И жими све. Ако уште еднаш, ако само уште еднаш! Некој ми го отвори прозорот, и ако ми го исклучи вентилаторот... гадно ќе н....! Да не може човек да се наспие на раат ко човек.
Неќам да се испукам. Во чело сакам себе да се начукам со базука. Идиотка бре. Идиотка. Коза смотана, безнадежна. Кај летам со паметов? Ма кој памет бре? Семки ми останале во тиквава шуплива. Проста сум ко селски буквар. Умри, дебилке недоквакана. Си потребала демек.
До кога бе,до кога значи не ми иде памет и не ми иде,која глупачка сум,пак се си земам при срце,си правам да ми е тешко во душата,си плачам за тоа кој што кажал,и ме окупираат глупави мисли Милион пати си имам речено ЗАПАМТИ ДАНИКА-НЕ ЗЕМАЈ СЕ НА СРЦЕ,ОД ЕДНО УВО НЕКА ВЛЕГУВА ОД ДРУГО НЕКА ИЗЛЕГУВА,и до кога тоа до следната расправија и пак истото е значи до мене е не е до другите
значи веќе ми е доста, не можам веќе да издржам од такви што сакаат да ти командуваат. Е стварно неможаммммм. Ќе пукнам од нервоза
Добро разбирам јас сум и другарка ке ми каже се, ама ова нејзиново претерано фалење ми изгледа, понекогаш многу е досадна, овој ме вика да излезиме, другиот ми рече ме сака, па два саати истото го зборува уфффф ја сакам многу, ама по некогаш знае од контакт да ме извади, неможеш на збор да дојдеш од неа.
Само јави ми се па преку тел ке те искршам Глупак еден,лажго еден те мразам од дното на душата Иии ке ми се јавиш или ке продолжиш да лажеш??????????
Ќе дојде ден кога ќе се покаете за се што сте ми сториле и што сте ме повредиле.Ќе дојде ден кога ќе жалите затоа што сте ме изгубиле и затоа што повеќе ме нема во вашите животи.Едни ќе копнеете по моите шеги и лудории ,други ќе копнеете по мојата поддршка и совет,трети ќе копнеете по мојата искрена прегратка ...но само тоа и ќе ви остане пуст копнеж !!!!!
Не е имало не постои и не ке се роди поголем баксуз од мене 5 тел за рок од 3 месеца па дали е можно сите да ми се расипуваат како очите во главата ги гледам и пак цркнат амн веке амн не купувам веке тел и деф таму
Аххххх глупава јас, глупава отупена, забораена, отидена со ветерот! Скрос ќе заборавев за пријава и уплатница, је*ем ти и пријава и се, кој ги измислил бре мамето негово, а жештиниве не запираат, на тоа улежавање мое сега мајка ми ја терам да се ака до книжара, ах бре Лил ах бееее забораено, за ќотек си неодговорно едно! Еден фејспалм ми иде сега да си шлапнам, да не видев овде на форумов спомнат испит и индекс немаше да ми текне! Ќускија! Пуууу јаз'к, се напнав сега!
Добро дечко што глумиш лажен патриот? До кога со овие патетични сфаќања? Школото се викало Јосип Броз Тито и сега јас треба да го викам така, а не јбт од почит кон тито. Ма немој да ме јебеш бре Ни сум живеела во времето на југославија, не ме интересира што бил и кој бил, а камоли да му давам „почит“. Ти, на твои 15 години ќе ја поправаш цела генерација, да не вика јбт зошто звучело како јеботе. 80% не знаат кој бил Гоце Делчев, а не па Тито. Навистина ми е преку глава од тебе. Бркај си работа, слушај си панкот и остај не нас нормалните луѓе да живееме без да се клањаме за тоа што го направил Тито.
не го свакам татко ми загрижен е човекот дали јас ке земам пензија бидејки немам официјално ниту еден ден работен стаж а и мајка ми го мислела истото само молчи и не зборува и уште едно нешто што ме нервира се секава што сум прозборела кога сум се разбудила од кога-мамо тоа беше пред 13 години, биди благодарна што сум жива со сите заби и органи на мене а за организацијата во МТВ да не ви зборувам 2 дена за извод на родени да чекаш и на крај самоит тИ да одиш да го земеш кое малтретирање, што држава сме ние
Што се понашаат овие со мене како јас да сум банка? Па јас ги немам најдено парите на улица Купи карта за него после ќе ти врати ( а додека не ми врати ќе мора секој ден да го замарам за тоа па и ќе го замарам не ми растат парите на дрво!) Веќе со месеци чекам госпоѓицава да ми врати пари не се малку 1000 денари доаѓа ми плаче морала да купи сега мобилен а за враќање се јас треба да и спомнувам.
Нели ќе ми се јавеше за да одиме некаде да доручкуваме заедно? Да не се навреди нешто од синоќа? Значи секогаш се нервираш за беспотребни работи, па размисли малку.
Преку глава ми е од тоа дома да ме третираат како да имам 12 години. Алоооооооо!! 21 ќе правам за еден месец, што ви е?! Знам дека секогаш ќе бидам малечка за вас и дека само вие ми мислите најдобро од сите, ама не можам повеќе, се чувствувам ограничено, заробено, загушено .. САКАМ СЛОБОДА! Доволно сум возрасна да се чувам самата себе од што или кој било, а знам дека вие секогаш ќе сте тука за мене за совет, заштита или за што било друго. Сакам да ми дозволите конечно да не се плашам од светов и од животов, сакам да живеам! Знам дека ви е страв поради сите лоши работи низ кои поминав, ама не сум од стакло, нема да се скршам. Сето тоа е сега зад мене, јас го закопав одамна, време е и вие да го закопате. Сакам да ми почне животот веќе, доволно ми е ....
Леле,леле...абе можам да сфатам изнервиран референт,пуштам водичка на професори кои не знаат зошто се професори,и многу други работи,по природа сум толерантна, ама она што не можам да го поднесам е некоја Гица Прасица што со „себап“ на мажот и кој е професор на истиот факултет,влегла на работа и што се вели,спасила жива глава од седење дома и усисивање. Сега ќе се прави главна,па одозгора и ќе ми омаловажува фамилија????! Чекај ма која си ти,мислиш дека многу знаеш и дека си најспособна од сите? Обичен асистент,не професор,асистент. Мислиш дека измисли топла вода со тоа твојот глуп сајт на кој никој не може да се снајде освен ти ,и кој го споменуваш на секоја втора реченица? Ах да! Спојлер АТАЧУВАЊЕ всушност е ПРИКАЧУВАЊЕ! ФОРВАРДИРАЊЕ всушност е ПРОСЛЕДУВАЊЕ! Не тука ќе ми се правиш дека многу знаеш,а појма немаш од животот. Не може секоја да биде Мерил Стрип во Ѓаволот носи Прада. И не ти стои црвеното шо го носиш и за спиење верувам. Преку долнава од госпожи што мислат дека се над се и секого затоа што се пикнале на факултет да „предаваат“.Научиле вчера да го пуштаат компјутерот и готово,сега се неприкосновени информатичари.
Аман бе ова комшииве денеска се нак**чиле отсабајле само викаат, се караат, траскаат врати и јас приморана да ги слушам... Нека фатат у ПМ!!! Ми иде да излезам да ги упукаааам - човек неможе ни да се наспие на раат од нив!