Тишина,тишина,тишина...само ова ми се врти во глава деновиве,сакам да сум во соба каде владее апсолутна тишина,никаков контакт со био кој.Да си одморам неколку дена и добро би било. ~ Кога луѓето би молчеле наместо да кажуваат нешта кои уште повеќе те вознемируваат во оние моменти кога не можат да се стават во ваша кожа и не сфаќаат како се чувствуваш,би било добро. Едноставно не кажувај ништо и не ја влошувај ситуацијата.
и сите ти веруваат колку само си добар и секогаш расположен а ниту сам не си веруваш кога се погледнеш во огледало! Никој не те знае доволно, секој верува на тоа твое однесување, сите сакаат како зборуваш, како се однесуваш, сите те гледаат и си мислиш дека си ок, не си! Сам си, осамен си, се што правиш го правиш за да си зафатен само за да не чувстуваш она што навистина го чувствуваш-дека си осамен и дека ти фали се! ти фали искрено внимание, ти фали мајка ти, ти фали градот, ти фали сестра ти што е далеку, страв ти е да се соочиш со стравот од тоа дека си сам. Го мразиш то чувство, го сфатив тоа уште при првиот муабет, при првата средба, те прочитав, признај си веќе едншка сам на себе. Не на мене! Признај си сфати како ти е и поработи на тоа, не се криј од се. Покажи она што го имаш а не она што другите веруваат дека си. Тешко е кога човек гледа како не може да помогне на некој. Сакам никогаш да те немав сретнато, да не знаев дека постоиш, никогаш да не се сретневме, никогаш да не отидов тој ден таму, на местото кај што се запознавме, сакам да немавме заеднички пријател за да не запознае, се беше така совршено пред тебе. Никој не ме знаеше пред тебе, сега е друго, не сакам да ме знаат, не сакам да знаат за тебе, не сакам да знам за тебе ти сакам да бидеш НИШТО за мене, и мразам што напротив не е така. Би пишувала предолго за се што мислам за се што ми смета, за се што не сакам во врска со тебе, не сакам да знам дека постоиш, не сакам да го слушам од други секој ден твоето име и како на секој начин те поврзуваат со мене, не сакам, сакам да сум своја на своето а нечија. Нечија а вистината е дека сум сама. Барем да имаше повод и причина сите да зборуваат за нас. Ние не постоиме. Никогаш нема да постоиме. Отиде.
Да ми е да знам кај згрешив толку! Во рок од 2мин прво најсреќна вест одма после тоа БАМ одземја! Ми иде глава од ѕид да си мавнам да се закопам и да останам таму FOREVER!!! Не сум биполарна, со причина е, животно прашање! ЗОшто волку неправди ЗОШТО АМАН!!!! Преку васка ми е да се праам силна да глумам дека се ми е пуно рамно, не можам веќе. Не ми се живее ова е претеризам. Уште колку искушенија тестови бе дедо боже како не ти се смачи и на тебе
ееее до каде стигнавме живи ©раамотилоци денеска човек на улица буквално умираше а бе еј никоој да застане да праша што ви е добар ли сте да не треба помош не бе тоа копиљаците од тие мочани телефони подалеку од носот не гледаат а бе само ќе погледнеа онака ради реда о пак јхггн
Никако не ги разбирам оние што бараат некаков совет во врска со проблем, се жалат, добиваат совет, па на крај се лутат зошто воопшто другата страна кажала нешто,бидејќи погрешно разбрале. Па wtf?! И да е најдобронамерно кажано, повторно наоѓаат рачка само за да се налутат. Кога нешто не ви одговара, а барате само оправдување за да направите нешто во врска со одредена ситуација, не барајте совети. Правете како што мислите, барем нема другите да ги замарате и беспотребно да правите тензија. Друга работа, колку повеќе човек се труди да изглуми и прикрие дека нешто кај некому му смета, толку е позабележливо. Едноставно се чувствува тоа. Кажи јасно и директно што мислиш и што ти смета, па да е расчистено,а не и двете страни да глумат дека се' е океј меѓу нив. Од глумење аир нема, кога-тогаш се открива се'.
Зошто дозволувам една личност да ме нервира? Зошто ај? Зошто мора само да се правдам пред некого и уште крива да излегувам за се? Глуп е животот, и поглупо нешто од човек нема. Поарно ко животно да си се родев, не пребирам што ете и коза и овца што било, само да не се замарав со глупаци. И секогаш викам ќе вртам нов лист, значи секогаш...епа каде е ајдеее каде е листот Јас сум секогаш тука за сите, а кај се тие сите за мене? Ама ако убаво ми прават, убаво ме ебат во здрав мозок, убаво ми е.... И мразам родендени и изненадувања...абе ај, немате по 1 година туку 20+ ВИкни најблиски другари/ки, дечко/девојка и по еден сок части ги...што треба друго? Цела кафана да се пие, да се јаде за еден глуп роденден? Добро ајде ќе ја земам цела плата од татко ми само за да го прославам роденот А нешто слично и за Н.г. ама за тоа па да не навлегувам....пошто нели други денови не треба да се пие, да се јаде, да се живее туку само за вечера за н.г. се трошат по 15.000 ден. Абе лечете се, и не сакам никој да ме замара ни со дочек, ни со пречек, со ништо. Крај на ноември и цел декември за тоа се зборува...стварно? Убијте се, ако живеете цела година само за дочекот Полесно ми е дека ова го пишав и се испукав? НЕ. Замина една "другарка" да спие, а си стои онлајн веќе 15 мин....значи ете колку сум ја замарала Ајде и таа сега ќе биде отерана...
