Луѓе без осет! Можам јас секој ден да си порачам нешто прилично евтино колку што ми е чергата за да заштедам да имам за нареден пат, а она може комотно да си порача нешто од 200, 200+ денари и без ни да ја погледне сметката ќе подаде одредена сума пари,а бидејќи заедно наплаќаме остатокот кој она фино лепо го запоставува си се наплаќа од кај мене. И да не е тоа проблем ама барем еднаш да ми го дадеше кусурот кој секогаш е мој, ама еднаш да прашаше, но не кај плаќам дел од твоја сметка без срам собери се до последен денар! А последниот пат кога и кажав дека е мој се зачуди небаре за врат ја фатив и на луто тера. Па дајте бре луѓе осет колку ти е чергата толку испружи нозе, не сум ја должна 5 пати во неделата да плаќам нешто што иде во твој стомак за ти да стаиш слика на социјални мрежи! Некој со пот го заработил тоа... Разгаленост до немај кај.
Вие ќе ме пукнете мене. Еден ден. Најозбилно. Ѓубриња едни себични преку глава ми е веќе. Манете ми се,оставете ме на раат. Гледајте си го својот живот.
А,бе,ти ли само ќе командаш како да се постапува со парите ? Па,само на глупости ги трошиш.Преку глава ми е од твоето однесување ? !
Конечно... конечно во животов ми се појави маж по каков што копнеев со години, сродна душа, исти до коска, со други зборови - совршен... АМА НЕ! Секогаш, ФАКИНГ секогаш мора да постои некаква пречка, во случајов - далечина
18ти јули,среда,2018 Само нејзе глата ја боли.Сите сме се свртиле против нејзе.Само таа не е арна.Цел живот се прашувам откаде ѝ идат овие мисли дека од сите страни е нападната?М? А јас? Јас:очите ме болат од шо ми се плачи;глата ми е ко зашеметена веќе предолго време и никој не ми верва дека нешто не е во ред со мене(да ме испитаат веројатно ќе завршам на психијатрија или во некоја ментална);губам волја било шо да прам,а колку и да се трудам да сум најштракнатата,највеселата...позади таа насмевка се крие болка.Мислам дека дипломирав во таа насока.Секогаш насмеана.Сигурно сите ме мислат за тралалајка.За неспособна.За несамоуверена.За некоја која не знае да ужива во животот.За бавна.За несмасна.За глупа.За дете во душата кое не сака да порасни а има 20+.Едноставно-за будала. Не знам да дефинирам во точно каква состојба сум,ама осеќам дека нешто не е во ред со мене.Најсериозно.И то во глата.Мислат дека се виличам,глумам,неќам збор да ми се речи.То мислат.Ми наредват,ми викаат-ама не ме сфаќаат.
Јас ви ветувам дека нема да ви дозволам. Нема да дозволам никогаш да ми се меште во животот. Тоа сте се зезнале. Ако мислите да ме ставате во позиција да бирам,само немој да се изненадите од изборот.
Како не ти е страм на постар човек да му презборуваш, да го вреѓаш! Човекот на велосипед културно им рече "девојки патеката е за велосипеди.." Наместо да се застрамат и извини да речат тие возвраќаат "па многу сме што да правиме чиче" со некој си ироничен тон на глас што пишти од некултура. Па потоа следи смеење и шепотење као демек многу јаки сме !!! Малку фалеше да им возвратам јас нешто али ајде се воздржав и после криво ми беше зошто молчев. Знаат да се направат kardashian- кич-во фацата и напукани хеланки на само 16 години а не знаат за манири и општа култура. Како не се застрамат и тие и нивните родители.. Али јбг од кај да знаат што е велосипедска патека кога најголемо достигнување им е пиењето кафе на широк сокак, устата како duck, хеланките...
Не завидувам и љубоморам на никого, без разлика како што постигнал, и покрај сè. Ама ужасно трагикомично и иритантно ми е кога некој намирен со сè кој блеска поради тоа, на секој чекор проповеда дека не е сè во парите. Лесно е измеѓу две шетања во Европа и во Азија, да тешиш луѓе дека Госпо ги гледа и ги сака ради скромноста. Барем фурајте го Турунџиева стајлов во таа сфера само на фејсбук и инстаграм, не се дрзнувајте со лицемерен и подбивен глас да им го кажувате во очи на луѓе со скратени крилја и вреќа грижи ради разни проблеми, меѓу кои главни се финансиските. Ми се гади од уанаби просветлени патетични суштества...
Ми иде да ги истепам оние животињи што кога у банка на шалтер бркаш работа а они ти дишат у врат од непријатна близина,дур те допира!!!! Чекајте си ред позади жута линија бре стоки невоспитани!!!!! Плус ко бонус е кога некој ќе се нашлака со лук
Мајка колку месеци има малиот? - 12 месеци. - Оди? - Па сам уште не кога го држиме, или сам се држи за столче, маса и оди. - Аууу па он е веќе голем треба да оди сам. Зборува? - Зборчиња мама, тато, баба, да, не... - Мајка бе како па он треба веќе да збори ехее моиве на година како стари збореа. Леле колку ме изнервира женава ми се идеше да и кажам да не сакаш оро да игра и песни да пее. Фалеше уште малце да не прати на логопед, дефектолог и ортопед или па на бајачка, дека детево има година и не трча и пее. Недај боже да и кажев дека има 2 или 3 години којзнае што ќе кажеше... Каков народ ејјј...
Пак почина мајка родилка, пак истиот град, пак Гевгелија. Се прашувам има ли еден нормален доктор во таа болница, некои професионален персонал кои се грижи за луѓето,а да не ги познава. Или за да останеше мајката жива требаше да носи прасе/риби,вишни/праски/цреши, шишиња алкохол и што уште не. СРАМОТА Остана малото без мајка,го разделија најмилото од мајка си.... Не сакам да звучам лошо но ќе кажам Бог постои внимавајте што правете еден ден се ќе ви се врати НО малото нема никогаш да ја гушне мајка си......
Прееееемногу анксиозна сум. Прееееееемногу напната сум Зато не сум згодна за излегвање. Зато ме неќат. Sad story.
Да ти се плукнам во државата што раздели дете од мајка, маж од жена, жена од маж, внук од баба и дедо...
Многу сум напната и нервозна. Се дерам на некој што не разбира, оно си има мака, а јас ко луда викам. Офф, се мразам што сум таква
Мразам кога ќе почнам да зборувам и некој ме прекинува на секој збор. Ми се иде бокс во фаца да им удрам па никогаш повеќе да не им текне да ме прекинат.
Се нервирам кога некој неписмен се прави не знам што. Прво нека се научи да пишува, па ќе правиме муабет.
Кога ќе престенам да имам дечковци помали од мене а да очекувам нешто сериозно од нив ??? Крајно време е децата да ги оставам во нивното детство.