Сите нека се гонат во неповрат...едвај чекам да заминам што подалеку од сите, што подалеку од се, што подалеку од сите негативни мисли и луѓе...одвратни ми се сите. Глупи и себични суштества се луѓето. Ќе ти досадуваат дур имаат проблем, дур им е тешко, а после адиос, ќе ти завртат сите грб. Може има некој што не е таков, ама тешко, многу тешко. Абе одвратни сте, разбирате? Кога ќе ти излезе некој од срце како да му се правиш дека го сакаш? Како да му зборуваш? Како да не се тресеш од нервоза во негова близина? уф, има ли крај ова некогаш? Кога ќе ми дојде сила? КОга ќе бидам ко порано што бев?
за ова што ме зезнаа за велигден што не ме пуштија ке им идам по дома од другата година итоа уште од четврток рано сабалје да ми вапцаат јајцата аххххх
Да му се плукнам на безобразните мамини мази и татини синчиња кои све ги мрзи, душата ти ја вадат, па згора и виртуелни (да не речам измислени од ракав) маани ти наоѓаат, во моментот креирани веројатно како изговор пошто буквално во ситуација да ги прашаш вторпат што е проблемот нема да знаат да ти парафразираат веројатно пошто имаш дупло повеќе образование и стручност од нив па не ни знаат можда дали и колку подобро може нешто да биде. МОРЕ МРШ!!! После младинава си замина. Каква младина, и нивните дури си заминаа. Па ќе ги видам кога ќе останат само вакви од стручни постручни што ќе се случи. Што треба да си за и на празник да изнервираш до болка некого?
Многу ме нервира некој кој се фатил да ми соли памет а нема поим како сум се чувствувала и како се чувствувам. Чекај принцезо, ако ти мислиш дека јас имам лош избор за иднината, зошто ти не остана со тој кој што те малтретираше? Или сега си го среди животот, имаш одличен сопруг, едно 2 годишно дете и друго на пат па ич не те боли полов орган? Ти се искажав затоа што ме праша и ми беше потребно некој да ме ислуша и да ми каже дека ќе биде се во ред а не да ме нападне и да ме осуди.
Цел живот од глупи жени си патам!!!! Колку што може една жена да биде расипана верувајте 200 мажи не можат! Еднаш премолчив, вториот пат те пратив у 3 пм ама изгледа не ти дојде памет. Ок, овој пат не само што ќе ме запаметиш, туку животот има да ти го направам пекол! Мразам кога ме ставаат во ситуација да морам да реагирам вака, но ќе имаш честда ја видиш мојата мрачна страна! Сељачино една себична!
Пак ли циганска свадба во сред бел ден.Мора ли буквално цел град да трешти?!Што праете, си ги мерете така?! Летето ми омразна заради тоа. Како ли нормален човек со обврски да се одмори после работа, да земе да спрема испит.Испитна сесија ми иде како ли ќе издржам.Се ќе истрпам, ваква галама не. Тапани ми чукат во мозокот! Секое еб**но лето, секој ден, по цел ден! Гром да ве удри.< 3 Ах мамето..
не фер овај живот колку добро правеш толку лошо наогас па мора ли вака да е моера ли да се случуват работи кои не ги заслужувас ах брееее живот суров....на кој и да му треба помош јас сум тука а мене кога ми епотребна никој нема сите спијат е***и живото секој ден стани плачејки легни си плачејки зар толку лоша бев шо живото ми врака од лошо полошо некам да живејам
Значи веќе ми се здосади од тие ваши протести и од тие Грујо и Заев коишто ве влечат за нос ПРОДАДЕНИ ДУШИ.Сите исповработени со врски со партиски книшки и сакале не сакале мора да искочите ко некои кутриња на улица да протестирате. Сакам само да сум некаде далеку од оваа никаква наша држава.Ни ја упропастивте и после зошто младите си одат?!?Па како нема да си одат кога едни пензионери имаат поголемо право од нас младите?!?И после во нас била иднината.Како па да не. Само фатете фотељите и после ви е гајле за нашата иднина Преку глава сте веќе
Сите со своите проблеми качени на мојата глава .. ти си силна, ти си насмеана, ти немаш проблеми, ти не знаеш како е, немаш дечко да се секираш, блазе тебе, убаво ти е тебе, лесно ти е тебе... добро бе луѓе кога ќе сфатите дека и јас сум човек , дека и мене понекогаш ми е тешко и фактот дека можам да се потпрам само на мојата сестра е и болен и добар истовремено. Секако таа ми е се' и секогаш ќе е тука за мене, но зарем цел живот ќе сум осудена да ги слушам туѓите глупости без да имам пријател да ме сослуша бидејќи за вас насмеаната личност нема проблеми, реалната нема чувства, искрената е лоша зошто вистината и да боли сепак е вистина и да ако според вас ми е лесно и нема за што да се замарам бидејќи немам дечко раскинете му и на вас ќе ви биде полесен животот, а не да ми кукате "ПРИЈАТЕЛКИ"
Најсериозно више преку глава ми е од се.Нити знам у кое средно да иам нити ми се иде, а нити ми е гајле за вашето мислење.Неќам да си идам од основно,неќам да се разделам од сегашното одделение, мразам разделби тешко ги поднесувам.Сакам долг и спокоен одмор без интернет,школо,луѓе,без никој околу мене.Сегде притисок околу мене, овде никој не ме сфаќа.Шо и да пишам се испревртува на школо исто дома исто.Ми иде да се издерам некаде да се исплачам за се што си собирам.Ќе ми олесни ваљда.Периодов сум лом пуна негативна енергија треба да одлучам што понатака, и јас вела ШТО ПОНАТАКА? Извинете ако ја ширам негативната енергија овде,несвесно и несакајќи е.
Изгледа само јас сум ненормална на факултетов што се труди и дава се' од себе за да постигне нешто кое подоцна ќе биде исмевано од другите. Не сум слушнала некој да поништува испити. Единствена сум јас, и таканаречените „другари“ ми се смеат кога нема да постигнам нешто за кое сум се вложила максимално. Ама они битно положиле со минимум и не се замараат ама баш ич, туку ќе и' се смеат на будалава што не спие и се нервира за утре да се пофали со постигнатите резултати. Не знам колку кафиња и дружби сум одбила само затоа што сум била закопана со учење. Додека другите се пијанчат по дискотеки јас дома седам и очите ги држам отворени со чкорчиња за на крај тие да бидат над мене? Сите ми викаат дека ова ми се најубавите години, хм, никој не би ги сметал за најубави ако се стави во моја кожа.
Имам купишта за учење за матура а комшијата од горе неможи да се донаслуша музика, ито на цел глас, ИТО САША МАТИЧ, СТОЈА И ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША!!!!!! Таман земам да учам- тој музика, таман легнам да спијам- ТОЈ ПАК МУЗИКА! Само кај нас се можи ова, да му се плукнам на менталитетот наш селски. Уште малку да ме приизнервира му одам на врата
Ми се згади од тебе мила ,,другарке" ми се згади... Да знаеш што те чека.Ми се смачи више од твоите лаги.Ми се СМАЧИ