Мразам кога некој во лице те гледа и те лаже тоа повеќето го знаеме дека се случува но не сакам кога некој ме искористува и ме манипулира. Заради животот и некои луѓе јас не можам да верувам на некој и не можам да пуштам некој во мојот живот секогаш кога некој се приближува јас го бутам од мене или ако осетам дека нешто не ми штима јас прекинам без око да ми трепне да се каже уште ни во врска не сме а јас ставам крај на гледањето.
Периодов е за никаде. Почни од негде..И одма застани. Океј. Фати друг пат.Не иде. И се така.Се вртам во круг.
Иде другарка ми на интервју за работа. Студент на генерација со просек, со знаење, со мозок во глава пред се... Ја прашуваат околу образование, им објаснува се околу тоа за на крај да ја прашаат дали сигурно чесно го завршила факултетот. Е не, толку е моќна што фати врски до тој степен за и студент на генерација да си стане, нема лабаво. Ја прашуваат дали има основни познавања на англиски, им кажува дека има високо ниво на тоефл, они и велат дека тоа ништо не значи. Ок, на пазар го купи нормално е да не значи. Продискутираа околу нејзиното работно искуство, им одговори дека има 3 години. Испитаа ситуација зошто ја напуштила работа таму, и дојдоа до заклучок дека младината е мрзлива и веднаш сака поголем плата. Нормално, прво треба младината да работи едно 20 години за минимилац и да докаже дека на работа оди од љубов а не за пари. После сето тоа се осмели да ја прашаат и дали е мажена или дали наскоро ќе се мажи за на крај да потенцираат дека многу жени им се вработувале и после ги зезнувале, им забременувале и оделе на породилно. И тоа е нормално, младите треба сами да се меткаат без да им падне на памет основање на фамилија затоа шти работата е пред се, може ќе треба да се заглави таму и 12 часа на ден а децата некој ќе треба дома да ги прибере... Уште кога секое гом*о без мозок станало газда јасно е дека разговорот на едно интервју ќе се одвива вака.
Не можам да верувам дека некој си ги дели децата. Пред некој ден бев толку повредена од татко му на мм ,а верувам и тој,ама не сака да признае. Конечно си призна кое дете повеќе си го жали, на кого дава повеќе. Јас и мм бевме 6 месеци без работа, со две мали деца, еднаш не рекоа дајте деца да ви помогнеме. Мм се утепа од работење, од утро до мрак за да не ни фали ништо, ни викенд ни одмор видоа моите деца.Кога дојде густо, детето за на школо, за роденден да се спрема а тргна мм на работа и додека зеде плата немаше време да работи па не фати криза, им побара помош се направија наудрени. И сега призна како си им давал на другите, за одмори, за шетања, оти тие немале ( а со две плати се, од кои една државна). Ама имале кредит тие греота биле. ЈАс со две деца не сум греота што не сакам да заглаввам во кредити за на одмор.А ,моиве деца не се не сакаат на море.Ама ете. И порано ако нас ни дале нешто минимално одма ќе речат и нив треба, а обратно не било.Се излегва на виделина, а не да ми се прават само пред мене, јас да им бидам слугинка а пари на друг. А тие не се ни тука, за се што треба ние треба да трчаме. Знам дека и порано се на нив им давале, само најмногу ме боли што кога беше најтешко се направија наудрени, ама ете ја причината. НЕ знам како си дозволуваат.
Ќе убијам некој. 20 години имаш а дечко немаш шо е проблемот да не ти фали нешто кажи си проблеми да не имаш? Оти демек дечко ако имам се таман ќе си биде и коцките ќе си бидат наредени. А бе мамо немој значи кај македонсково општество глупаво затуцано и просто врши притисок од сите страни за секој можен аспект од нечиј живот и те прави ненормален уште ти ми фалиш со муабетиве. Не ми е јасно зошто. Ако ти не си го поддржуваш детето во животот кој? И после муабети од типот многу си затворена ништо не кажуваш.Се сама си тераш по свое. А сакам...сакам се да си кажам ама не можам оти нема да ме сфати и уште одозгора улава сум и фалична... А како мине времето се полошо е и стварно не можам , а и не сакам више вака.
Срцето ми се кине кога слушам такви работи за тебе... Би сакала да те побарам,да ти се јавам.. Би сакала дури и да те видам. Не знам како се чувствуваш ти во врска со тоа..Ама јас би те гушнала,силно,најсилно,толку силно да ти помине барем пола од болката што ја носиш во себе! Зошто секогаш срцето им се крши на најневините и добри луѓе?
Навистина ќе ме пукнете. Трошка разбирање да се немало. Јас те галам,таа те гали,ама животот нема,со него не можеш да се инатиш. Направи нешто за себе аман. Престани како дете да се муртиш и сите да ги обвинуваш за твоите неуспеси.
И мене мојава а рсзговарам со некој одма со кој разговараш со дечкото ли бдч аман божем не можеш пријатели да разговараш та одма со дечкото и од дека е та ова та она е сега да имам па и не кажувам.
Малолетник силувал кокошка до смрт... Абе до кога со вакви наслови ...............црева ми се кренаа што не трујат со вакви срања, па и деца да прочитаат... каде отиде овој свет у пм
Кавер, кавер, кавер... Оригинална изведба никаде нема. Ако постои воопшто. Два саати ја барам, мислам дека главата ме здоболе.
Ова и мене ме нервира. Особено кога барам музика од постари изведувачи како Џими Хендрикс или Ник Дрејк. Побарај на Dailymotion или Vimeo
Секогаш прво таму проверувам (после јутуб), немаше. Го најдов тоа што го барав на сајт каде требаше да правам акаунт, се изморив