Добро бе какво машко си ти??? Бивало ли да не се водело сметка ич за својот изглед?? еееееееееееејјјј, кој век сме!?? ем се понашаш како мало дете ем не водиш сметка на што личиш! па водиш девојка покрај тебе, барем потруди се да изгледаш малце средено! Не бричен, не истрижен, не дотеран, ама битно-стомакот гордо да се покаже!!! па ќе се покажува, кога јадиш на два саати!!! одбивност!!!!!!!
Ова може само мене да ми се случи, два испита , кај во ист ден, па и со пола саат разлика меѓу нив, и сега што да правам јас??? АААААА на кој да одам, а двата се битни?
Па добро бе, во Зимбабве има подобри услови него кај нас! Да ти е страв да останеш бремена а тек да раѓаш во оваа наша држава, поточно во Велес! Па се заангажирал ли некој да ги види условите во породилно и зошто деца умираат?!?! Под итно нешто треба да се превеземе, затоа што не е еднаш или двапати, се случува редовно!!! Греота за блиските, ужасно е ова што се случува
Ееееј! Тука сум! Јас сум тука за вас, не криете веќе од мене ништо ве молам! Има луѓе кои ги повредувате, зар не гледате?
Што ти е проблемот на тебе??Алооо освести се додека е време!Нели гледаш дека се почесто се караме??Нели рековме дека ќе се смениме?Ништо нема од тоа!! Јас сум била несигурна во тебе??Ај врати си филмот назад и сети се кој е тој несигурниот!!!
Вчера пекав дека сакам дожд, и еве ми го, на! На куково лето сеа ќе ги завршам обврските. Море, ќе одам и на дожд, гајле ми е, морам да средам се што замислив. И да! Аман веќе од мојата состојба! Не сакам никој да ме анализира, да ми кажува што сум и како сум! Преку к.
Зошто ради други што се лажеле , а јас само кажав што сум слушнала , да испаднам крива ?! Да испаднам крива и да седам дома , кога правам проклети 17 месеци ?
добро бе луге кога ке престаните да мислите само на себе,значи само судено ми е да живеам со себични луге
Сите до еден да се однесете во полов орган! Неблагодарни створења Мама цела куќа ти ја украси ма со цветови и незнам ти што! И сега една фризура немжеш да дојдеш да и направиш? Само побарај нешто па ќе ти заврши пак услуга кога ќе роди баба теле! Ќе видиш како знам да ја отворам устата Сите ќе се однесете таму од кај што сте излегле, трпениево ми е при крај, а тоа е лош, мнооооогу лош знак!
Неверојатно сум слатка кога сум лута ! Ако мислеше синоќа дека ме разлути во гадна заблуда си женска , очигледно копчето за љубомора ми е на off па се мислам што не ти се јавив кога толку упорно и долго ѕвонеше , кој знае може и ќе си поправевме муабет Повели на кафе да ти го истурам врело врз фаца , може и поубава ќе испаднеш после тоа ...зашо вака си како коњ со деформација на сурат
Уфффффф! Како знаеме некогаш сами да си ги закашкаме работите и после Цацко ни е крив! Сакам да си се испукам сама на себе, зошто јас самата не можам да си се поднесам во некои ситуации
Овој хороскопов мора ли се да ми погоди? „Понекогаш посакувате да немавте толку широк круг на познаници и толку голема фамилија, затоа што обврските што ви ги носат односите со пријателите и најблиските често знаат да ве исцрпат.“ Аман веќе со овие „познанициве“... Кај се закачив со такви луѓе што ти праат лице, а после гледаат само да најдат начин како да те откачат.. Како можев да бидам толку наивна? Не можам веќе да ги трпам, ако сакаат да се дружат и да се однесуваат ко луѓе, вратата им е отворена. Ако мислат да играат топло-ладно и скар-смир со некои што биле скарани 100 години а јас толку ги мразам ( уфф ) и на фејсбук да се препуцаваат со „срце, сонце те сакам ова-она“, да не мислат дека и ја така ќе праам?! Ма нека идат слободно кај шо сакаат, да не ги отерам ја таму кај шо не треба!