Не ми е јасно... едноставно не ми е јасно!! Кога ја плескам вистината во очи и кажувам се што мислам (секогаш го правам ова), а не зад грб , тогаш не чинам и сум лошата!! Како тоа?! Боли искреноста??? А лицемерието исто така боли нели?? Кое е подобро за да чинам?
Случајно ја видов темава и ќе кажам нешто што ми е тешко денес . Со бумбарчето мое одевме на слатко чаршија, таа има нејзино новчаниче одгоре со дизни заспаната убавица и уште една ,секогаш и давам парички ситни по 10 ден да се радува, во овие два дена од мене и баба собра околу 400 денари, сакав да ја научам ако има пари во нејзиното новчаниче така да знае дека ќе може да си купи нешто за да се чуствува среќна, вчера излеговме и ми вели, мамо имаш пари да фаќаме играчка ,викам Гориче мама нема ситно ( а тоа намерно за да се снајди за нејзиното) И ми вика епа мама јас имам ,и цела радост си изваде паричка и го стави во апаратот фаќаше играчка но успеа да фати срце сино на кое пишува Виктор ,и јас и викам ааа маме овај Виктор ќе ти е првиот симпатија изгледа и таа се смее,тој ден помина и денес се случи нешто многу тажно. Одиме ние јас и дадов да си има во нејзиното и баба и даде имаше околу 400 ситни, бидејќи ја учам да брое со ситните да ги препознава одназад ,по паунот итн. И се шминкаше со нејзиното карминче ,отидовме сладолед да купиме и гледа и го нема новчаникот и почна да плаче,и викам мама не плачи ,мама има пари купиме ново и мама ке ти даде уште парички,и ми вика ,мамо ја тебе не сакам трошам пари ти гревота, леле луѓе зедов да плачам и плачам солзи да ми течат 3 годишно девојче да се сожали на мене да не трошам пари, отидов и купив играчка од се за 99 и парички и дадов и пак не беше среќна. Кога си одевме не застана едно што пита пари,застанав да му дадам и ми вика, на вас преѓе ви падна едно ќесе еден дедо се наведна и го зема ,јас цела без коментар еден товар ми дојде на душа една грутка да неможам да зборувам , си реков зошто не и го даде на детето мое ,зошто не не свика.. И еве неколку саати минати откако сме вратени сеуште чуствувам тежина никако да ми помини
Паднав денеска за прв пат во мојот живот паднав.Се чуствувам осамено,се осекам како цел свет да ми е срушен,разочарана сум до нема каде.Ми иде да ме нема,да не постојам.Каде си татко мој,денеска си ми најпотребен,ми требаш,ми фалиш,да ме гушнеш да се осетам сигурно во твоите прегратки.Неможам татичко без тебе.Знаеш ли дали знаеш,само дека душата ме боли,неможам да живеам без тебе што ке мие овој живот.Знам дека не би сакал да ме гледаш тажна,ама верувај дека повеке немам сили.Те барам,те барам секоја вечер све мислам дека ова е само сон,зошто ме остави сама.Се секавам кога ме учеше да станам кога ке паднам.Ти ветувам од денес ти ветувам дека ке бидам твојата силна керка.Татичко денес е облачен ден не биди тажен .Види ти од горе ,јас од тука секогаш и засекогаш.Знам дека ме чуваш од горе ангелу мој.Те сакам највеке
Кога комплексите и фрустрациите ќе си ги оставите на страна и ќе научите да бидете професионалци, тогаш појавете се на работното место и вршете си ја работата. Може? Затоа што никој нема да ве трпи такви никакви и ќе го добиете тоа што го барате. Не заборавајте само дека таму над вас постои некој кој може да ви даде и отказ, ОК? Која некултура. Безр'бетници насекаде.
Ја би да УПУКАМ некој(со гумени куршуми) доста ми е веќе мене, јас сум ко пукната тиква спремна за ноќ на вештерките
Ќе дојдеш до просјачки стап ! Со таа злоба и тој "памет" се ќе изгубиш, за леб ќе молиш. Гледа Тој од горе се !
Сега пред малку,прочитав,дека ако јадете многу благо,тоа било знак дека имате паразит во организмот Па мајчината мајчина,остана ли нешто што може да се јаде,а да не те предупредат,дека тоа е штетно
За сите тие што сакаат да ме закопаат, да ги потсетам дека сум како семе, брзо ќе изртам пак..да пукнат душманите
Море море морееее значи каков инает беееее каков инает не виден! Инаетот на гла да ти се врати упм да фатиш! Мислиш не можам сама? Будала една скапана. На чоек шо е пораснат сам не можиш да му се заканваш со самотија идиоту еден. Самотијата ми е дом. Отепај се.
Едно не ми е јасно. Со кое лице!! Без срам без образ се појавувате во животов скотови едни откако знаете што направивте. Мислите дека не знам? Дека не паметам? Совеста да не ви проработила?? Нееее вие немате совест. Вие сте само едни скотови и нелуѓе. Пишувајте колку сакате пораки. Кукајте колку сакате. Овде немате што да барате. Гнаси!! Стоки!!! Одвратни суштества!!!