Идиоту себичен... Како не ти е срам? Некој да стави крај на сето ова и да не бидам повеќе дел од ова лудило. Да бидат избришани сите мои траги исто како да не сум постоела никогаш и ништо да не остане што би потсетувало на мене. Да исчезнам како балон од сапуница. До кога ќе треба да го чекам тој проклет ден? Иди у ку*ац. Имам гнев и бес да те задавам, ама не сакам да си ги валкам рацете со незрели глупаци. Како и да е ќе помине и ова....
Ајде ако можете да ме растргнете на сите страни по малку, дет вуд би грејт. Така ми иде да му ја збришам од местово, од државава, од планетава, па директно во вселена. Со соѕвездија, планети, сателити и комети ќе си се дружам. Неќам луѓе
Како бе така? Како само ти си безгрешна и повредена?! Не си свесна колку многу отров фрлаш околу тебе само што ќе изустиш збор..
Не можам да не прокоментирам.. Добро бе машкиве на форумов што сте на прсти се броите.Пола од вас се океј момци и имам почит према вас, што праиме со другите кои доаѓате на ЖЕНСКИ ФОРУМ и пљукате по жените а?? Заборавате ли дека жена ве родила бе?Или ве нашле под мост па ве собрале?Многу ви дрдна устиштето а муабетот ич не ви држи вода.Напрајте си машки форум па лајте таму како аждаји.Една овде да навредите ќе го плукате мајчиното млеко што сте го пиеле..безобразие. Ограничени паразитски мозоци.Не за џабе женските порано созреваат..отиде светов иначе.
Момент кога ќе почнеш да се сомневаш дури и во самиот себе. Си велиш дали тоа што го правам, го правам на вистинскиот начин? Често иако се наоѓаш во друштво на повеќе луѓе, ти си отсутен и ти лутаат мислите. Доаѓаш до заклучок дека и останатите го приметиле тоа кај тебе и полека започнуваш да се оддалечуваш од сите. За да не те гледаат со поинакви очи од претходно и за да можеш на мира да си ги средиш мислите.
Добро можно ли е секое ебано сабајле да ме замарате???? Алоооооо да се породев ќе знаевте аман!!!!!! Мрш сите у пм веќе.
Не е можно, не ми се верува што ни прават на студентите. Па уште за еден мочан предмет што ми е последен малтретирање колку сум видела. Да не може човек ништо да си планира, играат со тебе како сакаат. Аман веќе аман. Нека пропадне и држава и се, нека не купи некој. Ништо не функционира ... ништо. Нека одат сите у пм.
Нека помине неделава па да ми започнат конечно празнициве и нека ме фати убаво,новогодишно расположение, растеретена од грижи. Ќе си пукнам колку се секирам што ќе ми кажат.Само да се добри,здрави, те молам Господе!!
Зошто секогаш крајниот исход е најлошото што може да се случи? Некогаш се прашуваш дали да се обидеш да извадиш некого од калта, ако не се обидеш да го сториш тоа ќе се каеш и дури и да се обидеш подоцна ќе имаш грижа на совест. Зарем секогаш мора да се соочуваме со ова? Зарем низ целиот наш живот? Некогаш не може да пронајдеме одговор на некои прашања, колку и да се трудиме да ги бараме одговорите. Останува само фразата: Што би било, кога би било?
Ќе престане ли оваа тетками да ми меша во животот???? Цел живот со сите е таква. На своите деца им го уништува животот, а на периоди пробува и кај мене. Кога не и праам муабет сум раат доооолго време. Еднаш ќе и дадеш прст и одма рака ти зима. Вчера што убаво се по тел . и соопштив дека сум бремена со близнаци, се беше убаво, денес пак ме изнервира. Значи напорна е, напорнаааааааа... Ама реков дека нема да се нервирам, искулирувам во овој момент.
Кога ќе се вратам во минатото односно кога ќе се сетам на сите моменти од мојот живот јас гледам само болка, голем број на грешки и болно срце. Сите велат имај трпение. Тоа чекањето го менува човекот со тоа што психички го уништува и еден ден едноставно решава да се откаже. И никогаш не се трудев ниту сакав да бидам како останатите луѓе, а ниту на поголем дел од луѓето не им успеа да бидат како мене. Ваквите како мене не се откажуваат лесно, ама кога ќе се откажат не постои шанса да ги вратите од патот по кој решиле да тргнат. Тогаш е се готово.Едно сфатив: Нема излез од овој ѓериз...
Понекогаш посакувам да ме снема и да испарам и никој да не се сеќава на мене и да заборават дека воопшто сум постоел...
Леле, какво дефетистичко и негативистичко створење си ти ма , сигурно боци кислород земаш на дневна база за да преживееш. И син ти си го претворила у иста меланхолична скептична флегма ко тебе, леле, стравови од овој од оној, не може ова, не може она, не смее вака и онака, ќути си трпи си . Тешко тие што мора да ве трпат вас секојдневно, среќа не сум меѓу нив.