Овде на форумов пола од жените се прикажуваат ко храбри, самостојни, не дозволуваат свекрвата ништо да им рече, ни мажот. Мажот средува низ дома, шетаат, се сакаат, имале храброст, работеле многу и живееле сами. Нема да навлегувам дали е точно сево ова или се умислуваат. Само не ми е јасно зошто морате да ги исмевате или омаловажувате оние кои се тотална спротивност од вас?! Ете, разберете не сите се силни, храбри жени кои можат сами да се пробиваат низ искушенијата на животот. Некои патат од депресија, анксиозност, некои имаат страв заради децата..... За жал!!! Така да, take it easy! Бидете си вие најдобри на свет со совршени мажи, свекрви, бракови, совршени животи. Спрема другите, имајте милост малку. Не мора и на форум да им се уништува и онаа малкусамодоверба што ја имаат
Добро бе човек, дали слушаш ти воопшто што зборам јас?! Зборам нешто и го објаснувам цел ден и 100 пати повторувам ако е за мене што сакам и какво и на крај пак тераш по свое. И на крај викаш не се нервирај?!? Абе ми иде да се дерам на глас од нервоза.... Едвај го чекав денов, а ти ми го з... а за сите пари.
Раскрсница. Осеќам притисок за процедурата побрзо да ја завршам. Мобилниот не престана да ѕвони од сабајле, сеуште сум у неверување. Сите сакаат да знаат како, зошто, поради што се случило. Наводно биле во шок. Не знам со што точно ќе се соочам периодов кој доаѓа..уствари знам ама не сакам да мислам. Нема да покажам дека нешто сериозно се случува, нема да покажам ниту една ебена емоција, зошто ја немам. Имам само мисла дека треба да осетам бес или тага, ама не ги осеќам. Со добар другар сабајле имав жесток конфликт, знаете од оние конфликти кои ескалираат. Жал ми е што те повредив, но ти кажав да не ме провоцираш, те предупредив дека сум темпирана бомба. Проклето нека е сѐ, само да заврши до декември.
Многу мразам кога некое машко што ми се пушта кога ќе биде одбиен од моја страна затоа што имам дечко и не ми е до изневерување.И истото тоа машко после ќе го вреѓа мојот дечко и ќе ми вели дека да стапил во контакт порано со мене ќе имало нешто.Не нема да има.Не ми се допаѓа ни како изгледаш ни каков карактер имаш дали ти е тоа јасно?Ај мрш подалеко од мене.
Мои ненормални роднини се договараат како да ме пратат во странство. Нели нивните детишта се таму, избегале од нив , сакаат и мене да ме избркаат. Најмногу ме нервира што за нивните си плачат, едната сѐ ќе стореше да го спречи тој син ѝ да замине, кршеше копја со снаата, а јас да одам, ако, за мене друг нека плаче, м? Глуперди бескорисни и излупани. Ќе видат дека имаш потенцијал и визија и си на добар пат и сакаат да те пренасочат и дефокусираат некако. Не си одам. Што ако умре некој од вас, не ќе можам да стасам навреме за погребот
Не знам веќе кај да спамирам по темиве, ама некако сум даун. Не сум задоволна од себеси и сум чист доказ дека можам сѐ да заебам за еден момент. Не знам како да се научам на самоконтрола, упм.
Ми доаѓа да вриштам колку што ме држи глас, а молчам глупачка сум ете и се нека ми се удри уште сто пати од глава малку ќе ми е!!! Одам тутун да палам јер ноч је млада
Незнам, више дали има вистински другарки, кога и да им треба нешто секогаш прва бев, а кога дојде времето мене да ми треба нешто секогаш сте зафатени, неможете или незнаете. И кукам после.. така и ми треба. И малку ми е!
