Абе 1000000000 од овие смајлиња не би ми биле доволни да покажам колку сум во ту мач инфо mood во врска со политичкиве настани деновиве и изложеноста насекаде со истите... Колку и да сакаш да се дистанцираш од политика, кога си од мајка родена со таков ментален склоп што за ништо не може воопшто да не се замараш и да не проанализираш - во државава не може а да не оформиш некаков став со кој „едната страна“ ти предизвикува фејспалм... а што е уште полошо - не може да се изолираш скроз од муабети на таа тема. Дома - стално во позадина на вести, емисии - информации, дебати за политика... Отвараш фејсбук, фемина, твитер да се релаксираш и прочиташ нешто интересно, креативно, смешно - пак насекаде расправии и дискусии за политика... Надвор со луѓе од твоја генерација, на факултет на паузи и на излегување на кафе - една од првите теми на муабет - и сеа шо се дешава у државава? Дочекав па и една од најблиските колешки, наместо на кафе да се договориме да се видиме у слободен ден пред да иде за викендов во нејзиниот град - сериозно да ме викне да идам на протест со неа... И ај сеа... диши Специ, остај настрана тоа троа малце поише што си читнала и што мислиш за овие што протестираат, ти си особа што ради политика никогаш нема да си дозволи да влоши мислење и да се скара со некој што ѝ значи, во принципи ти е тоа, за сè само за политика не... и само се насмевнав и ѝ реков дека уопште не се замарам со такви работи, сокривајќи ја ваквата реакција Значиии... на излегување за релаксација во убав сончев ден со друштво, поарно у телефон ѕиркајте отколку да започнувате теми за политика, сериозна сум! А-м-а-н!
Само еднаш да неможеш да заспиеш ќе се изнервираш, а не пак 100 пати. Јас откако почина татко ми 17.01.2017, неможам да спијам ни навечер ни преку ден, почнав со апчиња веќе
...нема кој да плаче за мене како што јас плачам за тебе.... Поголема казна од тоа има ли?? ме стигна казната и за тоа што направив и за тоа што не направив....
Не знам што мака имаш но , само главата горе . Не вреди да се нервираш за некои личности Животот ти тече додека ти жалиш по некој кој не заслужил
плачам за болести и за смрт... жими Бога, звучите како најголем проблем да ви бил скршен нокт и раскинување со дечкото... благодарам ако се обидувате да олесните, ама веќе ви реков дека не знаете во што е работата и затоа внимавајте малку што зборувате...
Леле значи не можам веќе да ги гледам овие "пи*киве" од 16 годинки што изгледаат како да имаат 35...Алоооо бе !!! Ги гледаш на слики напрчени, цицки газ во прв план ОБАВЕЗНО, си викаш Ау оваа мајка може да ми биде, како не и е срам вака да се слика и сфаќаш дека уствари по годинките ти нејзе можеш да и бидеш мајка..Нашминкани до максимум, нема врска што веќе преминале во панди со тоа сенката околу очите, битно изгледаат како милфици од 35+ ... Па и капак на се, се жалат имало манијаци, им се пуштале 50 годишни мажи.. Е па "лепотици" мои драги малолетни, изгледајте како 16 годишни девојчиња и постари од 20 години нема да ви се пуштаат, гарантирам !! #одјава
Те мразамммм кога си ваков те мразам најмногу на свет Се правам за тебе, се ти дадов не знам веќе што сакаш психопатууууу. Ме боли душата што знам дека сега го пишувам ова а кога ќе ми зазвониш веднаш ќе трчам да се јавам и веднаш се ќе заборавам. Ќе заборавам и дека си идиот и дека ти можеш да не ми креваш кога те барам и по 100 пати а јас не можаммммм... Не сум толку силна ете..Што ти фали со мене бе кажии штоо ајдеее одиш каде сакаш по цел ден шеташ кафе мафе немаш никаква проклета обврска во животот и пак се жалиш!!! Ама јас сум будала бе, не си ти крив, ти само виде слабост во мене и знаеш добро како да гп искористиш тоа во своја полза. Понекогаш ти посакувам се најлошо а знам дела не треба да ти го посакувам тоа.. Ама Правам работи за тебе што ти никогаш не би ги правел за мене бе. Јас стигнувам и да одам на фалултет, и да учам, и да си ги завршувам работите на време, и Што е најважно цело време сум тука за тебе што и да ти треба, то го посветувам целото внимание на светоттт.Станав зависна од оваа врска и не знам камо ќе се излечам од оваа болест. Само плачам заради тебе, секој пат кога ќе ме насмееш ми надокнадуваш со илјада солзиии. Ти си безчувствителен егоист, манипулатор, глупакккк неписмен се најлошооо а јас повторно се трудам за тебеее без откажување и те сакамммм лудо иако знам дека вредам далеку повеќе од тебе, не можам да ти кажам не за ништооо, не можам да се откажам од оваа љубов, се тешам со убавите моменти и барам само малку внимание од тебе Уффдд те мразам многу во овие моменти толку многу што мислам дека сакам да плачам цела вечер и потоа да одам да направам некоја глупост огромнааа за твоја инает и за инает на сите и да си живеам на мира после.Ама џабе си зборам вака кога сум кукавица.. Може да имав малце сампдоверба ќе знаев да си кажам доста!!!!! Уфф сите што ќе го прочитате ова, сигурно ме сметате за најголем песимист на свет. Ете ваква сум кога сум лута, што да правам..
