Значи неможам поќееееееееееееееееееее Ќе пукнам ко костен готово Готово поќе не ни се дружам со некој ни ништо....АБРЕ СВЕ ЈЕ ЛАЖ!!!!! Нема љубов,нема пријатели,нема ништооооооооооо!!! До сега сите праеа будала од мене,ама ако јас му дозволив ама среќа се сетив да кажам СТОП! Now it's my turn!
Се бара дечко за матура да биди партнер.За мене значи.Да. Задолжителни услови: 1.Висок метар и 70 2.Плава коса 3.Плави очи 4.Да ја има она полунасмевка шо ја прат сите лепотани така за кога ќе се сликаме да личи на нешто 5.Бели заби цут како млекце(со колгејт вајтенинг титс паста да си ги мие иначе ќе го носам на заболекар да му ги строса ко бисери) 6.Костумче од Армани и чевлињата да сјаат како Сонцето така да сјача 7.Косичето да му е со фризурата како последниот мохиканец 8.Кога ќе се сликаме таму пред ресторан да застани како шо ќе му наредам јас и точка 9.После можи џенем да ој до тука ќе му е платено 10.Море ќе забораев...да ме земи од дома и однеси до ресторанчето и да се поздрави со сите професорчиња Цена:500 денари доста ќе ти се П.С. Не сум сериозна во врска со постов,да не му текни на некој шутарка... иначе не пишам на ДМ сат ако помисливте на то
Неможам да разберам во што се претвори светов или секогаш беше вака?! До кога со лицемерие до кога со лаги не ми е јасно. Па неможеш еден пријател да најдеш душата да му ја отвориш ,да му се исплачеш... Лицемер до лицемер. Неможам повеќе да поднесам никого се ежам од вакви луѓе!!! ПРЕСТАНЕТЕ!!
Што ми одат на нерви оние овци вработени во јавни установи? Една работа имаш глупачо. Да се јавуваш на телефон кога ѕвони. Вртам цело сабајле и идиотката си го оставила телефонот отворен и зафатено цело сабајле. Море кога ќе ти дојдам ни родената мајка нема да те спаси. Јас ќе искачам од работа и ќе губам време само за некоја шмизла која знае да се лакира цело време. УФФФФФФФФФФФФФФФФФФФФ
Јас така пред неколку години, се јавувам на Железничка да прашам за воз до едно место. И ѕвонам еднаш и не се јавува, ај пак, ај 6-ти пат се јави и онака ко зомби ми збори и ја и викам абе кога има воз за до таму. И се испокаравме нешто и на сред разговор ја опцув и и затворив слушалка. Незнам што ми стана тогаш, зошто јас сум мирен човек и не се расправам. Џоа ангелче сум devil
Значи колку ретардирани, глупи, невоспитани членови има на форумов, тоа е страшна работа. Ама добро е што има опција игнор и веќе да не ги гледаш ретардите.
Да ме праша некој кој ден е, гарант ќе згрешам. Не го зборувам ова напамет, ми се случи многупати во изминатиов месец. Не знам каде сум, сè ми се измеша, се бркам со времето. Еве, како пред пет минути да си дојдов од школо, а веќе е 7. Деновиве ми се еден чуден спој од спиење, јадење, песнички за во алманах, сликање за во алманах, екскурзии, учење, тестови, натпревари, презентации за средни училишта, дискусии за „големата“ вечер, напнувања за екстерно, избегнување кавги со соученици, пак учење, домашни, глупави проекти и уште еден куп тотално неважни работи кои наставнициве ги бараат од мене, како на пример „ај заврши ми работа, утре донеси ми 10 копии од уредно извадени прашања за екстерно за кои ќе ти требаат најмалку 3 часа да ги завршиш бидејќи системот за симболи на Ворд се побркува, а во секое прашање има разни симболи, за математика збориме, на крај краева.“ За десет дена ќе биде најважниот ден во мојот живот дотогаш, а наместо да ги вложам сите мои сили да не оплескам тогаш, треба јас да им одам по газот на некои си пуфли кои се мрштат на песничката за во алманахот. Повелете, сами напишете си ја. Што сум се нафатила и јас пак. Вака. Може ли сите да ме остават сега? Сите да ми се тргнат од глава, некако телепатски да искомуницирам за самите да ме остават, бидејќи јас ако им кажам, јас ќе излезам лошата. Никого не го интересира со каков хаос се справувам секој ден. Ми доаѓа да оставам сè, да се преселам на Мадагаскар и да живеам со мајмуните. Kолку што знам, тие нема да ми бараат „10 решени задачи од Збирката“. Сè што сакам е да седам по цели денови и да учам за романтизмот во Македонија, за преродбениците, за Блаже Конески, за Крсте Петков Мисирков. Она што не сакам е да им се оправдувам на наставниците и учениците зошто нема да сум на школо во петок. Едно не разбирам, зошто се мрштат кога ќе го кажам тоа? Особено наставниците, мислам, wtf, зар не треба мило да ви биде што ви го претставувам школото на државно ниво? Досега бев сигурна дека одам по вистинскиот пат. Се гледам горе, се гледам далеку оттука, не се гледам затуцана дома со маж и деца. Знам што сакам, отприлика да. Во ред, сè уште не знам што сакам, но знам дефинитивно што не сакам. И тоа е доволно, за мои години. Дали е тоа погрешно? Бидејќи средината и сите луѓе со кои сум опкружена вели да. Сега се прашувам, да не грешам нешто јас? Досега го вадев најдоброто од себе, и задоволна сум, но освен мене, ми стои како никој друг да не е. Што грешам тогаш? Јас не сум робот, не сум му робот на никој. Не сум ни циркузант, ниту слуга за да ви стојам на располагање во секое време.
