Леле одамна си го чувам ова во мене зашто сметав дека никој освен тебе не е достоен да ги трпи овие зборови, ама затоа постои темава, за да не страда никој, нели. ОВЦО ЕДНА Спојлер да се разбереме, ова никогаш не би ти го рекла од почитување кон нашето пријателство, ама сакам да доловам колку сум бесна , како не ти е срам?! За кого мори од дома (практично) ме избрка? За кого? За кого ти цути, Дано, лицето? Не е, не е за мене. Е не е за мене. Ме кашира како јогурт со истечен рок на употреба, како влажно марамче со твојата пудра од сабота навечер, за да го решаваш прашањето за името (тоа е битен елемент во вашата врска) со новопечениот дечко во спалната соба на неговите роднини кои тој ги гледа по втор пат, а ти нема да ги видиш никогаш. Не ми се веруваше кога ми рече: „Извини, ама мораш да ме сфатиш“ и ми ја направи таа puppy фаца, а може и беше онаа на Puss in boots, веќе не ме држи толку меморија. Што мори морам да те сфатам?! Ништо јас не морам да те сфатам?! Што да сфатам?! Да сфатам дека се забрав во друг град, на сопствен трошок секако, со огромна желба да ја посетам личноста со која делев буквално се‘ цели две години, само за да бидам избркана од истата да си се вратам дома? Тоа го нема во дефиницијата за госпопримливост, драга моја. Да не бевте видени два месеци па сакате поштено да си се изе*ете, можда и ќе разберев. Ама фактот што пред три дена си дојдовте од одмор (за кој одмор и јас лично бев испревозбудена зашто ми беше премило за тебе зашто прв пат одиш на одмор со дечко и едвај чекав да си дојдеш и да ми кажуваш импресии), а веднаш потоа ми се ваѓаш со изговор дека ти требало време насамо со него, е тоа ме разочара. Тоа ме натера да сфатам дека ништо не ти значам. Тоа ми покажа дека другарките (барем оние како мене, кои не ја поддржуваат твојата идеологија) ти се само попратни станици во животот. Дека јас, како другарка, не заслужувам ти да се трудиш да го одржуваш во живот нашето пријателство, туку треба да ти бидам другарка по дифолт и да се сложувам со се‘ само за твојата врска да биде во полн цут. Не знам дали повеќе болеше фактот дека ме избрка (ама елегантно, не во обезбедување-во-миднајт стил) од дома, или фактот што вртеше по другарите и другарките од твојот град да најдеш некој кој ќе се сложи да ме дружи вечерта, да ме шитнеш нели кај некого за да си завршиш работа. Жими се‘, компас изгубив до кај стигнав со постов. Боли да знаеш дека некој заменил четири години со тебе за четири состаноци со некој друг, потполно непознат човек (зашто уште по првата недела јас знаев дека работите нагло ќе се променат). Болеше, зашто во моментите кога ми беше најпотребна и кога ТИ беше единствената која можеше да ме утеши и да ми помогне, во тие моменти ти ме остави на цедило. Поважно беше да му ја докажуваш на љубоморниот дечко (истрауматизиран од некое претходно искуство) својата верност (при што и самата знаеш дека во ниту еден момент не му даде повод да се сомнева), отколку да бидеш тука за другарката (за сестра те сметав ееееј!) која се разбуди со СМС порака од фраерот дека се смирил со бившата. Ооо како болеше, како со нож да ме пресече некој болеше. И ми беше срам. Срам ми беше да ја лажам мајка ти, да ја мотам дека ми се зажелило да си одам дома само колку да не и‘ кажам какво смрдено суштество чува в куќа. Си го враќам филмот наназад и се прашувам: толку ли беше способен да те промени (односно да му дозволиш да те промени), или ти беше таа со способност да се преправа? https://www.youtube.com/watch?v=qTbur-epehI
Сакам да кажам... Ех, мојата хумана страна. Не знам за вас, за мене добар знак е кога нечиј пилешки мозок се замара со мене, чим се замара со нешто значи малку од малку си се развива Апел до сите малограѓани, не ве провоцираат, не ги провоцирајте луѓето. Не ширете идиотизам и трачеви насекаде колку да ве забележат, познат е вашиот менталитет и без тоа, аман. Не знам како други толерираат вие така гнасни да им валкате имиња, важно од мене понастрана, назад в дупка.
