како може еден човек што се нарекува татко на керка кога е во пијана состојба да спомнува личност за кој требало таа да се омажи причина-иста политичка ориентираност, и имотна состојба, а сосема небитно каков човек е тој, во каква средина таа ке живееше -пропалица & пијаница продадена душа бе керка си да ја дадеш за имот или од иста политичка партија момчево а го видов на слика несудениот ми маж-ко наркоманче изгледа и неколку пати го сретнав кај него на работа случајно
Да ти се ненајде у ѓубрето невидено кој ти е филмо што се ставаш во центар на внимание ко завршивме пред 7 години јас ти идиоте мавни ми се очите ке ти ѓи извадам ко ке те видам.БУДАЛА СО ТАПИЈА
Леле луѓе бе што све има по светот !!Денес бев во државна на контрола на очно и не ми се веруваше на очите и на очите :geek: Си седам културно јас во чекална си чекам нели да ме викант, и спроти мене седи една жена околу 45 години со син и , а тој колку што го проценив 16-17 години можеби и повеќе. Му ставаа капки за ширење на зениците и треба да се мижи, и дечково без никакво воспитување можам да кажам ни култура уште помалку однесување за неговара возраст како мало дете “ МамооООО, абе уште колкууу , мамоооо..овие незнаат јас нема да седам толкууу мамооо“ а што е најтрагично женава си правеше муавет до друга жена исто што чекаше со детето ама нејзниното ств беше мало дете и без осет да заврши овој пак „Мамооо, абе уште колкуу , мамо бе досадно ми е, нема да седам “ а уште мајка му вика “Издржи мамино уште малку па после ке одиме да ги купиме патиките за кошарка “ Многу се изнервирав , не ми се веруваше, алооо бе толкаво магаре израсналоо , ај што дошол со мајка му ајде, ама на сто личи бее, цела чекална го слушашее , мислам дека и на жената и беше срам ама така си го воспитала кој и е крив, ама бе 17 години бе , за што ја носи главата за украс очигледноо !! Млада сум за деца , ама од сега си имам изградено став и мислење , и имам домашно воспитување и култура што ке има ја пренесам на своите деца , ќе ги направам да бидат луѓе а не ..
што да се испукам?! денов тапа! А тоа мајсторот...ах сум рекла јас со мајстор да си немаш работа. Срамота, дур не те опљачка не застанува...за срамота....
Леле абе Спојлер да ти ебам тоа професорот, да ти наебам, толку ли си глуп бе пичка му мајчина, толку ли не се разбираш од збор, се да ти ебам!? А јас па те испофалив уште. Мрш таму гнасо една, ти кажав и ти пак исто. СЕ ДА ТИ ЕБАМ!!!
Денов е тапа!! ..Бездомните кученца што се ги хранам цело време имав едно омилено Џони го крстив и каде и да одам тоа по мене,ама денеска дојдоа овие од Вардариште и го собраа баш НЕГО! незнам што да правам како да одам да го земам,или да почекам можеби ке го вратат.. леле ууу..
Да ти се сневиди у двоиличниов народ,љубомората ги води низ животот.Па да го ебам што е со светот ? Еден ден најдобра другарка,следниов однос македонец-грк.Ех,боже помогни ми ...
ШТЕ ПОЛУДЈАВАММ не сакав ова да го пишам на ф б оти другар ми е вклучен и ке почне да ме распрашува дома караници тепачки татко ми почесто е пијан и лудница е скоро секој ден животов и онака ми е пекол уште дома лудницава ми фали-не самоубиство,не санаториум, манастир изгледа ке ми биде спасот и добро е во моментов што сум фри оти ако бев во врска-партнерот ни крив ни должен ке си го изедеше дебелиот крај-ок постојат машки што знаат да те смират
Значи идиот најголем испадна!!!! Ќе сме си го задржеле истиот однос..гледам колку го задрживме. Не дај Боже да се заинтересираш за мене како другарка Очигледно дека веќе не ти е интересно моето внимание.. Баш поради тоа и нема да го добиваш веќе. Јас се повлекувам. Ќе се откажам од секаков однос и контакт меѓу нас, доколку ти не превземеш нешто. А баш мислев дека сакаш да се дружиме, идиот!!! Пријатно. Не правам веќе ништо!
Се напнав, прво пепељарата што ми ја купи дечко ми за 1ва годишнина ми ја скрши мајка ми и ми купи нова, еве само што ја скршив и јас другава-ептен ми е криво, ниту еднаш не ја употребив. И други такви ситни имам испоискршено. Мака ми е, последен период многу сум малерозна, уфффф се мрзам самата себе. Ми се плаче ми се рика а не знам зошто.
