За луѓе што си ја бараат кавгата и што провоцираат..само едно е јасно..се ќе ви се врати како бумеранг. Кој кому зло посакува и прави на глава му иде.
Нема љубов поќе меѓу луѓево еј. Само завист,љубомора,злоба,напади... Искреност,доверба и тие добрите работи ги знаете бе? Не ми е чудно,ама сепак грдо се осеќа чоек коќе е разочаран од неколку луѓе. Не знам дали вака беше точно ама мислам дека мајка Тереза еднаш рече: Најлошо е да си осамен меѓу многу луѓе. Во право била жената..... ....за жал
Ма бре како е можно толкава проклетија да се има собрано во еден човек? Абе со сила некому да сакаш да расипеш само за да си го задоволиш егото дека тебе сите те слушаме.. цц гадо гадосана! Отсега ни збор преречен нема да ти трпам, па после плачи, жали се колку сакаш! Мојот брак ќе го спасам како знам и умеам, ама отсега ќе си безгласна буква! .. а те почитував едно време..
Не се радвав на роденденот. Не се чувствував удобно ни на прославата. Повеќе мојот роденден не ме радва... . . . . .
Ти ја лајкнав сликата и после неколку секунди ми пишуваш "Што се деси со тебе?". Ништо, си го средувам животот, ти поеба пари на твоите за 3 одмори? Браво. Следно што ми пишуваш? Дојди ми на роденден. Ми пишуваш 2 дена пред твојот роденден зошто јас тебе те знам многу добро, типично овака во последен момент, а не ме праша дали имам планови во последниве 2 дена? Не, зошто не ти е гајле за мене. Како и да е не ти честитам роденден, те акнав на seen. Убаво да си поминеш во оној некојси небитен клуб, со сите небитни луѓе.
Значи уште ли не сфати-љубомората е болест бе злато! До кога ќе се занимаваш со мене? До кога денот ќе ти почнува со негативна енергија ,затоа што се разбуди од спиење и сфати дека и денес ме мразиш поради тоа што го немаш тоа што го имам јас,наместо да го прифатиш тоа. Да ме прифатиш како добра личност,само малку треба да се потрудиш за да поделиш љубов околу себе. Многу пати се потрудив да го извадам и пронајдам најдоброто во тебе ама залудно,комплексите си го прават своето...
Некои луѓе до толку немаат свој живот што и да кажеш ‘јадев лајна’ и тие ќе речат дека пробале некогаш, само колку да не се покусо од вас. Не можам никако да го сфатам овој ‘синдром’ на натпревар уз општ кафе муабет. Што сакаат овие луѓе уствари да им докажат на оние кои седат спроти нив на масата? Сериозно не сфаќам. Барем еднаш, за промена, мозокот употребете го наместо устата поголема од Hang Son Doong (ако не знаевте, тоа е најголемата пештера во светов).
Па зашто бе наидувам само на напети створења без осет, енергетски вампири И се мразам шо сум слаба и не знам да кажам „не!” и само психички се оптеретувам, а не ми прија ич на ментално здравје.
Уште во 5 саат сум станат. Не можам да спијам, зашто кретени во град Скопје не знаат да си ја вршат работата и јас имам притисоци, ај што не знаат да работат и не работат, не ги пуштат другите да работат. Ми се иде со бомба да ги разнесам сите шалтери во Македонија
На чоек шо е задоен само маани да наоѓа, не можеш да погодиш ништо. И не ми е јасно зошто е тоа така. Трпи човек додека може, после ко ќе му се запали жичката, ќе биде ама не беше таква досега, што и стана... Не ми е смешно веќе.. Стари, научете се дека вие вашето сте го одживеале веќе, ако сакам совет ќе побарам, ако не, седи си понастрана, не наоѓај маани оти ќе плачеш после!
Добро бе "другарке", зарем не ти беше жал, после два месеци да ми кажеш дека единствената работа што ти ја побарав, не си ја направила? Илјада услуги ти имам завршено, а ти не можеше на мене една, од која ми зависи иднината? Не очекував толку да си лицемерна и завидлива. И после се, пак ми бараш услуга? Не ми треба твојата токсичност во животот. Мрш!
Брачеда ми:еми како ќе се вработиш ако не се вмешаш во политика? Јас: . . . . Жал ми е за тебе брачедо ако мислиш дека сите треба да сме во партија и да имаме партиска книшка од некоја политичка партија.Мене ми се гади од политика...
Каква кретенка од другарка.. Секоја чест Падна во моите очи засекогаш, не ми се ни јавувај.. Не сум веќе тука за тебе