Јас нема да ги трпам твоите сељачки зборови и фрази,поарно не ми кажувај ништо и оди у пм,не ме замарај
Ако те фатам има да те ишетам по светов, да те носам на фенси кафиња, да те натерам да читаш книги за однесување, стручна литература, енциклопедии, вицеви, има да те однесам во Сирија или латино земјите да видиш како летаат глави, во Африка да немаш вода, во Амазон да плачеш додека те бркаат предатори, на Антартикот да смрзнеш, а на крај, ќе те вратам тука, за да знаеш како треба а како не треба! (Морав вака, не знам да навредувам)
Добро бе, кога ќе се научете да размислувате пред да кажете нешто? Да кажеш на некого дека е дебел, е навреда, а да кажеш на слаб дека е преслаб не е. Како може така?? Па уште и дијагнози, неисхранетост, анорексија. Ма немој. Се изнервирав, среќа што сум личност до која не допираат мислења од непознати и небитни.
Се колнам дека форумов ќе биде единственото место кај што од сега ќе се испукувам и ќе покажувам емоции. I mean, 90% сме женски, така даа знам дека нема да се сретнам со коментаров, хах, леле колку покажуваш емоции, женско си затоа... Не дека факинг умирам и од толку што сум чувала све во себе, се чувствувам ко магаре натоварено со камења од грб! Ама знаеш превише емоции покажувам. Како тоа јас наеднаш станав емоцијонална личност со едно моментно покажување на емоција (што е човечки, а не женски), а толку време све живо пикам во себе и кријам во себе да не се види на виделина? Нема везе, идете шетајте сите. На форумов ќе си се испукувам, помеѓу моите жени.
Третирајте ме сите ко слуга и кога ви требам ме барате, инаку не постојам. Мавнете ми се, доста ми е. Конечно научив да кажувам НЕ и да бидам дрска, дебили.
Престани да ми доаѓаш дома непоканета, ако сум секој ден утепана од работа не значи дека нема да најдам време сама да си ги извршам домашните обврсски!! Не знаеш да го полираш ламинтот, колку блузи ми изгоре кога дојде да пеглаш? Кој бараше такво нешто од тебе? Сите лоши работи во нашата фамилија ги донесе ти ! И мајка ми ја разболе жената се нервираше од твоите игри и постапки! Не сакам да те гледам , само глумиш дека ми помагаш, не сакам дома повторно непоканета да ми дојдеш а биди сигурна НИКОГАШ НЕ БИ ТЕ ПОКАНЕЛА АКО НЕ МОРАВ!!
Би сакала да ја поштоваш мојата одлука дека повеќе не ми e ниту интересно ниту смешно муабети од типот:напалена си/ненапалена си,фрустрации за нагони,секс чуда,загреана/незагреана,еротски книгишта и слични чуда. Едноставно не сакам ни мајтап ни муабет за тоа повеќе. Колку повеќе ми збораш за тоа,толку повеќе ќе ме оддалечиш од тебе и ќе се дистанцирам,ама апла дистанцирам. Сега сакам повеќе повлеченост во себе,помалку зборување освен ако е многу неопходно,но во теми во кои лично се чувствувам непријатно,не сакам во мое присуство да се зборуваат. Ако сакаш мое присуство почитувај го моето молчание,можеби така ми е најубо,мојата невидливост,некогаш така ми е поудобно,но не ми зборувај на овие теми ако барем малку ме поштоваш. Бидејќи трпев,правев вештачки емоции(кои да бев глумица во театаро ќе ми се чудеа како ги иам увежбано) демек се ок брат,се смеев на то и слично,ама ПРЕКУ ДОЛНАТА ОФЦА(со меко ф)ми дојде да ми простиш на изразот.Не се зафркавам овој пат.Сериозна сум жими се најмило.Да не се колнам ете во најмилото,ама стварно преку гла ми е. Ќе го почитуваш мојот избор за горенаведеното или end the friendships?
Ќе ве убие маката што некој имал куќа во Охрид. Пазете се, како стареете не ќе ви издржува организмот такви нервози
Значи стварно од кога те запознав не мислев дека си ваков инат. Мислев си маж што е поинаков од другите. Мислев дека повеќе ќе се разбираме. А ти, ти си невозможен за некои работи. Те замолив да обрнуваш повеќе внимание за домот, за детето. Барем сега. А ти, одиме по тебе сите. Ко мало дете расфрлаш низ дома. Не се ни ободуваш да средиш. Не можеш. Уморен од работа си бил. Молам?! А јас можам?! Не знам, не можам да те сфатам. Имаш здравствен проблем толку години кој не дај боже може да премине во нешто лошо. А што правиш ти?! Не одиш на лекар, се инаетиш.... Ало бре, имаш жена и дете и едно на пат. Што ако не дај боже ти се случи нешто, заради твојата не ангажираност и незаинтересираност?! Што тогаш?! Зошто не разбираш дека не ти мислам лошо?! Ни стравот, ни парите не се причина... Само изговори наоѓаш... Те сакам, ме сакаш. Иако сме толку различни. А сепак не можеме да најдеме заеднички јазик.. Те нервирам и јас, и знам со право се лутиш. Ама и ти, ми водиш инает. Секој ден по нешто... Ко намерно вака да правиш... Не можеме вака. Не можеме да ги растеме децата во средина каде владее инает, нервоза и расправии. А зошто?! Се слушаме, се сфаќаме, ама не се разбираме.. Глуви сме за барањата на еден кон друг... Мора да се смениме. Мора!! Оти инаку ова ќе пукне ко балон, ко меур од сапуница....
