Ти си ми најголемата болка во животов. Ниедна не може да те замени, ти си мојата единствена, посебна личност во мојот живот. Сакам да те гушнам, најмногу на цел свет и да трае бесконечно. Да ми се стопли душава, да осетам бар малку топлина. Ладно ми е на душава без тебе и твојата најубава насмевка на цел свет! Те сакам и ќе те сакам до крајот на мојов живот!!!
Значи више ми се приумира од прости, глупи хемафродити што не прават разлика од СВОЕ МИСЛЕЊЕ до ПРЕДРАСУДА!!! Кажи си тоа што мислиш и иди крши глава, а не да го тупиш за другите. Демек ти ќе не мењаваш нас останативе. На крајот на краиштата, секој е различен и си има свој став и мислење, твој проблем е тоа ако ти не се согласуваш со другите. Никој не е должен тебе да те трпи.
ПУ пу ПУ пу ПУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУПУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ МА У ТРИ ЛЕПЕ ПУ ПУ
Не ми е јасна потребата на луѓево кога е празник што постираат максимум по 10 постови за тоа на сите социјални мрежи кои ги користат... И секаде истото го гледам -.-
Не сум многу нервозен само некако ми е скурчено од користење на социјални мрежи. Чувствувам некоја празнина после 30 секунди скролање на инстаграм или фејсзбук. Се ми е некако исто, шаблонски, начинот на кој сега се користи интернетот не е онака како што е планирано кога се измислил. Имам повеќе поедини случаи да искритикувам ама ќе ги поштедам читателите од тоа. Сепак генерално разочаран сум. Како што минува времето се повеќе пружам отпор. Или не го користам како што треба или тоа што се бара не ги исполнува моите очекивања Има 2 решениа како да ми олесни. Едното е да се изгубам целосно од нив а другата е мн ретко да се логирам. Дефинитивно ќе сменам нешто. Внатре во мозов имам 2 жути картона .. немир ..
Јас сакам да дипломирам веќе едвај чекам крајно време е. После 4 години заебанции и ребрање од страна на професори. И што дека ќе дипломирам кога не има плева кои се работно способни ама јбг немаме сите книшка и партија. Затоа да дипломирам и фаќам правец Немачка кој му ебе матер, во Македонија ќе останат само пензионерите сами како гробови.
Што да пробам јасна ми е работава одамна овде, треба се со молење, кумење, упикување, лижење на туѓи задници, купување на работни места и слично. Да сакам да бидам нечиј роб за 11 000 или помалку, можам да го работам тоа и без факултет. Туку дека овде се бараат пиони и идиоти со кои може да се манипулира е јавна тајна. Еве кога може пола УЧК во парламент да биде јасно ти е колку е часот. Истите тие што газеле по коските на бранителите ни го јадат лебот. А такви како татко ми кои лежеле во ровови да ја одбранат државата работат за 11 000 денари во фабрики на бизнисмени од типот на Минчо Јорданов кои ваделе потврди дека не се способни за во војска. Па да ти ебам правната држава и правниот поредок кој го имаме. Простете ми за вулгарноста. Ама така ми дојде.
Јас не ја сакам државата и да имам прилика одма си одам.Чекам факс да завршам и чао, пријатно. НЕ МИ СЕ ЖИВЕЈ ОВДЕ И НЕ МИ СЕ МИЗЕРУВА. ТЕ РАЗБИРАМ.
Не е работата за тоа дали ја сакаме или не ја сакаме нашата држава, овде се работи за нешто многу поголемо и поважно од љубов кон татковината. Јас не сакам да ја напуштам државата (нејзините природни убавини, моите родители, моите роднини, родното село на моите родители). Јас сакам да избегам од лошиот систем кој е воспоставен од осамостојувањето на државата до ден денешен. Тој канцер што го јаде секој човек полека и полека и го разорува одвнатре, но тој се бори се додека не ја загуби битката Таа визија со која неспособните и татините и мамини синови успеваат во животот без капка пот. А квалитетни и образовани кадри се непожелни за секоја владеачка гарнитура. Никој не си заминува од татковината која ја сака освен ако не е приморан на тоа .