Од политички подлизурковци ми се лоши а од оние децата што си ги ставаат во оквир гласав за ми се повраќа Уште од мали ги заразувате со вашите лични политички определби им покажувате дека политика ко ќе фатат за м*да се постигнале. Не ви е ли жал што го злоупотребувате ликот на вашето дете за да се качите погоре во партиската хиерархија каде што ви се постсмеваат за ова што им правите на вашите малолетни деца? Родители кои му мислат вистински добро на своето дете му оставаат простор безгрижно да порасне созрее и само да сфати дали ќе стои зад некоја партија и дали ќе го занима политика или не. Многу сте ми лицемерни ваквите суштества т.н. родители.
Не ли ти е срам да ставаш лански слики од внучињата и така да им честиташ роденден на фејсбук? Не ти е ли па уште повеќе срам да крадеш туѓи слики и прикажувајќи ги како свои да се фалиш дека и ти си присуствувала на родендените на внуците? Па уште во коментарите им посакуваш на тие што честитаат да си дочекаат и тие да си слават вака за своите најмили. Како е тоа вака ма мамо? Пред тв или со телефонот во рака, дома? Многу јака прослава, нема што. Се надевам дека ти беше вкусна тортата што ти ја пратив по вајбер. На здравје нека ти е.
Колку си глупа, ништо чудно што си касиерка. Чекам пет минути да наплатиш саламчето на некој старчуга, после од другата страна друг старчуга се нацрта пред тебе без да почитува ред и ти мене ќе ме убедуваш дека пред мене бил „господинот“ (парталав мајстор што оговара минувачи), иди е*и си матер ќорава свиња.
Многу мразам кога доаѓаат луѓето ненајавени. Никогаш не сум отишла никаде без најава, ни кај најблиски, ни кај мајка ми и татко ми. Ме нервира кога доаѓа некој за време на ручек и седи 3 саати. Он само што ручал и дошол. Домаќините гладни седат со него. Три саати, пиво за пиво, и празни и банални муабети.... Ме нервираат и луѓе кои во друга куќа се прават газди. Па им кажуваат на другите гости да не си одат, да седат, да си прават муабет....
Што треба да ни се случи за да малце од малце се сакаме меѓу себе како народ? Да се радуваме на нашите успеси. А не, овој доби на лото, ама он е од Митревци, не од Спасевци, ич не ми е мило. Поарно странец да добиеше отколку ли тој од Митревци. Ќе се вработев на поубаво место, со месеци таев како некои што таат бременост. Страшна работа. Омраза, негативна енергија на кило, со лопати да ринеш. И после анксиозност, депресија, паника, па нормално. Со какви небулозни интриги на едно работно место се соочува човек секој ден. Само црна хроника настан као не сплотува ама на јазик. За аман-думанките само. Што треба да се случи? Нова колонизација? Да станеме нови Индијанци, Абориџини, обесправени малцинства на своја почва за да почнеме малку пољубовно, колку што го величаме Ацета великиот, толку да го величаме и Ацета од Ристевци што добил прво место на натпревар по математика, а не да бараме врски дали имало во натпреварот. Сакајте се бе луѓе. Ние, што сме уште живи. Ако само ги сакаме војсководците од дамнина и револуционерите од минатите векови, не ни се смета доколку малку не „палиме свеќа и на живите“. Аман.
Ве мразам вас што ги повредувате животните.Тие се толку невини и чисти а вие гнасни заслужувате казна
Зошто постојат толку злобни луѓе, зошто упорно ми го уништувате животот, зошто толку сакате да ги повредувате луѓето, и јас како и сите други имам чуства, имене ме боли, зошто сте толку себични?
Чекам две недели да ми вратат на порака да порачам едни тренерки преку страна на ФБ! Не знам кој Ви даде право да отварате страни за продавање преку нет кога не сте способни да услужите некој!
Не сум љубоморна.Не чувствувам ништо.Тоа ми е само реакција и незнам зошто правите толку големо нешто од ништо.Ниту еднаш на никого не сум му забранила ништо.Престанете веќе да ме правите да изгледам како лоша и да ми ги наметнувате вашите глупи особини кои сакате да ги имам а потоа се противите на тоа.Не душо не сум љубоморна само моето тело автоматски реагира така како што твојот мозок бара да изреагира,тоа е мојата најголема мана.Сакам да ме оставите сама да се изградам не ми наметнувајте...
Вака сега другарки, пријателки, фамилијо: Носете се у три лепе п.. материне!! Ако ве нема кога сте му најпотребни на човек, да изразите сочувство, да покажете љубов, да прашате како сум, не ми ни требате за убавите работи. Ајде марш, лицемери едни!