ja пробав да зборам со тебе и ко некоа будала верував дека барем ке ме ислушаш ама ништо де зарем толку многу те навредив? како и да е поголема будала од мене нема
ja пробав да зборам со тебе и ко некоа будала верував дека барем ке ме ислушаш ама ништо де зарем толку многу те навредив? како и да е поголема будала од мене нема
АМАН со некои од девојките на медитација машко да не се спомне што сум јас крива кога речиси сите сопственици на бизниси-за што и да се се мажи мене нема кој да ми помогне, па сама се снаогам како знам и умеам а на некои што им се насмевнала среката за да се вработат во еден од гифт шоповите е друго-блазеси им-немав таква срека, што да правам да не се спомнат, да не се во нивна близина немој, ке ве изедат бог да чува и брани (смајли што се крсти) не ни очекувам некоја да ме разбере од нив како ми е и низ што поминувам-може да ме разбере девојка/жена која сама поминува низ проблемите како јас разочарана сум од поединки-тотал од сега само ке молчам и ке се смешкам
Колку и да се смеам и да глумам strong and happy girl сепак не е така Зошто не можеш тоа да го сфатиш? И зошто по ѓаволите се уште толку боли?
Ладна сум била е ладна сум бе да ! Ладен ми бил односот кон тебе си слушнал бе дечко ти за карактер ? за срамежлив карактер ?
Пишав и во друга тема ама морав тука да испопукам по луѓево. Слушам секаква музика зависно од расположение (од Јордан Митев, Владо Јаневски, Аца Лукас, One Direction, па Mariah Carey, Bon Jovi). Не можам да сфатам што им пречи на луѓево кој каква музика слуша, а и како што гледам само овие кои се против турбофолкот, на нив им пречат другиве. Како што има изведувачи од турбофолкерите кои не се "симпатични" исто има и од рокерите и др. Што ги ставате сите во ист кош? Еве пример онаа Гага не можам да ја смислам во никоја смисла, и што сега сите кои ја слушаат се вакви или такви, ма немој. Зошто ги вреѓаат сите кои го слушаат/обожаваат Бибер, баш е фино детето. И од друга страна (ех фолкер и моментално тв лице) Драган Вучиќ, за инат на сите мене ми е пријатен како човек. Не паѓајте толку ниско, никој нема право никого да осудува за својот избор. Вие само продолжете да тепате време и нерви. И од каде писменоста се одредува по тоа кој каква музика слуша и каква музика прави. Колку за споредба, Брајан Адамс го слушам и почитувам а нема завршено ниту средно образование и што сега? Дали нема убави песни или не знае да пее? Сите знаеме колку од овие "писмените" се навистина писмени и колку се од улица собрани, но не се цени по тоа. Се цени глас, музика, изведба. И 99,99% од сите кои ги вреѓаат турбофолкерите на свадби пеат и играат (читај - се кршат ) мислиш турбофолкот им е во крвта. Па затоа не се правете толку писмени и музички образовани. Без навреда.
Уф! Значи како се нервирам, кога некој ме прави будала, во здрав памет! ЗАШТО КРИЕТЕ ДЕКА СЛУШАТЕ ФОЛК И ТУРБОФОЛК?
зоштоооо зоштоооо ЗОШТОООООООО????? значи сама си правам проблеми убаво кажале од главата си патиме ц ц ц ах ах сега ако ми е
Сакаш заедно да славиме Нова година ????? Зар после се што поминавме јас повторно да седнам на иста маса со твоите „пријателки - бивши и сегашни“? Уште колку ќе ме понижуваш? Ми се од тебе и твоите глупи разговори ... дај остави ме на раат барем да можам полесно да те преболам и да се смирам
Стварно поќе неможам да те поднесам,аман се да било по твое,како не! Не сум 5 годишна,25 сум! И ако живеам под твој покрив незначи дека ќе прам само шо сакаш ти,туку то шо ми одговара мене! Си имам и јас мои мисли и потреби. ДА неможи чоек да си напрај шо сака... Нема да е се по твое и готово.Сакам сама да живеев!
