Што да се испукам кога веќе се испукав по кој стигнав Одам во ВИП да ми намеатат мобилни по 128495937362 пат и тие неписменоте опет иста прича ми вели таа вработената : " Еве сега ви е средено " .. Излегувам од ВИП , застанувам подолу на една клупа , вклучувам мобилни а од мобилни ни трага ни глас Се вратив назад ќе се карав и расправав среќа немав време за расправање па сморено и велам : " Мобилни сеуште немам , иако го рестартирав телефонот 3920 пати " .. Дига рамења ме праќа во другиот ВИП да пробаат вработените бидејќи имала гужва не можела сега не знам што Таму пак бетер од оваа
Отварам тема отворив милјарда линкови да барам слики од тука на фб ме замараат значи луѓе не ме заморувајте додека отварам теми на фемина, а не можам да ви ја кажам причината зошто не ви враќам оти сите сте алфа мажишта и ќе ме зафркавате што имам профил на фемина и што се дружам со златните женички-богородички од овде
Ххаха блазе си ти на проблемот. а и мене исто некогаш ме нервира тоа... гледа не враќаш на фб и упорно досаѓа ти ремети спокој уууффф и на крај најкултурно му поздравуваш нешто и ајт...
Сама сум крива што не знам лутина да држам ,а сте заслужиле, сите ! Преку глава ми е од лаги, од фолирања, од мотања, еден човек искрен нема околу мене еј ! Па ни таа, што треба да ми е најблиска. Се распаѓам на најситни делови, а на никој не му е гајле. Што и да направам залудно е. Зошто не можам да сум ладна и бесчувствителна ?
Нашол да ми праќа слики од девојка му бледа како дух (можам да и се смеам три дена) што до вчера не ни знаел дека постои,и ама врска едвај два дена ,јас па многу се заинтересирав,еве солзи ронам.Оф бе багро српска сељачкајас те заборавив и дека постоиш,не па да ми праќаш што правиш ти во животот. најдов мн.подобар од тебе
Значи навистина животот не бил фер.. Дознавам од мајка ми дека на едно мало детенце од 5ипол годинки му нашле шеќер во крвта, инаку комшиче ми е.. Неможам да верувам, а толку мало дете.. Како на тоа детенце ќе му кажат дека несмее да јаде чоколадо? Лелее се испонервирав.. Животт .........
Ќе се испукам со задоволства и убави коментари... на власт ме луѓе!!! Го бутнавме Грујо и неговиот 11 годишен режим. Уште на самиот старт ми се случуваа убави работи и продолжуваат да ми се случуваат. Аирлија влада, аирлија живот!!! НА ВЛАСТ СМЕ ЛУЃЕ!!! СИТЕ НИЕ, НАРОДОТ, НЕ САМО ПОЕДИНЦИ
Кунем ти се братучетке мила дека, ќе те натера млекото од мајкати што си го пиела да го повратиш! Фала ти непријателке моја, фала ти за сите лошотии, фала ти за злото. Само не заборавај: Кој се ситит на несреќата од другиот, него два пати поголема несреќа го снаоѓа!
Глупа сум! Најглупа Зошто морав да изреагирам така? Зоштоо? Секогаш ги повредувам оние кои најмалку сум сакала да бидат повредени... Се осеќам како ѓубре Ама така и ми треба кога не гледам што правам. Седи си сега ѓубре и ќути си
Почнуеш да ми се одмилуеш, жими се! Толку да не сакаш да разбереш некои работи и толкав инает човек да има во себе, не знам, не е возможно ова
Ми пукна филмот! Дотична госпоѓа со факултетска диплома и докторат (Нејзино Височество) се навредила зошто сум и делувала нервозно по мобилен. (А не бев, само гласот ми е таков и беше на спикер). После толку трчаници и проблеми, кога ќе побараш некаде помош, ќе се најде некоја наштимана која откако ќе припомогне ќе рашири разноразни невистинити трачеви, а истите ќе се пренесуваат и шират на еден многу подол и злонамерен начин. Светов е стварно арогантен и чуден, а пасивно агресивни луѓе демнат на секој чекор. Памет за друг пат да си ги средувам сама работите и да не очекувам помош од никого, па ни од роден татко кој наместо да те сослуша веднаш зазема туѓа страна, и по цена да си во право.
Навистина не знам што повеќе да направам. Се ти е на тацна,буквално...Ама не,пак незадоволен,цело време намуртен. Периодов имам доволно проблеми да не морам уште со тебе да се расправам. Прави што сакаш,не си дете зрел човек од 30 си,порасни аман!!
Мене ми е преку глава од луѓе што те гледаат како паднат од марс ако на факултет презапишеш предмет по трети пат и добиваш коментари од типот,леле па како така зашто така се влечеш па кога ќе дипломираш,ауу голем грев е да презапишеш предмет страшно ств.
Преку глава ми е од разни осуди осуди дома , осуди надвор , насекаде само да се плука скршнете малку од својата гледна точка бре луѓе , проширете ги гледиштата , ставете се макар на 5 секунди во кожата на соговорникот . Ми се повраќа од луѓе што осудуваат без да ги знаат повеќето работи во животот на соговорникот .
Не за џабе рекле со жени најлошо е да работиш, уф проста маса... на шпански да ти каже може ќе разбереше
Преку глава ми е од тоа што не трујат,како е можно денес во 8 сат кога сите стануват од спиење,кога сите тргаат на работа они со 5 авиони да поминуват и да прскат па дали имаат памет?? И после сите болни,крајници не болат,глава не боли ете што е Преку глава ми е од кучињата на комшијата што 24/7 лаат без престан цело мало не спие од нив ,нервите ми се креват се прашувам до кога до кога,нормално они не се виновни газдата е виновен затоа што со години седат во кафез,ретко јадење им се дава и ќе лаат,секој ден си викам ќе ги пријавам ова веќе не се издржува не е месец два туку со години ова се случува.