Koza edna...me vregase pa sega bara da i ja nosam malata da ja vidi E ke si go vidam tilot.Ne sum zlopamtilo,ama sekogas pamtam A taa go znae toa
Многу се нервирам кога сите ми го бацуваат детево, поголем е сега да ама пак ме нервира јас туѓи деца освен внуци не бацувам посебно не на лице. Кој како помине шлапни ми го детево во лице. Коса ми се крева. Кој како стигне му даваат свашта да јаде, викам не јаде тоа не му давам ќе ме погледнат како будала да сум и ќе му пикнат пак во уста. Ќе земам да му испринтам маичка " НЕ МЕ БАКНУВАЈ!!!!
Пу бре, лажеш ко да ти фали нешто и ти и оние твоине со тебе. Нели ќе дојдеше попладнето, пак ли ќе те чекаме со месеци ццц, па јави се кажи дека не доаѓаш, да ти се плукнам во суратот селски а се правиш фин дека си. Лажго низаеден.
Мразам лаги!!! Мразам луѓе кои манипулираат со другите! А имам таква во близина Толку голем манипулатор, саможивец немам видено. И сето тоа го прави на фамилијата. А пред другите светец Не ли ти е жал, гледаш да се најадеш, да си се наспиеш и да оговараш. И да, сега и да се прошеташ, оти нели побитно е на 60г.да шеташ отколку да помагаш на своите. Ама нема кој да ти го покаже местото
Маже мое од што си добар сите те користат, чичко ти ти побара пари одма му даде. Го знаеш и знаеш дека тоа значи дека тешко ќе си го добиеш назат заемот, тоа ти е исто како во црква да си дал. Не му даде мала сума па да не ми е криво не се 500 ден или 50 евра...убаво те закрпи, ако уште еднаш ќе сфатиш дека не чини толку да си добар. Едно е да си добар друго е да си будала. Не сакав ништо да ти кажам зошто знам дека знаеш и пак истото го правиш.
Ме избркаа од работа зошто колега што и е дечко на шефицата ме загледувал и ми се пуштал колку се болни луѓе има си играат со туѓиот леб. да можам ќе препукнам од нервоза
Лошо е кога од сопствената мајка не добиваш поддршка. Добро, може не беше убаво ама можеше сето тоа да го кажеш на друг начин. Дека не ти се допаѓа или не знам што. Не мораше да се изразиш баш со тие зборови. Денес ме повреди како никогаш до сега. Пред другите се правиш дека си горда на мене, а вака едвај чекаш да дофрлиш некој коментар. Само кога ти требам за нешто тогаш сум фина и добра и се. Тоа трае додека не добиеш тоа што ти треба. Е нема повеќе, завршив со добриот однос и помош кога и да ти треба.
Сакам да заврши веќе ова голгота. Некој да стави крај на сето ова и да не бидам повеќе дел од ова лудило. Да бидат избришани сите мои траги исто како да не сум постоел никогаш и ништо да не остане што би потсетувало на мене. Да исчезнам како балон од сапуница. До кога ќе треба да го чекам тој проклет ден? До кога?
Рефко што ти е бре? Самосожалувањево на форум нема да ти помогне да се осеќаш подобро. Проблемите нема да исчезнат ако плачеш,туку ако се исправиш и соочиш со нив ко вистински човек,што ваљда си.
Ако ти дојдам таму ќе заврши тогаш. Ако не можеш сам да ги истераш тие бубачки од глава има стручни лица. Со нивна помош ќе ти биде подобро
Жими се нит пешачам нит возам поќе. Ѓомити то го прам да исфрлам негативна енергија... На бегање начеквам штеточини во човечки облик кои максимално се трудам да ги избегнувам. А ето кога си малер не мојш да бегаш од малерозноста. Ќе се удам во кофа со вода!
Понекогаш поминувам низ лоши периоди без да ги осетам.Музика,песна и поминува...Ама кога ќе дојде оној момент кога ти е преку глава од се Она чувство кога немаш на кого да се потпреш Кога никој не крева слушалка за да те праша како си...А скршеното срце,боли најмногу од се Е кога ќе помине оваа фаза "I have no life",тогаш кон секого ќе се однесувам спрема заслуженото.Оние што ме поддржувале и се сетиле на мене,секогаш ќе им бидам благодарна,и ќе им возвратам.Оние на кои не им било гајле,не ми требаат во мојот живот.И пак,нема таков на кого можеш да се потпреш.Или светот е многу себичен или јас ја немам таа среќа да имам личност на која можам да се потпрам.Не се чувствувам празно...Повеќе би рекле досадно и осамено.Не дека не знам да си го исполнам животот,ама во некоие ситуации едноставно се потребни повеќе луѓе од еден.Но,и никогаш не сум се чувствувала посилно.Храбро чекорам,очигледно
Добро бе човече , како не се измори ? Па нели гледаш дека шарпланинецот го чуваме како да ни е дете . Лае ? Па ако ти му го пуштиш мачорот твој таму ( кој патем му ја јадеше храната кога он беше мал ) нормално дека ќе лае . Што потреба има да ми вознемируваш деца и полиција да ми викаш . Што к*р ви смета кучето кога тоа е уредно во куќичка , на едно ќоше иако дворот е долг и има гаража . Пуштено - не е . Иако е сеуште бебе многу е гломазен и не го пуштаме , плаши луѓе . Плус кажано ти е дека ќе го дислоцираме , само не може одма . Како да оставам член пд семејството на дожд ? Како да го оставам во бокс што не е ни до пола со градба ? Ај ти мачорот остави го така . Па и мачка знае да вознемири . Особено кога е време за парење . Ќе дојде февруар . Ќе те пријавам за вознемируање - мјаука мачорот . Да видиш како е ебате .
Откажи се свити нема фајде.. и он те гледа само како другарка и ништо повеќе, исто како и тој пред него