Мразам луѓе кои завидуваат ,кои се исмеваат,имаат коментар за сите,каква гардероба носеле,како се шминкате. А јас дефинитивно сум глупава штом дозволувам некој во лице да напаѓа одоколу. До кога ќе ќутам и ќе попуштам, до кога ќе маваат по мене со камен а јас ќе им давам цвеќе. И џабе ми е секоја ноќ да си цимолам и да неможам да спијам поради ретардирани лица ,кога следниот ден пак терам по исто. Треба некој да ме тресне по глава. Ќутам,трпам да нема кавги,да помогнам на некој кој ме оговара... Тешко е многу е тешко посебно кога е од братучеда блиска со која си пораснала. Затоа lovemе пази што ќе премолчи сл пат!!!
Чуствувам огромна тежина која ме води на раб на лудило....Бесна, тажна, растроена.... Без визија, лута....
Сакам да седнам дома конечно, на еден маратон од The Big Bang Theory, а потоа сакам да седнам и да читам, па да свирам... Наместо тоа, треба да одам да купувам подароци на наставниците. И gaaaaaaaahhhhh, не сакам да одам во Селект втора вечер, жити сè, како да ќе ме пуштат таму облечена во обични кратки панталони и блуза. Ај уште малку... Барем англиски екстерново ми ја олесни работата. Нека помине и дванаесетти, па за една недела оттогаш ќе одам на концерт на Заз. Па по два-три дена за Италија. Не знам оро да играм, ниту пак текстовите на српските песни. И штикли треба да носам, леле бе. Сликата на таблото не ја бива за ништо. Немаше да биде битно да не бев залепена на мегдан во ходникот.
Ке успеам во животот за инат на сите! За инат на сите вие животни што ме малтретиравте, ми се исмејававте и се иживувавте врз мене и во основно и во средно.. Можеби на вас ви беше смешно и интересно но мене ми го претворивте животот во пекол. И после толку години јас ги трпам последиците од тоа што вие си ги лечевте комплексите на моја сметка. Заради вас се претворив во асоцијална личност без ниедна другарка. Вие си ги излечивте комплексите со тоа што мене ми набивте комплекс на ниска вредност. Многу ноќи сум плачела и сум размислувала дали нешто не е во ред со мене но сега сум доволно возрасна да сфатам дека се е во ред со мене, но вие не сте во ред дволични, злобни и користољубиви монструми. Ако некој го прочита ова сакам да му порачам нешто: ако познаваш некој кого го малтретираат те молам преземи нешто не биди нем набљудувач и сеирџија, а ако ти малтретираш некој те молам веднаш да престанеш да уништуваш туѓи животи и да побараш прошка.
Една посвета до "професорите". Се да ви .... И вам, и на вашите глупави врски и форсирања. Цела година од 2,00 со сите петки ги направивте. Јас будала ли сум за истото цела година да се мачам?! И прекинете да си ги запишувате глупите, неспособни деца кај што предавате. Не е интересно уопште. И нема да им ги одговорам прашањата екстерно. Зашто со туѓ труд некој да се шлепа 4 години? И прекинете да глумите дека предавате на Харвард. Озбилно, прво научете да говорите. 90% од вас факултетот го завршиле на истиот врскаџиски начин. Очајно. Ве мразам и вас и системот што секојдневно не отупува. Ти е**м државата скапана, прва прилика ме снемува од овде али прво да се собереме сите ние 3ца од "елитната скопска гимназија" што уствари учиме за успехот што го имаме. Се надевам дека што побрзо ваквите паразите од нашата просвета ќе изумрат. Жално е капацитети да останат неискористени заради нечиј личен комплекс.
Се збудалив цел ден!!! Преку глава ми е овај желудникот гром да го мани веќе! Не можам да живеам нормално ни апчиња ни ништо помагаат, а треба и да учам уште имам. Па уште на доктор ми велат од стрес те боли желудникот. Ами има стрес кај нема и сега шо прајме? Вака треба секојдневието да ми изгледа? Мачење? Ахххххх. Ни учам ни ништо веќе. Ако можам попосле ќе повторам ако не јебига. Сега серифче ќе си гледам нека оди упм се.
Спојлер Ti najde da se stavash nad nekogo, mene neshto da mi "objasnuvash" i tvojot zbor ochekuvash da go zemam za relevanten? Ti da vredish makar pet pari intelektualno i fizichki, nemalo toj dechko ti da te vara. Greotichka.
Зоштоо бее зоштооо?!?!?! И покрај тоа што знам дека не ме сака, мене душата ме боли кога ќе го видам прегрнат со друга девојка и тоа пред мои очи! Кога ќе го заборавам веќе кога?...Којзнае сега со која се мува, а јас глупавата сеуште мислам на него
Да се немало осет значи Едни комшии пејат ли пејат 3 саато е веќе можеби сака некој да спие, а не распеале се т.е дерат се. Спие ми се не гледам ништо веќе, срцето ми спие морав лаптопо да уклучувам
Што убаво ми тргна вчера неделниот ми ден и ете нормално КАКО И СЕКОГАШ се најде некоја будала да ми го усере до даска, да ме погоди во нерв и да експлодирам и happinessoverload на крај мхм мхммм Фала ти!
Бравооо свити бравоо Продолжи да го гледаш светот со розеви очила и да веруваш дека „она што се случило два пати сигурно ќе се случи и трет пат“... Како да нее. Која будала сум ејјј Нема да се случи трет пат! Се што е убаво кратко трае.. Било па прошло...
Денот ми беше супер на кафе со другарките малце прошетавме и на крај дечко ми ми го пукна филмот се испокаравме за глупости оти го прашав што му е почна да ми се дере како ненормален главата ме заболе мнг се нервирам сега ми иде да го убијам ........ Утре кога ќе ми се јави како ништо да не било сега.......Уфффф беее...
земи воздух.... еден, два, три, четири, пет, шест, седум, осум, девет ... издиши... - остани смирен, можеби е само замор во прашање... пет месеци, вредни како пет години... Ми треба одмор...од се...
Како да се испукам, не знам како да се испукам ... ми се гади ... се додека не се утврди што е што не знам како со овој товар ...а не сакам да верувам и колку пати не сакам ама реалноста кажува друго нешто ... боже мили, се надевам не е вистина зш ако е, кози ќе раѓаш
Кога читам какви маки си имате вие си викам, кути си Струмке, гледај какви љубовни јади си имаат лугето а ти сега ќе им кукаш со твојата немаштија. Сфатив една работа, дека не е среќен оној што има, туку оној кој знае да му се радува на она што го има.
Е, добро де, остави ги тие нек си решаваат, кој им е виновен што не сакаат жени, јбг будали бе, важно среќни сме