Најмногу од се ме нервира тоа што таман ќе помислам дека некој дечко е ок,ќе се покаже неговото вистинско лице и ќе се додаде уште еден идиот на ланецот.Веќе не комуницирам со машки.СЕ ОТКАЖУВАМ!
Сакам да бидам како сите оние чудовишта од луѓе што се ситат на туѓата несреќа, за да видам само каков е нивниот погледот на светот. Јас пак изгледа сум единствена будала која повеќе гледа да помогне на некого отколку да го сопне. Јас сум кретен и дебил затоа што не се грижам повеќе за самиот себе и го знам тоа и свесен сум. Ама јас барем ќе умрам со чиста совест бидејќи не сум како нив.
Аман ти е*ам и времиштево и све по список ко октомври да е, да не може човек у фустан или шорц да се облече па и главава 2 дена ме откорна од времево глупо. А сега па ко што пола ск се испразни ќе цркнам од досада и депресија некоја ќе ме мавне.
Ќе истепам некој. Држава ли е овоа бе? Неписмењаци. За 15 дена да не можат пасошот да го направат. Да ти зависе цел одмор од неписмени .
Симона се менваш бе чоек. Порано неќеше old songs,old school stuff and so on,а сега то ти е мерак на душата. Симоно бе,порано неќеше ленонки да смислиш,са омилени наочари ти се бе пуфло. Симона мори,почна лека пополека да носиш црно,па еве и црн ранец купваш. Алоу кај исчезна она чупе шо сакаше весели бои на себе и секоја недела ги шараше ноктите и сама си праеше накит? Сега шминка слабо,накит ретко,ноктите коќе е време за учење испити од септември до јуни ојш да ти клат вештачки за да не ги гризиш,слушаш блуз,рокенрол,кантри,рок,шпанско шибаш и шо уше не. Ретко штикли,са на патики се џитна. А сеуште имаш комплекси со висината дека си ниска.Е то не ти е променето. Меланхоличниот табиет шо го имаш во некои работи си сериозна,но сеуште го оставаш детето во дете да е во преден план. Симоно,не беше ваква.Се губиш....кај си бе чоек?Шо ти е?
Ги мразам не можам да ги поднесам Тие ли ти се побитни од мене ? Поубави се ? Моите нерви се побитни или тие ? Ќе пукнам мислам . Зошто вака ми правиш ?
Додека знаат дека си секогаш тука за нив к*р не ги боли за тебе, е тек кога ќе те нема те бараат. Сеа ич да не замараш
Добро бе како може да кажеш дека депресивните луѓе и оние со суицидални мисли се психопати? Добро бе ти знаеш ли низ што поминуваат некои луѓе? Секако дека не, што видела татина принцеза во животот се на готово цел живот нареден ти само спиј јади и шетај. Тато е тука да ги плаќа секојдневните излегувања по кафичи и журки, алкохолот, брендирана облека, забавите дома, одмори, разни патувања во странство исклучиво луксузно затоа што на тебе не ти доликува нешто ефтино, ти не си проста како нас ти си префинета. Ти не си од оние глупавите сиромашните кои се неспособни да заработат и немаат никаков живот и вредност затоа што немаат пари иако ни денар немаш заработено сама. Ама знаеш што? Ако некој тука е психопат тоа си ти, само ти. Психопатите се луѓе без емоции и емпатија, луѓе кои уживаат во туѓа болка и несреќа, бездушници... Ти си тој психопат. Алчно, разгалено, себично, расипано ѓубре кое паразитира и се сити на туѓа несреќа. Ама ако, купувај ја "среќата" со пари и "другарството" и "љубовта" само го чекам денот кога ќе се сврти кругот. На се му доаѓа крајот дури и на такви психопати како тебе.
Тешко е кога сакаш да стигнеш до некоја цил a немаш поддршка од никој а уште потешко е кога домашните ти се подсмеваат од страна Пример вака
Аман веќе и време и се! Сакам лето, топло и сончево, сино небо без облаци. Оди си дожду не си веќе интересен!
Стоп за насилство врз животните! Рече човек кој јаде животни. Аман веќе, дали воопшто сте се запрашале каков човек сте, што сте згрешиле, дали наштетувате некому? Или само да се шлапа нешто колку да бидете интересни. Ете за ова мразам луѓе, бидејќи немаат осет, бидејќи воедно човекот е најпаметно и најглупаво суштество на светов. Незнам како може воопшто да бидеш поборник против насилство врз животните а истовремено да се храниш со животинско месо? Барем молчете и не велете дека сте против насилство врз животните бидејќи сте соучесник, директен или индиректен.
Зошто едноставно неможам да кажам се што ми лежи на душава туку премолчувам.. и после некој друг ми е крив,но човек тешко да се смени