Косата ми е ужас, и шминката ми е ужас а денес сакав баш да сум топ. Станата сум на лева нога, ништо не ми чини. Не ми се полни лаптопот , до кабелот е ми иде да фрлам се низ прозор.. Едвај го полнам. Да ти се пљукнам во денот скапан понеделнички.Мрзам понеделник!!!Освен наредниот секако ми се плаче
Се сеќавам на секоја реченица од нашите разговори. Од толку читање ги научив веќе на памет. Не знам дали се сеќаваш ти? Јас се сеќавам како да беше вчера. И не знам зошто мислиш дека сум таков кога и самата не веруваш во тоа? И не знам зошто се плашиш од мене? После се сфатив дека залудно е да се трудам, кога не ми веруваш на моите зборови...
Сите најпаметни, сезнајковци, безгрешни и без мана. Тух бе, штета што сум обичен смртник, не сум како нив и ќе учам, ќе се надоградувам до крајот на животот.
Урбанио Македонец за да биде на мода ќе си прослава и хелоуииин и блек фрајдеј и тенксгивинг и се. А ка ќе доо ред да се слава Кољде, Бадник, Божиќ, Сурва ќе се напраа измачкан и ќе истопоре цеенте на секоо производче и ќе го убии празничнио дух. (дијалектички да се испукам)
Пак ли анемија Господе??Аман веќе аман, уште колку пати ќе треба со тоа да се борам и одново да победувам.. ми се смачи ама нема повлекување.
Кога ќе заврши ова лудило? Зарем не сте свесни дека ме повредувате на ваков начин, кога целата вина ја префрлате на мене и правите да се чувствувам како лоша личност и да се сомневам во искреноста на другите луѓе. Ете ќе дојде и тој ден кога мене ќе ме снема и кој ќе биде виновен подоцна? Би издржал секаква физичка болка дури и да ме сечат парче по парче, помалку ќе ме боли од ова што ми го правите. Очигледно е дека сум за се јас виновен, ќе ме барате еден ден ама мене ќе ме нема. Тогаш се надевам дека ќе бидете свесни каква личност загубивте. Не за џабе рекле дека твоите најблиски може да те закопаат во црната земја пред време.
Едно нешто ќе го замолам да направи и тоа ќе го оплеска... Бог да чувааааааа.... Нарача ли? Нарачав. КОГА ТРЕБА ДА ГИ ЗЕМЕМЕ? А НЕ ЗНАМ МАЈКА МИ ЌЕ НАРАЧА ПА ЌЕ МИ КАЖЕ А ТАТКО МИ ЌЕ МИ ГИ ДОНЕСЕ. ЗНАЧИ ВРИШТАААААМ
No hate, ама до кога од ИД ќе убиваат луѓе за глупости? Сега чув на Сител, имало напад близу пирамидите во Гиза и дури 40 терористи биле убиени и се сметаат дека се членови на ИД.Буквално, а има некој масакар или они се криви или Ал Каеда.Имаше сомнежи дека на 24ти ќе има напад во Барселона.Значи зашто?Која е поентата да убивам луѓе на секој чекор?Ма која сака нека е причината, пари да се ма свети Господ да е не го правам тоа.Со која совест легнуваат навечер таквите? Не се за убивање, да ги стрпаш во лудница и ѕврцките да им ги вадиш. Ексик веќе, да ти е страв да мрднеш некаде.И за кај нас имаше шпекулации дека на почетокот на јуни (201 ќе има анти-терористичка акција.Уште овде фалат да дојдат, едвај 2 милиона сме уште нас да не заколат.Згрозена сум, ми се повраќа.И еве најискрено ви кажувам се надевам нивните души никогаш ама никогаш дека нема да најдат мир на оној свет, и дека Господ за кого демек ги убиваат луѓето ќе им наплати дебело.Бидејќи џабе ако лежат затвор, починатите нема да се вратат. Не поддржувам масакри под никакви причини.
Пак јас..само кукам како баба некоја Значи како да ти ус**ат цело расположение во рок од неколку саати.Скопскиве кафичи што прават журки ЗА БЕ ГА ЛЕ.Баш имав желба да се поддотерам и да се забавувам малку, сега расположение НУЛА.Ајт у пм
Зошто се чувствувам како да не припаѓам тука ? Не зборувам само за куќава , туку воопшто . Не припаѓам во градов , ниту во државава , воопшто во временскиов период .. или сум мнлгу напредна со мислите , или сум мноогу назад . Се чувствувам несфатено ... П . С . Среќна нека ви е новава . Се најдобро да ве прати во неа . А јас ќе си останам вечно несфатена .
Не, не ваков идиот 2 пати не се раѓа.Не знаеш што направив затоа вака викаш. Битно цела вечер изигравав Црвен Крст и трезнев девојчиња..
Изгледа треба да почнам да бидам себична, да не мислам на никого, да не ме интересира туѓа несреќа и слично - за луѓето да ме ценат. Да бидам убав украс шо ќе го гледаат. Но не сум ни едно од овие горе... и самата се кршам на парчиња поради сето тоа, а и другите ми фрлаат камчиња за да ме докршат. Еден ден ќе сфатат тие дека мене ми е поубав животот иако сум добра, пожртвувана, грижлива... и иако сум понекогаш скршена моите скршени парчиња се насекаде. Ако ме згазат ќе се исечат самите. А јас ќе си останам иста.
Светов иде некаде,ама незнам каде Човек кој има деца и внуци,на кучето му вика,дојди кај тато Се' по список,мамичето во шамичето