кога другарка ти ке запне да се видите а ти баш тој ден имаш испланирано нешто друго- како на пример присуство на интересен настан(во случајов Тенкс гивинг)
НEMOЖAM ВEЌE!!!!!!!!!!! До кога ќе трошиш пари по кафани да пиеш и јадеш, а кога ќе дојдеш дома не ти се допаѓал ручекот-помија бил. Оди лечи се бе будало со време најголем пијаница си станал бе, освести се, знаеш ли колку пари трошиш по кафани бе, ти ќе си се најадеш не ти е воопшто гајле за другите дали и што јаделе. Дали знаеш како ми е во моментов, колку само ме боли тоа и после ќе кажеш татко си ми бил, си ме сакал. Така ли се покажува татковската љубов. Знаеш ли како ми беше кога поради твоите глупости што парите ги трошиш по кафани бевме 2 пати исклучени струја оваа година во рок од само неколку месеци од кој првиот пат бевме без струја 10 дена, знаеш ли колку е само тоа болно и тешко за мене. А вода и парно бевме дојдени до работ на исклучување, знаеш ли колку се тоа премногу стресови за дете кое има 16 години, како тоа дете да се оформи во вистинска личност кога е постојано под некој стрес. Кажи ми како да се чувствувам и како да не бидам под стресови кога ти и последниот скршен денар што го имаш би го дал на друг, а за семејството не ти е ни гајле дали ќе има пари и за леб. Кажи ми како да не би бидат секој ден очите полни со солзи кога секој ден ти се враќаш од работа во пијана состојба како да бидам силна кога секој ден сум под стрес. Како да бидам среќна како и сите останати деца кога во овие мои 16 години ниту еднаш не сум била на годишен одмор. Све ти немаш пари за своето дете и за својата жена, а на сите твои роднини(браќа, сестра...)им даваш пари во секое време без размислување и без да бараш да ти ги вратат. Ти за сите други изигруваш Мајка Тереза, а за своето дете и за својата жена ти си едно најголемо ѓубре. Ми се гади кога те гледам. И после сакаш да те сакам како татко. Па дај стави си го прстот на главата и помисли дали го заслужуваш тоа.
Да.Да.Да....Да бе!Даааааааааааааа! Аха,така е...да.да.дааа.... убаво,секако.... мхм...душа мачна... мува без гла?Паа-ДА! ако...кога се работи за тебе ако.... Серко..Мочко еден мочкосан!(Excusez-moi ) Во Драгорот?Да се фрлам?Со задоволство бе срце..стрела в срце да те погоди(прости Господи ) Смирена? Да...ептен...вухууу парти ин да хаус издание сум бе срце ...Ма бегај таму ој фрли се! Дете болен си во умо! Рекле кој нема во главата има во петиците..ти ни таму немаш!Ајм сик оф ју Да одиш кај матичнио на преглед-ум да провериш кој ќе издржи од ова појќе-милка го частам! Пуууууууф!
Просто ми се повраќа кога гледам какви станале луѓево.. или пак отсекогаш биле такви,само јас тоа не сум го гледала. Искреност?! Доверба?! Ма неее, све тоа е станато дел од митологија. Каде оди светов бе?! КАДЕ?!! Спојлер Ајт, одам јас да повраќам во име на луѓево. Ми се чини цел свет ми тежи на градиве..
Абе го мразам животот овде. Освен топла домичка на друго место никаде не ми чини. Насекаде малограѓани, душкала, искомплексирани, оговарачи, сељачишта, квази богаташи, невоспитани детишта, празноглави покондурени тикви, ши*тари Не можам да ги гледам луѓево, жими СЕ!
Потресена сум,потресена и вознемирена.По сопствена вина, по незнам кој пат.Неможам да најдам начин да се смирам.Ни умствено ни телесно.Ни да го најдам правилниот пат.Како намерно да се губам на мапата, секогаш отскокнувам и со создавам непријатности.Идиот.Колкав идиот сум и после сама си сум крива за се.На крај на краевите, човек единствено себеси може да се натера на нешто што не сака.Непромисленост, детинетост,себичност и сите погрдни зборови ќе ги употребам со ред за да се казнам.Јас сум една голема срамота за себеси.Нема ден во себеси длабоко да не воздивнам во име на совеста која ме мачи.И минута подоцна да барам изговор за да најдам утеха.И после во редослед, нели да ја повторам грешката.Само се прашувам колку пати треба да ме касне за задникот пред да се освестам ? Уште колку пати кармата да ме казни за да се откажам од глупирањето долгорочно ? Такоречи, да се пензионирам.Мене од глупирање ми треба бенифициран стаж, по со време. За да престанам да ги собирам солзите кога ќе го прегрнам.Да престанам да го гризам јазикот до болка секој пат кога лажам.Станав имуна до тој степен што некој ден сосема ќе го одгризам и ќе се запрашам дали молкот ќе е одговор за молбата за мир која тежнеам да ја најдам во животот. Господи, казна не помага, научи ме, насочи ме сакам да ти бидам вечен слуга. Предолго пешачам во погрешен правец.