Жими здравјето што го имам! Секој месец обавезно во болница. Или е температура, или пневмонија, или нешто шинато, или со јајниците некој проблем, или не знам што веќе. Ама битно во месецлт барем два пари сум во болница. Понежен човек од мене нема кога се работи за здравјето. Почнувам да се мразам себеси.
Интересни ми се бе. Like-нале нешто кај мене што им било интересно, па после брзо-брзо unlike, оти им текнало дека сме се спречкале некад/ у јавност се праат фраери оговарајќи ме (и тоа било фраеризам, бреј)/не праиме муабет. Константно и тоа се` од исти особи. Не е крив авторот на нештото коешто сум го споделила за вашите емоции кон мене. Ако ви пречи моето виртуелно постоење во вашата листа на пријатели, направете ми ја услугата и избришете ме, ич не се устручавајте, границите на мојот свет се пошироки од седење пред компјутер. Ветувам ќе ви пратам по приватна порака честитка со благодарница.
Значи колку е само суров животот, во една секунда и те нема зоштооооооооо се случуваат вакви работи зоштоооооо???? Зошто ке му се на Господ млади животи кои ништо не искусиле во животот ????? Значи беснааа суммм и во исто време тажнааа, премногу тажна не можеше некако да спречи да не случи тоа ???? Се молам само да оздрави едниот, а на овој другиот нека му е лесна земја и дај ни сила на нас живите да можеме да издржиме во вакви моменти....... R.I.P
ќе зеам ќе фанам ќе те утепам, да ти еб*м свекрвиште едно гадно, НЕСАКАМ МОЈАТА СОБА ДА СМРДИ НА ТВОИТЕ ОТРОВАЧКИ ЦИГАРИ И ПОТ И ДА МИ СЕДЕШ ГАДНА НА МОИТЕ ПРЕКРИВАЧИ, БЕГАЈ МИ ГИ ГАДНИШ И СМРДИШ, ЦЕЛ ДЕН ДА НЕ МИСЛИШ ДЕКА КЕ ТЕ КАФОСУВАМ , ААА ТААКА АА, СЛОбОДНО ЛЕГНИ СИ , АРНО, МОРЕЕЕ СОСЕ КРЕВЕТ ЌЕ ТЕ ФРЛАМ , ЛЕЕЕЛЕ ВО СЕ СЕ МЕШАШ, МИ ГО УНИШТИ ДЕНОТ , МРШШШШ БРЕЕЕЕ ГАДОТИИИ
испив две кафиња ме боли по малку главата и стомакот и АМАН со овие работодавци-им звониш со денови или не достапни или веке вработиле некој друг или не ти крева брате мили ако е зафатен-читај озенет или во врска па ти ако сакаш окозисе од вртење ту што земја ке бевме
Денес два пати се воздржав да не заплачам. Тогаш ми е најглупаво, затоа што не паметам од кога немам плачено, а кога ми се плаче не можам заради проклетите луѓе околу мене. Се чувствувам толку глупаво. Почнувајќи од фактот дека една од најдобрите другарки неверојатно многу ме повреди. Најверојатно ќе ми треба едно година време за целосно да се опоравам од тоа Посакувам да не бев злопамтило, ама не можам. Кажаниот збор боли. Ма не боли, убива од болка. Друго за ништо не ме бива Земав да сварам кафе на мајка ми демек да направам добро. И ѓаволот како што ни ора, ни копа, кога го поткачив ѓезвето и буквално цела кујна со кафе ја направив А кујната реновирана летото, од иверица, ако оставам мокро кога ќе набабре тоа иверицата.... Па ајде бришам јас цела кујна, таква смирена и смирено пцујам Трето, овој мојот како некој отровен гас да шири Поминува покрај мене, онака ладнокрвно и како помине се повеќе ми го труе срцето. Да му го е*ам векот на се по ред
Како можеше дедото сабајле што идеше да пазари, да се врти како вџашен и полуден по една мајка која го носеше детето во училиште? Тој непрестајно гледаше и се вртеше по нејзината ќерка, која претпоставувам е заболена од церебрална парализа! КАКО САМО КАКО? Како можеше сабајле идиотите на пешачки да застанат со своите автомобили да го блокираат преминот, за една мајка со две слатки керќички кои ги носеше накај училиште, а поголемото беше едно преслатко девојче со даунов синдром? КАКО САМО КАКО???????????????? Како можеше двајца родители со многу загрижувачка социо економска состојба или поточно на работ на егзистенција, да се караат и лудачки викаат на сред улица, пред нивното многу слатко и преубаво девојче кое сигурно имаше едвај 2 години? КАКО САМО КАКО? Срце ми се кине на вакви глетки и случки, а не можам ништо да променам. СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
Со кој памет ма жено? Деца од седум години се, не од седумнаесет, па да ги задржуваш дополнителни два часа. А зошто си ги задржала? Поради твоите глупави каприци! Да се засрамиш од професијата што ја имаш.
ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ВЕКЕ ОД СЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!! не можам да издржам повеќе,ке пукнам не е фер ова што ми се случува,со што ли го заслужив овааа
Ќе се испукам,ама позитивно ќе се испукам! Значи крајно сум изреволвирана со одлуката на МТВ1,Растур бенд да не биде меѓу учесниците на Скопски шо ќе е на 12 ноември онаму,туку да сме биле специјални гости демек супрајз ќе сме биле!Ма каков супрајз,еве пред сите кажувам дека Растур бенд ќе држи музички штрајк-нема супрајз,не пееме на Скопски.Се одбила нашата песна Во светот на,заради шо била ко за деца од прво одделение.Епа е,ама оти бе да не се конпетишаме...барем Виена ќе ја видевме....ццц Жалам растурбендовци,трета среќа следната година...туф
Симонче,душо,не биди тажна,ќе се пријавиме на звезде гранда,сигурно ќе просперираме! Ние сме уникати бе,онаква песна и ваков состав на бенд никој нема!
добро дали има нормални луѓе во oва школо дали навистина може да се најде ЕДЕН човек од сите кој не се прчи пред сите , не се кара со сите, не и така натаму.. you little BI**ES ASSHO**S невоспитани деца, мајмунска нација
Упм и на здравството.Од пред 10 часот сум излезена, кај матичната докторка бев и дури сега се враќам. И велам ме повтори пак грипот, температура качив висока, глава ме боли..и знаете што ми рече? Јас сум си измислувала.Браво бре, аплауз! Човек треба да им умре таму за тие да реагираат? Па, мислам така треба За едно мо*ано оправдание чекав, уште и на контрола да сум одела.Да, нема проблем. Страшно изреволтирана сум упм
Глава ме заболе само што помислив на зборот кој започнува на буквата К и има 6 букви, ми се лоши од КРЕДИТИ Епа нека ми е на здравје и мене првиот, ама па после газето ќе си го возам во Опел Зафиричка На есен еден, после на пролет уште еден, е тој на пролет ќе биде весело је веселооооо Велком ин д риал ворлд мај дарлинг, велком, кредити, банки и разни тракатанци
кога ке биде овој САЕМ НА ЗЕНА веке аман не мозам никаде да најдам знае ли некој бе зени??????? хелоооо
До кога вака? До кога ќе се трпат беспотребни навреди и издеравања?! Па добро бре,како може да има толку бесчувствителни луѓе на кои солзите на нивните блиски луѓе ништо не им значат? Ни малку осет да се нема! Па и кога прашуваат зошто овој е олку негативен,зошто оној има проблеми со депресија и нарушена самодоверба...Па да ви се плукнам во паметот,вие сте виновни за тоа,навредувате секогаш и се трудите да го омаловажите некого во секоја прилика која ќе ви се укаже! Како може да очекува некој почит од некого кога тој не почитува никого?? Ама не,како што велат самите,тие ништо лошо не сториле,никого не навредиле...Аха,да. По ѓаволите нека оди животов и сите идиоти во него!!!
Добро бе глупи луѓе, наместо да ми честитате вие урочувате за мојата врска дека повторно ќе се скарам со него и повторно ќе плачам Најдобро е да си молчам додека не добијам желба да убијам некого.