Љубезно те замолувам да не се нервираш и да не им се мислиш ако сакаш раскажи ми во порака што се случило, за се' има решение.
Секој ден се повеќе заболени од Корона и луѓе умираат насекаде во светов, они ќе оделе на work and travel. Да беа некои неписмени па ај ќе речев добро неуки се, ама тие академски граѓани! Е од таквите си патиме!
Нема нешто што повеќе ме нервира од луѓе што постојано доцнат. Толку ли е невозможно да се почитува туѓото време?
Неможам повеќе да издржам кога ќе сакаш не сака тоа... секој ден исполнет со нервози пролактинот нормално ќе се покачува... раат чоек да нема од ништо , секој ден муабети од типот ајде кога бебче одиш на болница и гледаат што испитуваш и одма зјапаат СТРАШНО да му е срам на човек се чуствувам неспособно мизерно никакво катастрофа до кога вака веќе ???????????
Ако немаш среќа во љубовта,ќе имаш во коцката и обратно. Е ебати Атлетико Мадрид ми ја зезна спортската,арно викав јас по мое да си пишам ама ме советуваа пиши ја вака за поќе пари... Ни во љубовта ни во коцката да ти мочам среќата моја
Абе да не беа семинарите,роднините отидени преку атлантико,огласите,некои културни наслови од театаро и киното,фејсбук ќе беше мртов за мене.... Секој ден се глупираат луѓето,абе не е се за на стори,внук ми вака не прај... Секое второ стори: Спојлер: Едно секојдневно стори на фејсбук
Све ќе искршам ! Ноември чоек иди си! Ти ја мразам датава! Те мразам цел! Те мразам од дното на душава! Прекини да ми будиш спомени! Све по список ја на тебе!
Кога ке видам за какви нелуѓе сум трошела време и нерви, ми доаѓа сама да си залепам шамар. Добро што барем се освестив, подобро подоцна отколку никогаш!
Касно е за нас и не се обидувај да ми се вратиш баш сега, кога веќе си го средив животот и ја најдов среќата без тебе. Збогум.
Никогаш не сум ги злоупотребил способности се до пред кратко. Пукна филмот. Се згрозив. И после пак ќе рече некој мизантроп сум бил. Фала на комплимент. Имајте осет. Да имам некоја моќ знам што би било. Затоа и ја немам. Чувајте се луѓе, не знаете на што ќе налетате до последен момент. Бидете свои и не покажувајте слабост. Дволичноста веќе не е во мода. Малку е да се каже дека и по 10 лица имаат некои.
Бре несалам. Зар јас акав по ладното од сабајле за да се нацртам тука, а они не се мрдаат и ко моржови дремаат дома? Ај фак ју ол, ќе барате нешто од мене ама тек тогаш по мое.
Зошто некои купуваат 10 производи за нега за лице, а за пола немаат поим како се користат и зошто?! И нели многу е тешко после да се прогугла, па мора тука некој да и објасни детално чекор по чекор.