Ќе го запалам ПМФ бе...како може толку да не малтретираат и ние сме луѓе бе ..како може од понедалник до петок да дремеме без ниеден слободен ден ;@@@(на ниеден факултет тоа го нема) Како ние да седнеме да учиме кога време немаме ?Како може како.....аман више од нив..од се има спас од ПМФ нема
Баш ќе се деси да немам интернет дома кога имам идеја за уредување слика шо треба асално да седнам да си ја напраам на онлајн страница, кога имам листа филмчиња за глеање... и ко врхунац ќе се деси да снемам баш тој ден од годината кога се одржува Сан Ремо Браааво бе Марфиии!
Значи многу се нервирам кога некој ќе ми соли памет за храна од тв, таканаречен доктор. Па после сите по препораќите ќе одат. Најади се наутро и подоцна на салати, брееееееј...просто македонче. Ако сакам да јадам, ќе јадам што сакам, мене никој нема да ми каже, па дури ниту мојата мајка која страшно ги слуша тие телевизиски совети, ако сакам нема да јадам воопшто и ќе цркнам од глад ама нема да дозволам некој памет да ми соли како да се хранам. Денот ми започна со нервози, подобро здравје
За жал луѓето се толку себични. Јас па јас. Се нема почит спрема друѓите луѓе, спрема својата земја, спрема најблиски, спрема предците, спрема оние што не створиле и родиле. Буквално спрема никој. Секој си гледа само за себе. Жално, многу жално.
Мореее браво. Браво жими се. Со прости луѓе ко ќе си фатиш работа шо можи да се очекува.... Уште многу малку трпам жими се. Оди у пм. И подалеку. Злобна ти сум? Океј бе злобно има клоците да ти ги удрам. Да не се знаело да се цени бе море море мореее.... Ќе има луѓе шо ќе ме ценат. Преку ми е од се.
Колку пати треба да изгубам за да сфатам дека е готово?! Уште колку пати ќе се понижам и ќе направам дебил од себе? Се е јасно, се е толку кристално јасно, а јас сум се фатила како слеп за стап. Се нервирам и ми доаѓа да врескам и се мразам сама себе зошто на сила се правам глупава и се понижувам ... Да проклето сакам да се врати времето и повторно да ги проживеам истите денови ама мора да прифатам дека се е минато и дека мора да се фокусирам на сегашноста. Се изгубив себе си..на цело се изгубив. Неописливо сум си лута и никој не може да го згасне овој гнев и оваа нервоза во мене ... Зар ми личи ? Хм.. Само сакам да лежам,да слушам музика ..без никој да ме замара, без никој да ми зборува.. да се казнам сама себе додека не ми помине овој глуп период. До тогаш..аривидерчи.
да ти се плукнам у дечкото што не знае на "другарките" да им го покаже местото!!! ако сметам јас слободно нека каже... значи другарки ти се... од кога почна толку блиски да бидете гушкања, нон-стоп на телефон... и не сум љубоморна... само местото нека и го покаже што толку се меша во се таа "другарка ти" ?!
Господе мили шо дочекав...долги коси,поуба му е од мојата.... шо дочекав...машко да ми вели метил имам на косата
Аман бе луѓе остајте ме!!!! Остајте меееееееее!!!! Денес не сакам со никој да зборам , не сакам никој да ми пишува , не сакам никој да ме замараааа!!! Не ми треба муабет ,сакам да сум сама. Да , раскинавме... Нема да се самоубијам , нема да се зачленам у Алкаеда , нема да паднам у депресија. Само сакам да спијам и на се да заборавам... Фала многу , пријатно.
Среден прст до Нумерус што ми одземаа драгоцено време и енергија. Како да ми се малку сите тие задачи за натпреварот, па уште и грешки во задачите имаат. Едно бројче згрешиле и отиде цела задача, па ќе се мислам јас дали сум стварно толку глупава една задача да не решам. Па уште и во решението во следниот број го поправиле и го решиле ко ништо да не било. Абе ај мрш таму!
Исплашена сум. А и не знам баш дали како страв можам да го дефинирам ова чувство. Повеќе како напнатост. Поради нешто за кое не сум ни сигурна дали ќе се случи. Влегувам во темава за демек да напишам како ми е. Седам и зјапам во екранот, едвај излегуваат зборовите од мене. Тешко е да живееш со "што ако", тие две зборчиња ти ја исцрпуваат целата енергија. Ама не сакам пак да поминувам низ истото. Не, не и не... Се плашам, да еве признавам не сум толку храбра како што изгледам отстрана. Зад мојот препознатлив ладнокрвен израз на лицето се кријат солзи и непроспиени ноќи. Но не разбираат, повеќето.Не го избрав јас ова, не сум будала до толку. Не знам ни како дојде ова чувство во мојот живот, како се всели во мене. Ова само ми го отежнува животот а јас се држам како давеник за сламка. Не знам ни дали ќе спијам вечерва, не знам ни дали да се обидувам да заспијам. Само чекам и се надевам утре се да биде ок. Срцево како да ми прескокнува од целата оваа анксиозност и напнатост. Само се да биде во ред. Само да не биде залудна оваа борба. Не сакам веќе да се будам на перница мокра од моите солзи. Слаба сум и страв ми е.
Јас колку што знам задача на професорите е да не' мотивираат и научат нас студентите на нешто кое ќе ни биде од корист во иднина кога ќе дојде време да бараме работа. Зошто поединци од вас се трудат да ја убијат секоја искра од која добиваме мотивација за учење? Што постигнувате со тоа? Со таа ваша претерана ароганција и тоа што не се трудите за да направите предавањето на материјалот да биде полесно и поинтересно не постигнувате ништо, ова веќе не е средно или основно училиште па да ни биде многу лесно и од едно читање да го научиме. Понекогаш губам желба и на одредени предавања да присуствувам, не од причина што не сакам да научам нешто ново, логично е дека сум на тој факултет бидејќи баш тоа сакам да го знам и научам, туку поради тоа што буквално некои професори осет немаат. Господата каснат по половина час на предавања, па кога ќе дојдат се дерат зошто бавно одело предавањето на материјалот,замараат по 20-30минути со тотално неважни работи кои не се поврзани со она што треба да го учиме. И на испит ми се случи да касни професор скоро половина час, а на крај уште и 1 час ни скрати и рече да привршуваме со пишување, и така наместо 3 часа, имавме само 2 часа на располагање. Најсериозно, ако немате трпение и волја за работа, зошто го работите ова? Зошто некои од вас прават на студентиве да им се одбивни предавањата само поради вашиот чуден карактер и тие заплашувања? Во војска не сме. Аман.
Еее барате овде да се испукате абе ајде...Ако не идите да се испукате на тој што ве изнервирал на тој треба ова е само на празно пишување и мачење