Сакам да ги извадам очите на дечкото кој што извади 1000 муабети за мене поради тоа што не излегов со него
Значи ми се смачи од тоа никој да не ме разберва.Преку таквата ми е мајке ми.Никој не ме сфаќа дека ми е тешко во гужва,дека иам одено во вц да плачам од шо не мом да издржам,дека треперам,дека ми потат дланките,еднаш ми снема воздух. Сум се виличела,џвакала и не знам какви ми ти останати изрази... Постојано сум на нервна база. Од дома не ме поддржват,не ме пуштат надвор од бт да мрднам во смисла да живеам на друго место,да работам,студирам. А зборнам сакам да запишам втор факс,на археологија да ом,сакам Зарагоза да работам (барав работа за таму бидејќи ми се допаѓа градо дека помал е,помирен е и плус јазико го знам јеботе)овие мојте се нешо као:све иаш туа,ако сакаш да ти умрам,ќр ја немаш слободата како овде,во кој весник да те откажам,сакаш карта во еден правец и да не те гледам поќе,не ми го кревај притисоко... Буквално ми е смачено од Битолата,а и од државата воопшто. Сакам да ом негде кај шо никој не ме знај,кај никој не му е гајле шо дешаваш или дали си откај ЗЗ или Грујо и останати срања со кој сме опседнати овде,а и не само овде и Балкано воопшто. Смачено ми е луѓето да мислат дека не сум способна за да сум самостојна,дека вечно ќе чекам на мојте,дека ако сум нервна не ќе мом со луѓе да работам,дека драматизирам коќе слушнам многу гласно нешо да свири дали е метал,дали е техно или не знам каков друг вид на гласно пуштање на музики,смачено ми е од ЧЕ во моето име,од прашањето кое одделение си,од то дека сакам психолошки книги да читам (се потрудив да читам да ми бидат интересни ама не е то то буквално се боринг нешо најдосадно од книга),од то дека сум вечито напалена,од то секогаш да сум насмеана коќе ми даваат поклони шо неќам или коќе сум негде да се прам дека атмосферата ми е уба,да пробвам да сум расположена она коќе сакам да сум мирна,коќе сакам тишина и мир поќе од се,коќе сакам да гчедам во небото и на нишо да не мислам,коќе бегам од луѓето... Сум драматизирала,сум се виличела,за нишо не ме бивало,оклофобијата ми расти,на љубовно поле делимично ми е состојбата ни ваму ни таму... Некојпат ќе се испокарам со некој и никој не сфаќа дека тешко ми е на моменти,коќе се испокарам со мојте после чувствам вина... Значи не е се во парите,не е се во сексо,не е се во кафињата...некогаш сакаш мир,некое поле широко и да дишиш длабоко,книга до тебе и правилнио чоек покрај тебе.Друго све е небитна ствар. Прее плачев,се изнервирав за ситници и после пак муабети од типо под сукњата на мама вечно... ЗНАЧИ ОК,ДОБРО? И ЈАС СУМ ЧОЕК,ЌЕ ТОЛЕРИРАМ ШО ЌЕ ТОЛЕРИРАМ,ЌЕ ИСТРПАМ ШО ЌЕ ИСТРПАМ,АМА ЌЕ ЕКСПЛОДИРАМ ЕДЕН ДЕН ОД СИТЕ И ОД СЕ И ПОСЛЕ ЌЕ РЕЧИТЕ СИМОНА ТИ НЕ СИ ВАКВА,ЕПА ЌЕ БИДАМ,ОСТАЈТЕ МЕ ДА ДИШАМ И НЕ МЕ КРИТИКОВАЈТЕ И ОСУДВАЈТЕ НА СЕКОЕ (ПРИФАЌАМ КРИТИКИ ДА НЕ МЕ СФАТИТЕ ПОГРЕШНО,АМА КОЌЕ Е ПРЕТЕРАНО Е ПРЕТЕРАНО Е БЕ БРАТ) Кажав дека ми е смачено да му се докажвам на луѓето дека можам то и то да го напрам,дека глеам за другите а не за мене? Епа веќе пукнав,са ќе глеам мене како ми е прво,после ако сакам ќе глеам за другите. Единствено ми е гајле само за тие шо беа покрај мене коа имав тежок период и коа верваа во мене и ја заслужија мојата доверба. На сите сега со резерва,довербата на дистанца,љубов кон тие шо заслужват и шо вистински верват дека можиш а не дека прајш драми или дека се виличиш,сега симона ќе се смириш,ќе си го средиш мозоко и ич да не те боли кој шо ќе речи за тебе,ако тебе ти е убо,не мора да глеаш на другио дал му одговара.Доста трпеше,не си карпа чоек,да беше карпа ќе пукнеше... Има еден шо буквално ме разберва ама неќе да живее тука,а јас донесов одлука тука да бидам па шо ќе биде нека биде са то е... Ми фалиш симоно,ти која се смееше без да мислиш на нишо,каде си бе чоек,врати се!
Значи најтешко нешто за еден човек, посебно за една жена е да мора да лежи и да чека од другите. Посебно ако тие од кои чека се флегми невидени. Па и ако се жалат цело време како се уморни и како не можат да издржат. Значи ок е, да можев оваа работа што се сработи денес ќе ја сработев сама без некој цело време да ми кажуваше што е наредно за средување. Пукнав овие 2 дена. Кај лежам и не мора сама, кај мора да повторам 101 еден пат што треба да се сработи, оти нели на Марс отидовме и не знаеме што треба, па и цело време слушам како биле уморни, не можеле веќе. Јас Можев?! Или јас Морам?!