1600 денари за новогодишна вечер во ресторан со кафански амбиент, програма и музика? Плус, да го слушам неизбежното ЈУ-оплакување на некои екс-ју бендови и постојано внимавање нозеве да не ги исечам од скршени чаши!? БЛАГОДАРАМ, НО НЕМА ШАНСИ!!! Ќе си ја отседам дома со кифли, сокчиња, грицки и салата, доколку не излезе некоја пристојна и разумна опција. Крај-краева... it's just a night, like any other...
Лелеле бре не ми е јасно зашто до сега сум ти се потресувала т.е што ти се потресуваме толку.Значи се тебе нешто ти фали,само плачеш па леле па божем ја немам проблеми бе само ти имаш така?ма више ич што сакаш прави ми е гајле,а и на _____ ќе му здосади више од тебе па стварно го имаш тоа што сакаш и ќути више ете ти дадоа друга шанса и не се лигави. П.С-Не те сака сестраму а богами ни мајкаму.
Има моменти коа стварно е голема штета... шо да упуцаш некој деген е илегално (и тоа чисто из љубави )... на пример сеа е еден од тие моменти!! Ќе се задоволам шо во главава барем се ми е дозволено, па таму ќе си ги сместам убиствените мисли ... чак што више го фалат бурекот во притвор сабајлечки... ама баш и не би за бурек да идам таму!
Се помалку верувам во искреноста и добрината на луѓето... Па најдобра другарка треба да биде некоја која секогаш е тука за тебе,личност која безразлика дали е 12 попладне или 12 навечер ќе излезе со тебе иако е зима и е -20 степени. А не е личност која ја повикуваш за да и ги кажеш своите проблеми, своите маки а таа ти вика дека и било многу ладно а кога ќе ја викнат нејзините другарки што се фаци може да искочи и на -20 и на +40. Па добро луѓе до каде стигнавме, нема повеќе соживот сите гледаат како да упропастат живот на некој друг, како некого да искористат . И се повеќе се покажува дека ДОБРОТО СО ЛОШО СЕ ВРАЌА.
Не ми се верува како некои личности мислат дека жените се објекти. Алооо,освестете се,во кој век живеете? Конкретно,за ‘мажиштата‘ што им вршат физичка и психичка тортура на своите девојки. Дајте бе девојки малку вразумете се, не мора да го трпите и покрај се! Станете исправете се кажете си дека и вие имате свој живот и нема да дозволите некој да ве контролира! Па кој е тој за така да ви наредува? Прочитав едно мислење на една феминка,кое стварно допре до мене и предизвика ваков револт од моја страна. Па и вас некој ве чувал,гледал,израснал,но за што бе луѓе? За некој да ве навредува,понижува и тепа???? Оправдувањата од типот ‘ама многу го сакам,не можам да го оставам‘ , задржете си ги за вас,затоа што некој што ве сака,почитува и се грижи за вас, нема да ви прави така. А не некој што ве гледа само како објект за секс и за потсмевање ве сака.Тоа не е сакање,тоа е опсесија.Болна љубомора и опсесија прават страшно лоша комбинација,која треба да се пресече од корен. Зошто да не бидете со некој кој точно ќе знае што има покрај вас,а не некој идиот по кого вие ќе патите,а на него нема ИЧ да му чуе за вас. И таквите мажишта‘ кога ќе ги напуштите се претвараат во мали мачиња кои со умилкување пак ке ве придобијат,и се ќе биде по старо.Не се залажувајте дека ќе си ја сфатат грешката и ке се поправат и променат.НИКОГАШ нема да се сменат,никогаш. Само вие се повредувате и вашите години поминуваат во страв и тага. Запрашајте се дали вие сте го заслужиле тоа?