.00 фатена, таа од 1.15 утната!!! У пм, Боже, ни 2000 ден. да капнат, аман до кога, амааааааааааааааааааааааааан!!!!!!!!
Во овој проклет град ништо не ме задржува, не ми носи убави работи ,сите што ги сакам ме повредуваат,никој од нив не ме разбира ,никој од нив не знае како се чувствувам,никој не сфаќа како умирам тивко ,секој ден еден дел од мене исчезнува ,се чувствувам како некој кловн кој сите други ги забавува и ги смеа а во себе плачам и умирам.Се ме нервира и се ми пречи ,сите се против мене дури и Господ ме заборавил.
На празник ни змија не те чачка, а не па човек. Ама Господ гледа. Се` се враќа. Само така продолжи. Срцето кое е научено толку да страда, еден ден се скаменува. Ќе стоиш ти еден ден пред ладна статуа наместо пред добро и искрено суштество. Одамна ја изгуби сета вредност кај мене. Ѓубре!
ма иди бре крши глава срам ти било.. си станал маж и ти,е па ако си станал тогаш биди вистинси маж а не само маж како бебе глупав еден... не личиш на ништо
Сега ќе се испукам ама јако Да испука и екранов сакам дури се пукам јас Ехх сега да си вака до мене,ќе те легнам на штицата за пеглање ќе ја наместам пеглата на опција "Прегори го волот" и ќе почнам,де на една де на друга страна,ќе си ја возам пеглата по твоето тело и оп ќе ти застанам на делот каде што ќе ти ја извадам душата Спојлер застанувам кај трите непокретни делови кои за џабе ги носиш и пеглам бејби пеглам,ти ме молиш "Имај милост те молам,доста е" а јас по гаќи со некоја јака песна од позадина те пеглам срце и така си пеглам дури не ми стане досадно. Кога ќе те испеглам ќе те фрлам во кадата и лади се,теши се. Пукни бре морноу,срце црно да ти испука. ПУ !
Глупак низаеден ,да се напраи јак ќе коментира ќе се расправа со мене ПА и на фејсбук видете колку сум јак.Гнасо изронана ,ко динамит да ти пукнал у уста си уууууу ,ќе се расправам бе не легнувам ич ако треба!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Се вознемирив уште утрово, кога гледав некоја емисија со тема за педофилија, колку лефтерно и глупаво објаснување даваше водителката! Како може таков проблем, ситуација, ранлива тема да ја даваат во 8 сабајле бе? На вести ако треба секој ден ќе давам, со име и презиме сите што се потенцијални или биле посочени да се кажат! Ама меѓу нив има и такви со длабок џеб, па мора да се молчи! Мизерија, на децата ваши некој да им прави такви злодела! Сите педофили, на кастрација! Со болно мачење, дур не искрварат до смрт!
Те мразам македонски малоѓраѓански менталитету најискрено .Како можат бе луѓето да бидат толку злобни не ми е јасно,не знам кој бил а ни со која причина толку лошо против мене да зборува. .Едвај некој по толку време ми се удвара а некој се труди дури и него да мѕ досадува и да јадат трици против мене .Камо да имав кај да одам,со задоволство би заминала било каде само тука да не сум цел живот сум омаловажувана и газена до кога бе господе .
ретко кој од работодавциве знае да се однесува како професионалец а што ме нервира највеке е тоа што ке стават некој што се мисли дека е мачо, а за тоа што е одговорен ке го опипува е незнам што а е една обична и најглупава работа што може да постои-како прееска во еден кафич за келнерка тој почна да ми објаснува ко незнам што е, наместо кратко и јасно да ми каже што би била мојата задача, а што е неговата задача, ми даде број изгледа му бев симпатична па ми се смешкаше цело време а нели јас му давам број, за ТОЈ да ми се јави нели е работодавец и грешка што ја направи-ДАЛИ сим заинтересирана за тоа работно место размисли ден или два дали сакаш да работиш па ако не сакав, немаше да се појавам на интервјуто бе паметен се гледа дека нема искуство,студент е уште си призна до сега на колку интервјуа сум била,никој вака не се однесувал, непрофесионалност и да се прашувам јас, повеке сакам жена да ме интервјуира, а не машко, ама дали два пати се случило жена да ме интервјуира-најчесто биле комбинации(маж со жена)
Доста е веќе. Доста!!! Аман бе луѓе до кога вака ќе ме малтертирате? До кога ќе ми кажувате што и како да правам зарем немам 22 за да знам што сакам Мој живот, мои правила Јасно!