Си била Симона Си бил и еден комшија немтур Си бил и еден лепотан од обложувалницата Е,од тој комшијата фајде нема Истото важи и за лепотанот од Моцарт кој патем има женска Јас сум полична секако Симона е малер во лав стори и симона си мава шлаканици... Тхе енд
До толку сум повредена и разочарана што не ме интересира ниту ситуацијава во државата. Наивна сум, исто и не знам да кажам не, брзо ми поминува лутината и не можам да контролирам емоции. Доста ми е да се обидувам да бидам кул за да им се допаднам на останатите, посебно нему. Доста ми е од ова чекање, доста ми е чекајќи го кога знам дека нема да имам иднина со него. Ми се ладат чувствата кон сите, и кон него. Се обидувам со месеци, нели трудот се исплаќа? Зошто тогаш вакви резултати? Немоќна сум кон сите, и кон него, највеќе. Ај гонете се у к*рац, преку таквата ми е веќе.
Вака сега идиоте ненормален (а да те фатам само) 3 дена се маткам нагоре надоле, мењам брава и зошто? Затоа што некоја стока непрокопсана си се мота каде не и е местото. Кој нормален да разбере зш му е некому прстен што има ситна материјална вредност па, после 2 години го вратил чоекот. Чоек нема збор го вратил шо ќе ти обетка и тоа една пази бога ти, не двете, и тоа го вратил. ДА МИ ГО ВРАТИШ ИМБУСОТ !!! И да те фатам мм твоја па, да не знаеш од каде да скокнеш. Мотај се ти ако те начекам нема читав да заминеш !!!!!!!!!!!!!! Не по двор да се шеташ чешмите да ги пушташ, прозори да ми отвараш, КАЧИ СЕ ГОРЕ па, по новиов закон и да те лежам да не ми е криво, ненормален
Денес се чувствувам лошо ко да сум во пмс. т.е цел месец се чувствувам така, одкако дојде тој во мојот живот, ми го пецна срцето и си замина ! Никој неможе да ме разбере, ни другарките, ни сестра ми, а веќе не се трудам ни да го правам тој муабет со нив. Не бил за мене, па ајде краток период го знаеш, па ти си луда за него ке се нервираш !? Па добро де, јас не ли го знам сето тоа? Дали јас сакам да се чувствувам волку несреќно, дали сакам да ме боли душата!? Кога подобро размислам јас не сум среќна веќе цела година, бившиот кој го сакав и почитував цели 4 години, почна да ме зема здраво за готово, долго време се нервирав и бев несреќна. Се борев со самата себе си и конечно ставив крај на врската. Бев свесна дека заслужувам некој подобар. Почнав да се дебелеам и да пијам повеќе алкохол. Блиска личност си го одзеде животот бидејќи падна во депресија, додека приметивме стана доцна.... Се појави тој и само што помислив конечно и јас да почуствувам малку среќа, додека трепнав си отиде од мене. Многу лошо го поднесувам тоа, легнувам со солзи така и се будам. Неможам добро да спијам, ме боли душата, многу ме боли. Преко к*урац ми е од се, па добро де дали јас ке бидем некогаш среќна, далии ??? Или ке станам камена личност без чувства или ке завршам како мојата блиска личност...
Далеку од тоа да сум изнервирана, но не можам да ја разберам. Па побогу, кажи си јасно и гласно што имаш толку против нашата врска, отколку, будалата земала и ми сликала негов пост од пред 100 месеци кога тој се чекирал дека оди за Дубаи, но ја прикрила датата, демек сега светот ќе ми се сруши, тој отишол, а јас Хелен Келер, слепа не знам . Сакала да ми каже дека тој си отишол, не е веќе тука Оф аман, луѓе живејте го животот, ама вашиот. Ние ќе се снаоѓаме како знаеме, другите
Aman veke opsesija si mi,izlezi mi od umot i sta bi bilo kad bi bilo.cc ne mozam so sebesi poveke ,mora da te prebolam navistina stradam no ti covek ne si.
Зарем е можно.................... глуп еден. Уште ли се палиш на курви па ги додаваш за пријатели цццц