...смири се, утре ќе се биде по старо. Нештата нема да се сменат преку ноќ. Ќе се разбудиме само еден ден постари, со стари сметки, неплатени долгови, плати што доцнат, истите грижи и обврски кои, не можат да испарат во една вечер... Но hey, look on the bright side, пролет расцутува, барем сонце те грее и психички те просветлува одвнатре... духовно се разбира.
Pij apcinja no konsultiraj se so lekar. Mnogu rano ti e da mozes da zaspivas.Jas so meseci ne mozev osven so apcinja. Ima i polosho od nesonica...odi na lekar
Сакам да го вратам минатиот викенд... И да го направам она што многу сакав да го направам, а не го направив пошто сум глупа Секогаш ќе ми биде криво за таа пропуштена шанса...Ама се надевам дека ќе има и втора, не зависи од мене
Малку си смешна. Самата велиш дека на човек некогаш не му е до излавање, не е секогаш расположен и слично, но ете кога јас ќе кажам дека не можам веднаш се лутиш. Колку години сме, хм? Пет? Се прашувам да не грешам? Извини но, не сум робот и програмирана да ги исполнувам твоите желби, да излегувам кога ти сакаш и кажеш. Ако си вистинска пријателка ќе ме разбереш, ако не слободно продолжи, не ми требаат негативни луѓе во мојот живот.
Се што сакам е твоето внимание. Се прашувам дали некогаш ќе го добијам во онаа количина во којашто го сакам? Дали е себично ако очекувам за возврат исто онолку колку што ти давам?? Изгледа е. Можеби треба и јас да почнам да правам се што сакам без да се замарам со тебе и на крај тебе да те обвинувам за се, па да видиш малце и ти како е човек да е во врска со некој како тебе. Ама јас никогаш нема да успеам да се однесувам така кон тебе, колку и да сакам. Мразам што имам премногу за учење, а јас се што мислам е дали ќе ми се јавиш побргу, каде си, со кого си и што правиш... Е баш сум глупава бе... Едноставно имаш далеку посилен карактер од мене. Тоа е тоа. Се правам многу силна со сите, а кога си ти во прашање паѓам за секунда.. Мислев дека сум многу емотивно стабилна и силна, затоа што имам храброст да се соочам со другите, не се плашам да си го кажам мислењето јасно и гласно, не се плашам да се борам и да се спротивставам... Ама сега, сега сфаќам колку сум само слаба... Не се покажува силата во односот со оние за кои немаш никакви емоции, туку со оние за кои срцето те боли...
Да ти кажам точно знам зошто носот ти е кренат до небо. Исто ќе ти кажам дека ама ни најмалку не ми е гајле.Што е до мене ич немора муабет да ми правиш . наскоро ќе си го имам мојот мир. А ете така чисто од злоба пукни си. Со мене неможеш како ти што сакаш. Твоето мислење на задников не го ставам. Исфрустрирана жено. Пет минути во соба да си,негативна енергија шириш. Што да ти кажам кога споствените деца не те поднесуваат.
Тоа што си барам право на нешто кое мислев дека е мое не ти дава тебе за право да ме правиш хистерична. Не сум ја таа што ти набивала рогови да сме на јасно. Немам што више да ти се замарам, крши глава. Тоа што ми глумиш дигнат нема да ти трае за долго, ке ти се свтика опашката и ке ти текне на доста работи ама касно ке биде, не само у врска со мене него и со др ствари, касно ке ти е. терај си со инаетот, па ке се видиме у , за мене, подобри времиња. Брзо се ладам, не заборавај
Те мразам што на толку труд, и на таков успех.. пак не сум доволно добра за тебе. Цел живот ми го правиш ова. Не можам да издржам. Не можам да си изградам сопствен карактер заради твоите хирови. Остај што не можам да си се веселам на раат кога сум расположена, ама да не можам и да си тагувам на раат ми правиш. Само ти си важна. Твоето мислење, твојата скала на приоритети и твојот свет. Само понижувања и навреди.. Ме вадиш со некоја си напивка за самокритичност како цвеќе со вода што се вади. Доста ма веќе! Ме споредуваш со другите само кога некој ќе направи нешто добро. Тогаш сум лоша. А кога ќе постигнам нешто големо, нешто на кое сите му се воодушевуваат (освен ти, секако)... не сум лоша, но повторно не сум ни добра. Сите им се радуваат на успесите на своите деца. Ако веќе не можеш да ме поддржуваш кога сум разочарана, поддржи ме барем вака кога сум успешна! Што и да направам ми велиш дека може повеќе. До кога со тоа повеќе?? Ќе бидеш ли ти некогаш задоволена? Ме исцрпи... Погоди што мамичке, јас растам.. веќе пораснав, и еден ден веќе нема да го поседувам тој луксуз да ги трпам твоите лудории. Е тогаш само твој ќе биде изборот дали ќе останеш до мене горда, онака како што доликува или ќе ме гледаш како си одам не можејќи ништо да направиш околу тоа. *се смеам за да не заплачам работава е*