Немам ни волја да се испукам како што треба...Порано ќе викав, ќе зборував, ќе докажував, а сега само една воздишка и едно ноншалантно -Ма нека оди по ѓаволите...толку. На кого ќе докажуваш, од кого ќе бараш правда, со кој се надеваш дека ќе се разбереш, кој очекуваш правилно да те сфати??? И после сум била недруштвена, па зар не ви е јасно дека дружењето со многу од вас ме замара, ме полни негативно, не сакам близина затоа што имам страв дека ќе ви ги откријам сосема болестите кои ги имате а сега само малку се навираат, а и толку малку јас не можам да поднесам... Прави се искулирана, ставај се' на игнор, пушти музика и не мисли на ништо, прави се дека не слушаш, не гледаш, дека не се интересираш, не те засега...и еден ден се будиш со трупови околу себе, ти во рака држиш оружје, а не ти е јасно ништо, на ништо не се сеќаваш...па тоа е следно ами не, кога тогаш ќе избие, и после ти ќе бидеш лудиот, па нормално... Среќа што нема да трае уште долго...
Нема спиење денеска за мене, не! Уморена сум премногу, а нон-стоп некој се јавува да побара нешто од мене. Не одбивам, ама дајте бре луѓе, 5-6 сатот е, нормално време за да одморат сите. Да се немало мир бре ..
Драги жени,не знам како да ви се обратам,а да не делувам груба,ама вистината е оваа... Како можете да бидете толку ГЛУПИ и да бидете убедени дека ако се запишете на аеробик,зумба или пилатес во мај или јуни,ќе постигнете резултати за на одмор?! Да ве расположам,НЕМА да постигнете,за тоа треба време,ВРЕМЕ,сфаќате ВРЕМЕ.Вака само ја полните групата,а пошо сите се лакоми за пари,па не тискаат дур има место во салата,не се диши,а да не зборам што сте спори и не ги знаете вежбите,па не успорувате нас кои го потеле газот од септември месец. Фак ју! Вери,вери,вери мач!!! И да,само со вежбање макар биле 50 кг нема НИШТО да постигнете јадејќи нормално! Фала,чао,пријатно! И да,ова е вистината,за се повеќе го имате чика Гугл,па повелете! Сериозно не ми е јасно како може да биде некој толку нискоинтелигентен да мисли дека од јуни до август ќе постигне резултат... уствари чекај,во јули сите студија престануваат да работат,па ако одите во август ич не си ги трошете парите. Повеќе среќа догодина!!! Да не може човек да се навежба од вас!
Добро до кога ќе се иживуваат над нас професориве бе? Прати едно не чинело, прати друго промашено.. Па јас не сум Ајнштајн па да знам се бе! Бараш од мене докторат да напишам или семинарска? Не ми е јасно. Претеризам.. Некои ќе ги пушта на лепи очи а некои ќе ги мачи... Глупост
Навистина ќе престанам да читам и фемина и други македонски страници зашто неможам да сватам со кој памет толку трачеви се објавуваат посебно за шоуменкиве. Дали уреднициве на интернет странициве мислат дека навистина ни е интересно да читаме секој ден за Кардашиан, за Сораја, за Ава, за Станија, за Беквалац и слични таканаречени старлети.... мислите? Кардашиан вчера какаше 2 пати. Кардашиан ја вози на дечкото колата. Кардашиан денес се слушна со бившиот. Кардашиан јадеше супа за доручек. Кардашиан е на диета. Кардашиан се насмевна 5 пати денес. Сораја сменила нос. Сораја има нови заби. Сораја беше пијана во дискотека. Станија нова фотосесија. Станија има нов дечко. Станија нема нов дечко. Ава има нова бемка. Беквалац спиела со Никола. Беквалац не спиела со Никола. Беквалац сепак спиела со Никола тврди матамбо. Беквалац изјави официјално дека сепак не спиела. own: уа квази новинари. И јас сакам трачеви и тоа многу. Ама навистина преку онаквата ми е од господичниве погоре што ги спомнав. Ми се блуе од нив, а интернетов е преплавен со нив и нивните прости изјави. А страниве паѓаат уште пониско со вакви објави. Квантитетот ве убива!
Молим те ти звонав во 3 поручек а ти као дури сега виде дека сум те барала после 9 саати виде :смајлиштосекрсти: мразам неодговорност и не почитување на договор.е сега барај ме ти мене да видиме дали ке ме најдеш чао и пријатно!