Аман ак не ви е убо во врска едноставно раскинете. Не си среќна со него, не мораш да го трпиш... ексик веќе не е се' во љубовта... почит, среќа, компромис и то е битно..никој не е должен да ти ги слушат твојте патетични муабети. Не сакаш, не те прајт среќна веќе? Прекини..едноставно е
Нема потреба да се мачиш да вратиш. Небитна сум што. Ќе бидеш до нив секогаш кога ќе им требаш, ќе им даваш совети, помагаш. Ама кога тебе ти треба некој ги нема. Сите бегаат. Не се они виновни, јас сум. Попуштај им, сослушај ги биди тука за нив. Претераа. Морам да почнам да мислам на себе, вака веќе не бива. Само нервози.
Аман веќе со рестрикцииве...што е ова секој втор ден струја нема.. божем у Бангладеш сме, а не во главниот ни град....
Добро што се обидуваш? Да се убиеш ли? Втора сообраќајка заради возење во алкохолизирана состојба. Кога ти ја видов колата во каква состојба е,си реков тебе Господ те чува. Аман што правиш со себе?
Знаете што најмразам кога некој ќе ми каже Лесна е твојта, a која лесна иде ми се да и се развикам и да им изнакажам од А до Ш се што сум проживеала и мислат ако си млад лесно е сѐ, дека има кој да се гриже за тебе ама не е секогаш така. Што ако сум млада работам ама што останува за мене, викат не е исто да си оженет и да бидеш сингл и да немаш деца епа извинете ама за мене е исто од мала се грижам за мене и за брат ми иако имам родители, сама се се си носам на мојот грб мош не се ама повеќето да и сега некој да ми кажува Лесна е твојта само кажувам да лесна е сама сум си, но само јас си знам колку ми е лесна.
abe se mene mi se paga ko dete nekoe da me trgnat na strana?se sluzat so finti da me poprecatdemek glupa sum jas
Леле мајко самоубиство во комшии кај свекрвата .. Толку добар човек , што го натера да посегне по својот живот и тоа со пиштолот што припаѓа на нашата фамилија среќа што беше пријавен дека е украден ... ама како сега да го погледнеме тој пиштол .. како ќе го вратат на законскиот наследник , кога тој пиштол оставил две деца без родител ... аман од оружјава веќе
Ти, М. со кое лице побогу ми се јавуваш на телефон и бараш од мене материјали, скрипти па и уште ако сум напишела есеј да сум ти го пратела да си препишела! Дали си ти бре девојко нормална?! После сите глупости што ми ги имаш направено и после сите сплетки, без око да ти трепне, без срам ми ѕвониш како ништо да не било! Ќе сфатев да бевме уште средно, ама на овие години јас да вложувам труд за ти да се китиш со него и да поминеш полесно?! Ќе ти помогнев ако и ти со мене се понашаше како човек, а не како гнасна покварена вештерка! И на крај ти и ваквите како тебе ќе поминат 100 пати подобро отколку некој што се труди нешто да постигне во животов на правилен начин и со труд и работа! А ти, Ј. знаев дека си таква каква што испадна. Не знам како мајка ми не можеше претходно да те процени и да сфати со тебе да не си фаќа работа. Барем да бевте ти и маж ти искрени и да ја кажевте вистината, а не детето да го користите како изговор за се! Срамота! Баравте милениче - ви дадов и ми го враќате за 3 дена, па што луѓе сте вие? Здраво, право, мирно животинче сега ќе треба да го оставам на улица, свесни ли сте за тоа? До кога ќе постојат вакви како вас не ми е јасно стварно. Дали во државава ќе се зголеми националната свест за животните? Дали некогаш ќе сфатите дека и тие се живи суштества од крв и месо, со срце и душа? Дали некогаш ќе се почитуваат и бранат правата на животните? И крајно ти, градоначалнику на мојава општина. Како можеше народов гласот за тебе да го дава? Дали воопшто знаеја кој си ти? Манијак со изопачен ум! Ми е гајле за твоите фетиши и настрани работи кои приватно ги правиш. Ми е гајле како ги условуваш тие околу тебе за да им завршиш работа. Гајле ми е за едно само: до овде стигна работава, стипендиите да ги укинуваш? Ќе се збогатиш со 30 стипендии годишно што ги овозможуваше општината за студентите? 9 илјади евра ли ќе те збогатат? До толку беше работава дојдена за крадење, па на студентите да им скратиш? Не сум политички обоена ниту се замарам со политика ама со оваа ваша постапка тотално ја промашивте реализацијата на планот „За живот во Македонија“. Како ова ќе им даде мотивација на младите да останат тука? Со која мотивација да се трудам, со која сила, со кое трпение? Да резимирам додека не е уште нешто друго случено, денешниве настани ме разочараа тотално. Со какви луѓе јас живеам тука. Во каква околина живеам. Со какви луѓе секојдневно се среќавам. Лешинари низаедни! Користољубиви суштества, ми се гадите!!! Мило ми е што не сум така воспитана и немам расипана душа, дете никогаш нема да воспитам да е злобно и да сака да му напакости на другите. Зарем јас како ваква сум заслужила со вас да живеам и да се нервирам? Ќе ме изедете жива бре, мршојадци едни! Господе дај ми трпение.
Цел живот сум слаба и веројатно никогаш нема да се здебелам пошто е генетика во прашање. Па, научив да се прифатам како таква. Но, кога некој покрупен ќе ми рече лелееее ама си слабааа, јадеш нешто? Ако ти речам лелеее ама си дебелаааа, се контролираш колку јадеш? Нема да ти биде убаво, м?
Да му тргне на човек понеделнички неделата со тоа да не може цел факинг саат да се прибере од факултет на смрзнувачкава Причина – најверојатно пак некаков протест/блокада на патриЈотите, со денови кочат улици у време кога цел народ со нормални обврски се враќа дома А бе, овци е комплимент за вас и навреда за животното... Амеби, тоа сте вие! Мрш!!!
Работно искуство за во месара Работно искуство за бутик Работно искуство за во перална Работно искуство за чистење клозети Уште работно искуство за спиење фали