Е како да не! Секој човек вреди. Он-топик: Не фрлајте ѓубре по улица! Да не ќе се шините ако го поносите во рака 50тина метра, до наредната корпа за ѓубре!!??
Ваков мир сакам. Баш ваков каков што е на небото. Сите нерви и стресој да се закопаат подалеку од мене...
Мора за секоја ситница да креваш прашина и од мравка слон да прајш? И мора да ги хиперболизираш работите? И мора да сум под стрес? Некој нов закон е то? Извини ама ако е то нов закон тогаш сум бунтовник... Еден ден ти ќе ме бараш мене,а не јас тебе... Ќе видиш како е да си играш со нечие ментално здравје,коќе се разболам (не дај Боже) ќе паничиш и јас крива пак ќе бидам...јбт неќам вака да биди. ПРЕКИНИ ВЕЌЕ ЕДНАШ АМАН!!!
цел живот фина и воспитана и после ми се смеат што чекам дечкото прво да ме праша девојка да му бидам пред да се бакнуваме... закоравена и застарена сум била абе ајде! мое е да правам што сакам и да барам што сакам! ако не си таков океј не те терам јас да ме воодушевуваш и бившиот и сегашниот ме прашале зашто така сум се поставила па мора ли секогаш да ме плукате за тоа ... доста ми е
Добро до кога ќе се однесувате како деца и ќе се карате сте начукале по 50-60 години, а се карате за глупости како мали деца. Па уште и за време на ручек да ти преседне јадењето.
Да ти се плукнам и на комшивката. Кој мори го мие дворот во 2 часот навечер, ебате вештерката. Оди мори спиј, 70 години имаш. Го миеш за да шпиунираш кој кога си оди, со кој си оди, дали некој ја испратил, па утре да раскажуваш на сите. Бетер од видео надзор си. Девојчињата раат не можат од тебе да имаат. И коа ги обесила тоа вреќи-гаќи 20 пари исти бели ууу мори сите ти ги гледаат, барем позади куќа си ги стави. Аууууу шо жена ќе беше, најди си занимација. п.с. единствен случај си што е на хроно и повеќе се дебелее!!!!
Нема да научам и крај. Ти пишува само кога и треба помош за нешто да праша. И враќаш секогаш, ама кога ти ќе ја прашаш нешто не се ни труди да ти врати туку на сеен те остава. Доста ми е веќе од тебе. Ова беше последен пат.
Јас немам маж идиот имам поред мене, незнае не да каже. Му се јавија ќе дошол брат му со тоа жеништено негово, а ние на искачање и овој ќути. Колку пати нас од врата не вратиле што се вика или кога ќе се јавиме да одиме до кај нив не можеле имале планови. Овој мојов муле и сега ќе дојдат и онаа одма ќе почне да мрчи нешто да провоцира, а мулево мое ќе ќути. Не можам да ја смислам секогаш кога ќе дојдат ни прават кавги они се знаат најпаметни се ние глупи појма немаме ништо, ужива да ми расипе ден и да мрчи кога ќе дојде.
Да почнеш да се однесуваш онака како тие со тебе, па да видат како е. Амаааааа, пак нема да им текне бе, тогаш ти ќе бидеш лошата.