На форум сум еден месец веќе, читам убави работи. Читам и ужасни работи. Си го расипав речникот, исто и мислењето за некои членови тука. Ми станува одвратно, но тоа е кратко, како гадење. Ми станува напнато, и тоа е кратко како товар. Ми стануваат некои форумџики мили, иако не ги знам. Некои ги советував во пораки, исто како да се знаеме. Неколку, тотално арогантни, ужасни, одвратни, клети и манипулаторски настроени, напаѓаат секого, сѐ, на секој начин, без да им значи нечие мислење и без да има влијание неговото или нивното. Едноставно ја фрлаат нивната некултура, а не либерален став, нивните повраќаници, а не нивното познавање за одредена тема, фрлаат наоколу како отров, неможејќи да го решат проблемот во реалниот живот, го решаваат тука, на форум, дрско и тинејџерски. За останатите секоја чест, има тука неколку девојки од кои може да се научи многу-многу. Прво од нив треба да научат простотилок-дамите па потоа сите други.
Најмногу што ме нервира е кога на некои луѓе не им се допаѓа нешто и упорно го прават.Се ставаат во улога на културните а врска нема.Мислењата им се за никаде(океј да нивни се но ако е форум секој има право да коментира) Луѓе кои не сфаќаат дека овде и јас и тие и секој од нас е дојден да си го искаже мислењето.Но овде има многу луѓе сфатете дека тие луѓе имаат право да реагираат ако вашето мислење за нив е погрешно и да напишат свое мислење. Тука исто ќе најдеш и луѓе кои ќе се фатат за еден збор кој ти е грешка напишан само за тоа што не знаат како поинаку да те нападнат. Има такви кои се жалат дека се "нападнати".Има и такви кои се "напаѓачи" Ова е форум и нема да се смени ако 20 пати на секоја тема напишете како сте навредувани и ова она...Ако не ви се допаѓа имате и други работи да правите на интернет не е само ова.
Значиииии ќе пукнам Толку ли многу барав Сакав да бидам само среќна, сакав октомври да ми биде среќен месец, сакав среќни моменти, сакав да ми биде октомври месец за паметење... Ама НЕ!! Зоооошто бе мораше вака да ми пропаднат сите убави планови за овој месец, па стварно не е фер, не го заслужив јас ова, ама навистина... Зарем треба да се задоволам со среќните 5 минути од пред некој ден... Абе зошто мора вакаааа, не можам веќеее Како гром од ведро небо ми дојде информацијава, ми ги лупна плановите од глава, ме уништиии
I wasn't even aware of the amount of darkness I have inside me... Наместо напливи на љубов имам напливи на омраза, повеќе од било кога. За сѐ наоколу. Дури и луѓето кои ги сакам веќе почнаа да ме иритираат, да ги мразам. Ни убавите зборови не ме допираат, туку ме иритираат, си мислам дека во нив се крие нешто горчливо, дека се е само ласкање, дека никој не ми мисли добро и сѐ е за некаква корист. Мразам сѐ, арогантна сум и лоша сум. I don't want to hurt anyone, but I'm scared i might. If someone of you is some kind od an exorcist, pls dm me.
Мене пари не ми требаат, од љубоФ работам. Кај те чекам на 15ти да пуштиш плата, не денес, утре ќе има. И после ти бегале вработени.....
Не можам веќе, се околу мене ми изгуби смисла, фамилија работа живот па дури и ти со некои твои постапки, нека иде се од мене... нека иде сѐ по ѓаволите сеедно ми е..
Се предавам...да,јас,храбрата,безстрашната,неуморна,непобедлива.Не можам повеќе сама,не можам да постигнам,немам секунда време за себе,а вие?гледате дека пропаѓам,дека одам по сите вас,гледам куќа,дете,одам и на работа повремено,со детето заедно,зошто не сте способни 2 саата да ја почувате,страв ви било...ма мрш,крвопијци едни.А ти,сопругу мој,не е само да направиш дете,треба и да го гледаш,пелени не знаеш колку се,срам да ти е...епа да не се чудиш кога ќе дојдеш дома а детето плаче,не те знае,не ја гледаш по 2 дена,пошто на каприците твои им нема крај
Гледам датуми/рокови 2020-2021 и косата ми се крева, кога дојде 2020-та, кога сиба мајката... јас во 2011-та останав, уште имам незавршени работи оттогаш... И ќе се свртиш околу себе, неки нови клинци, детишта пораснале Како лош сон.