Дочекавме во веков и да ги потценуваат и накриво погледнуваат луѓето кои доаѓаат од помал град. Па вакви биле сите од тој град,па селски зборувале,па биле провинцијалци,вака правеле,онака правеле,дијалект ваков или онаков. Jeez,луѓе ... Поделби и генерализации-машала колку сакаш.Тие од тој град најглупав народ на свет,а оние од оној град сите биле лицемерни и сељаци... А ти,научно истражување,анкети правеше па донесе ваков заклучок,м? Никако не можам да ги разберам таквите,ама најсериозно. По интернетов се изначитав вакви глупости од секакви луѓе,а прв пат во живо такви сретнав на факултет,да не раздробувам за примерот што и како. Не комплицирајте беспотребно и не донесувајте заклучок за нечии особини врз основа на местото на живеење.Важно е човек да може убаво да поразговара и размени мислење со некого,на културен начин,а потеклото и градот од каде што доаѓаат воопшто не се важни.
Од тапкање по рамо имам хронична болка... И тоа, браво, алал да ти е ти можеш... Ееее нема више... Или смени ми статус и дај те ми плата според тоа што работам или јас ќе си седам на страна како другите "работници"
Некој си учи за колоквиум, нема да спие, рано полага, а некој во кафана си игра, си јаде, пијан камен, слики, клипчиња....Еј животе, свесен ли си што правиш? Јебем ти мајку у три лепе пи..... ај се нека се гони по список. Издржи, издржи, издржи, диши длабоко, се ќе помине, дишииии, дишиии
е веќе стварно не можам да издржам. навистина го претера. се трудиш да бидеш фина, коректна кон неа ама пак не и чиниш. цела заштеда ја потрошив за да ја изнесам на еден ден, за да се почувствува поубаво. си викам ај одамна не е излезена, нека излезе малку нека прошета, да се помеша меѓу луѓе... и за што за на крајот од денот да ми рече па не мораше да ме изнесеш знаеш, никој не те тераше. не ми беше проблем и онака не беше некоја голема заштеда ама кога веќе не си сакала да излегуваш со мене што не ми кажа порано, можев на друго да ги потрошам парите. не ми е криво, убаво си поминав цел ден излезена, се забавував, ама не ми кажувај дека и ти си си поминала убаво кога на крајот од денот викаш дека не сум морала да го поминам денот со тебе. А да кажев дека не сакам да излезам со тебе ќе беа паники, па види ја не сака да излезе со мене, јас за неа се правам, она не сака ни со прстот да мрдне. Врти сучи јас сум таа што не чини. Па да, се разбира, како и да направам не ви одговара, ако кажам зошто кажуваш, ако не кажам зошто не кажуваш. Не знам више што сакаат од мене, ќе пукнам еден ден.
Aaaaaaaa ludilo me fakja vekje do koga be vaka ? Do koga kje bidam jas kriva za sve ? Pa i beninjava nikako da spija eve vekje 4 ipol e i posle sakam da stanam sabajle i da sredam sve i da imam malku vreme za sebe da si ispijam kafe kako covek bez nekoj da mi smeta epa nema be krejzi , taka e koga imash eden mal palavko i edna kerka so e tatin sin u stomak pa te nonstop -.-' pa i treba sabajle da stanes u 6 da ispratis nekogo na rabota .. Spi sega da te vidam
Абе ќе се испукам јас....ама од смеење! АХАХАХАХАХАХААХ Е НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ... Добро бе...чеј,од кај да почнам? Ај од кај мајка ми...играа Манчестер Сити(фудбал де) и има таму еден фудбалер Сања шо се вика така чоклет боја е батето.Е сега мајка ми работеше нешто во кујната и са пуштен телевизирот се глеа фудбал и мајка..абе царица еј,му вели на татко ми:Абе која е оваа Соња?Почна и жените да ги гледаш? Ај то,ами со кој памет се давало презиме,кој во буквален превод значи ПИЈ ВОДА?! Значи има еден фудбалер во Премиер лигата(англиската фудбалска лига) кој игра во Лестер(првиот на табелата во Премиер) и се вика DRINKWATER Да,да..убо прочитавте..така му е презимето на чоеко И така сме кај Лестер,има еден фудбалер шо е стрелец во првенството...човекот се вика Варди... по нашки преведено чува...Треба да се вардиме од Варди значи Ех ќе пукнам готово Ух(како рекламата од гуте-фрухте..)
Пак јас...и пак од смеење..ама сама овој пат Со тато се договаравме за да го гледаме Виенскиот концерт на телевизија кој се емитува секогаш на 1ви јануари...е и јас сакав да кажам:секоја година истото,јас кажвам:секој ден истата година е не сум токму И ТОА НЕ Е СЕ! несвесно цело кило ај да не претервам пола кило јас зедов семки и то непечени така ставени во сад спремни да се клат за печење в рерна...јас.....ги изедов.....очекувам во секој момент да залетам во ватер кабината
Се сакате по ваше да биди а??? Епа нема бе....до кога бе ? Мислите некој зависи од вашето вниманиеее? И како тоа напаѓате личност која само 1 во живото ја имате видено и имате разменето само 2-3 збора...Ми се гади од вашето понашање .Заникаде сте бе со тој памет нема да стигните никадеее И не не идам за нова година со вас...Подобро сама од колку во лошо друштво...И да,ќе го бранам дечко мие (во право е !!! ).
Ах мор Симоно мори....зошто ли,зошто ли не се научи како се чита? Се читало ли Вашата шминка низ чипси наместо Вашата шминка низ слики?