е мислев дека навистина денес ќе ја прескокнам темава и нема да се испукам ама бар не денес. ама стварно се изнервирав ми дојде преку ......... да слушам како девојченца од 15-16 години бараат совет за секс алооооооо ма на што личи ова боже боже не ми се верува, јас бар не сум нешто старомодна но сфаќаат ли тие деца дека уште растат, се оформуваат, дека уште ни мензисот не им е правилно регулиран дека не се зрели за некој потези. зар толку ли им дошло до к**. сфакаат ли тие дека го живеат најубавиот дел од животот , дека сега треба да другаруваат, да бидат среќни. а не да се нервираат уште сеа дали сум трудна дали да користат кондоми и триста глупости. е стварно забега младинава цццццццццццц
Навистина Карак... Гледам и тебе те изиритира девојчето што праша за совет на двете теми. 16 години има, и се впуштила во сексуален живот а ништо не се информирала, па прашува дали од малку ако потекло сперма може да се забремени Е не, не може! Туку не е смешно, страшно е! Па и тој нејзиниот шутрак, ја убедувал дека посигурно е без кондом! Нему му е поубаво, па ај ќе ја лажам, ц.ц.ц
А стварно анфеитфул тој шутрак. Ццццц 16годишно девојче ќе го лаже бре. Па кај му е паметот. Кој знае со колку и со какви бил. Посигурно било. Леле немам зборови значи.
Епа види Реинбоу, од ова што го кажа девојчето веднаш си створив слика во главата: Тој 7 години е постар од неа, тој тука, а она во Словенија. И којзнае како го фарба девојчето, го лаже, а оно мало ( па како што гледам и глупавко ) му верува. Си имаме ние поверение, напишала, хаха. Тоа розевите очила се страшна работа
Ама страшна работа е тоа еј. Не знам како не ги отворат очите девојчињава. Мислат се што лета се јаде. Па од дома ги учат ли нешто?
Дали дома ги учат- не знам, но не ми е јасно зошто им служи интернетот. Па штом решила да има односи, ако нема кого да праша, нека прочепка по интернет, нека се информира, а не вака да поставува глупави прашања на форумот. Утре нејзиниот „доверлив“ дечко ќе и рече дека побезбедно е ако ти сврши внатре, демек нема дете да се направи, оваа ќе поверува
аааааааааа значи да се испукам и јас прв пат на темава.Не можам веке од тие испити ми е преку глава,а што ми е жешко,уф. И секогаш коа имам за учење ме боли глава или ми се спие. Чудно??? И уште нешто,од нервоза ми излегоа на цело лице бубалици и само ги воспалувам уште повеќе, Абе се нервирам за се и сешто...
Море имам да се испукам денес Ако на вести слушнете дека некој факултет се запалил и изгорел до темел со сите документи и сите проефесори, тоа знајте дека јас сум го направила Барем ќе куртулам една петтина од државата што е, или пак зависи од тој факултет (ова не ме сфаќајте криво, така денес таму ми рекоа)! У п.м се нека оди, и учење и се
ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА Во замена за вриштење. Подобро е од што и да кажам друго.
Не дека имам посебна причина за ова, ама ајде. Прво сакам да кажам дека постојат мнооогу злобни луѓе...и искористувачи.. Само да те искористат максимално, па те оставаат како стара крпа. Баш така. Па зарем на некому на чело му пишува...само за една употреба? Лицемерието се повеќе и повеќе се шири низ светов, тешко е и минимални се шансите, да се најде вистински..и добар пријател. Додека разговараш со нив, доаѓа на сцена ангелското лице , а кога ќе се свртат, е тогаш почнува забавата, озборувањето... Зошто никој не кажува што мисли за некој? Макар и да е негативно и лошо неговото мислење,...барем ќе добие почитување за искреност ако не за друго!?! пс: се ова е напишано општо
Многу се нервирам од мојте дома, секој ден караници за пари, ова немало, за ова не стасало пари, јас многу сум трошела, бла бла, ме нервира брат ми, почна многу да пие, а има 2 деца и жена, па што мисли тој, до каде ќе оди со тоа пиење, сам на себе ќе си наштети, снаата ми вели да зборам со него, демек мене ќе ме послушал, а што да зборам кога само ќе ми рече "не ме замарај" ќе пукнам еден ден, не можам веќе да издржам А и сега па оваа матура, поглупаво нешто здравје, ме мрзи да седнам да учам, а ако не положам со 4 или 5 ќе плачам 3 дена
Не ми се верува колку сум глупава!!!И не бре,не ми иде паметот!Само кога нешто сакаат од мене тогашсе умилкуваат и највеке ме сакаат и јас ГЛУПАВАТА секогаш им попуштам иако кога ми е тешко викам дека нема шанси,ке им бидам лута.Лелееееееее колку се нервирам,ке
ТАА на мене ќе ми кажува.....лесно ми било...да сум престанела да се жалам!!!! секој си знае колку му е тешко, секој со својата мака и тежина а најсмешно е што НИКОГАШ и се немам пожалено, не е моја особинна да се жалам, секогаш сум оптимист и не ги оптоварувам другите со моите проблеми....ама нема што да каже па сега ајде колку да најде нешто за да се контра....ја трпев и ја разбирав донекаде до сега ајде си викам имаше стресна ситуација која на никој не би му посакала да му се случи и преќутував за СЕ, за секоја навреда....не влегував во дуел, ама вака веќе неможе....неможе нејзиниот бес и немоќ да измени некои работи кои се болни да го истура врз другите нејзино си е нека мисли што сака....ама кога ќе почне да навредува и да ме омаловажува еееее тогаш нема ќутење, не другарка, ако сака и сестра нека ми биде ќе ја спукам и тоа на големо ќе ја направам работата ако треба!!!! се прашувам каква другарка е таа кога секогаш кога сум среќна и се радувам за нешто таа наоѓа мани и критикува, кога ме потценува, а себеси се преценува,....што мисли дека е попаметна, поубава, поинтелегентна, позабавна, подосетлива, пошармантна??? нека си мисли....фактите го докажуваат спротивното и НЕ БЛАГОДАРАМ повеќе не ми треба таква која ќе си лечи фрустрации која ќе глуми пријателство!!! ставам КРАЈ на блискиот пријателски однос со дотичната личност!!!!
После овој , што го сакав и уште го сакам премногу , не сакам машко ! Па у пи*ку матер веќе .. цело време плачам и се пцујам како се трудам и не ми го цени трудот .. А можевме да имаме се што сакаме .. Зашто.. Нема бе никогаш веќе да се заљубам .. не сакам ..
Колку пати ти реков дека ме нервира кога се исклучуваш без збор и се понашаш така исиотски?!Е веќе извини не решава ништо!
исто и јас го прифакам ова Многу сум нервозна ааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа...................................
Прво би сакала да коментирам за тоа девојчето од 16 год. што барала совети за „она“. Па добро нормална е??? Јас имам 16 год па уште не знам што е бакнеж а не пак нешто такво. Страшнооо... За момчето што најмногу го сакав: Добро бе што мислиш ти? Јас тебе цела вечност ќе те чекам? Ти таму да се плеткаш со девојчињата а јас да седам и да плачам... за кого за еден КРЕТЕН! Е не можит повеќе така срц! Не си вреден на мојте солзи и на мојата љубов! Едноставно СлЕп си!!! За „другарките“ и „другарите“ : Си ме чекала ма ти гуско една мене пола сат за излегвење? Ниту да се јавиш или порака да пуштиш... и на крај цела вечер да не се појавиш? Пак после неколку дена ми бараш книга за да попрајш оценка? Извини душо “и јас требит да поправам“... немам друга работа јас тебе книги ќе ти давам хаха А ти бе волу еден пред мене се прајш јак а да те дувнам ке летниш до скопје! хахаха Е за овие ваквиве се им прам со смеење и секогаш си ги спуштам со збор. Уживам во то. наместо да се нервирам јас нека се нервирет тие што се поразени не? Поздрав до сите и гледајте прво вас да ви е убаво па после на другите